Поддршка во врската

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Кога се зборува за квалитетна врска, меѓу работите кои постојано се споменуваат е и поддршката во врската, т.е кога партнерите меѓусебно се поддржуваат, па затоа решив да отворам тема каде би го продискутирале ова.

Пред се, што подразбирате вие под поддршка во врската? Дали е тоа кога партнерите постојано се охрабруваат и веруваат во партнерот?

Како вие ја изразувате вашата поддршка на партнерот? Дали му зборувате, охрабрувате, дали го поттикнувате егото на партнерот или пак сте од оние кои молкум даваат поддршка?

И она што сметам дека е главно прашање во оваа тема: Дали една врска може да опстои доколку изостанува поддршката од едната страна?

Дали можеме да збориме за рамноправност и среќна врска доколку едниот партнер постојано му зборува на другиот дека не може да успее, дека не го бива за ништо и слично?

Генерално, дали човек може да замижи и да премине преку фактот дека нема поддршка од другата страна и воедно да има успешна врска и да биде среќен или сепак без поддршка врската автоматски паѓа во вода?

И дали се смета за поддршка доколку во убавите и успешните моменти на партнерот му вика “Браво“, а во тешките моменти само паѓаат критики?
 
Поставуваш тешки прашања
Мислам дека во брак или долги врски жените ги „ диктираат “ условите.
Ако жената сака мажот да стане министер, или ако сака мажот да направи куќа или нешто друго таа ќе го подржува и тој ќе стане министер или ќе направи куќа или нешто друго. А ако не сака.....
„Ћуд је женска смијешна работа, не зна жена ко је какве вјере стотину ће промијенити вјера, само да учини оно што јој срце жуди" П.Петровић Његош.
 
Поддршката е од особено значење во една врска, меѓутоа се согласувам и со @Смрт за зони и пајак воз. најверојатно без разлика на љубовта и се, на крај сепак ќе го поддржиме партнерот единствено во рамките на нашите желби и очекувања, ни помалку ни повеќе. А, мислам дека истото важи и за спротивниот пол, но секако би сакала да го слушнам одговорот лично од нив.

Една врска би можела да опстои и без разлика на немањето поддршка од другата страна доколку врската е од некој друг карактер, но секако тоа не би била врска во која се чувствувате удобно и исполнето, а уште помалку е среќна врска. Среќната врска е тесно поврзана со довербата и поддршката и ако нешто недостасува врската не е комплетна.

Генерално, на прашањето дали човек може да замижи и да премине преку фактот дека нема поддршка од другата страна - (хипотетички) да речеме дека може, сепак мене повеќе ме интересира дали човек може да успее ако нема поддршка од партнерот како семејство или пак успехот е тесно поврзан со поддршката од саканиот?
 
Кога се зборува за квалитетна врска, меѓу работите кои постојано се споменуваат е и поддршката во врската, т.е кога партнерите меѓусебно се поддржуваат, па затоа решив да отворам тема каде би го продискутирале ова.

Пред се, што подразбирате вие под поддршка во врската? Дали е тоа кога партнерите постојано се охрабруваат и веруваат во партнерот?

Како вие ја изразувате вашата поддршка на партнерот? Дали му зборувате, охрабрувате, дали го поттикнувате егото на партнерот или пак сте од оние кои молкум даваат поддршка?

И она што сметам дека е главно прашање во оваа тема: Дали една врска може да опстои доколку изостанува поддршката од едната страна?

Дали можеме да збориме за рамноправност и среќна врска доколку едниот партнер постојано му зборува на другиот дека не може да успее, дека не го бива за ништо и слично?

Генерално, дали човек може да замижи и да премине преку фактот дека нема поддршка од другата страна и воедно да има успешна врска и да биде среќен или сепак без поддршка врската автоматски паѓа во вода?

И дали се смета за поддршка доколку во убавите и успешните моменти на партнерот му вика “Браво“, а во тешките моменти само паѓаат критики?
Па тука може многу што да напишам.Веднаш да одговорам на болдираното.Може.
Сега некои т.с.повеќето членови овде за врска ќе ја сматраат онаа сегашна-нивна:дечко и девојка (одење,забавување,мување)
или за врска ќе збориме за пертнери во брак,ако пак тие се во таква врска 30-40 години.дали е тоа и знак дека била квалитетна врската и дека партнерите имале подршка едни кон други во тек на тие години и покрај некои тешкотии.
Пак што правиме за партнери со врски со мал стаж кои пак немаат подршка-подобро ли е на време да се прекине таа врска.
На тие млади години,први во брачната врска сум немал некоја голема подршка,посебно во тоа што сум го работел. Жената (или жените),сакат тогаш да се направат нешто над мажот на пр. пред друштво ќе речат:„Јас можев доктор да земам“ . Примерот е од мојата врска,не мора да било секаде така. Но јас не сум никогаш рекол нешто слично на тоа како одговор. Молчев.
Но не сум чул да ми речат за ништо не те бива,затоа што и не сум дал прилика за тоа,сум знаел многу,мајстор не ми влегол дома.
А сум го рекол тоа во спротивна насока, кога не се знаеле основни работи кои дома не ги научиле т.с. била дете-мамина маза. И сега понекогаш знае жената да признае,„Па јас кога дојдов овде ништо не знаев“, а сега знае и да осука баница и завитка сарма. Ама јас си го работев тоа што сум го знаел и децата беа уште во градинка кога купив нов стан,а почнавме од лажица и вилушка. Потоа како одминуваа годините имав поголема подршка од жената,па дури и помош во тоа што го работев. Кога ќе се погодеше слободна,сама ќе речеше-„Да дојдам и јас,да не ти треба помош“, и сум ја носел со мене ми помагала, и на граница,и на пазар.
 
Премногу е лесно да НЕ се критикува, да се базира врската на вечерните вечера - секс излегувања (идеални сами по себе) и муабети како е топ тоа што го направил/а.

Тешкото е да учествувате во меѓусебните животи со парнерот преку дела и спротиставени дискусии.

Кога ќе настапат 40тите, 50тите години во животот (животните проблеми и внатрешната криза), љубовта (како физичко-емоционална ствар) е помината, останува другаството (рационалното), на двајца кои се почитуваат, подржуваат, споделуваат, разменуваат, дискутираат, се договараат.
Делува ладнокрвно, ама е топло, ако воопшто постои.
За жал, ако погледнете повозрасните како живеат, во повеќето случаи нема да најдете ни од ова другаствово.
 
Врската подразбира меѓусебно разбирање и почитување во основа. Доколку едниот од партнерите пробува да ја критикува секоја иницијатива на другиот партнер тогаш врската колку и да била силна ќе почне да се распаѓа.
Чудно е кога прстот е скогаш вперен кон едниот а никогаш кон другиот. Да се дијагностицира проблемот е полесно кога набљудуваш, што автоматски те става во категорија на посматрач кој само добро ја проанализирал ситуацијта и укажува на грешките (според него), но доколку укажувањето на грешките подразбира омаловажување на напорите на другиот, од типот „за ништо не те бидува“, „паразиту“ итн, тоа значи крај на врската во одреден стадиум. Се зависи од тоа со какви нерви - “ортоми“ располага другиот и до кога може да ја трпи таквата ситуација.

Ние како луѓе сакаме да добиеме признание, не овации, признание е доволно за нештата кои си пробал да ги направиш. Дури и неуспешните потфати треба да бидат признати заради излегувањето од комфорот, што колку и да негираме, е и те како тешко.

Тоа во основа не става на рамниште каде заклучокот се сведува на тоа дека секој обид за промена на состојбите е реален потфат кој бара и црпи енергија од личноста, без разлика на исходите - напорот неможе да биде игнориран. Критиките се добри, но пред да се впери прстот треба да се размисли и за решенијата и да се понудат во паковање кои американците го кажуваат како позитивна мотивација, позитивна психологија.
Укажете на грешките, признајте го напорот на другиот, понудете решение/став/мислење.
 
Поставуваш тешки прашања
Мислам дека во брак или долги врски жените ги „ диктираат “ условите.
Ако жената сака мажот да стане министер, или ако сака мажот да направи куќа или нешто друго таа ќе го подржува и тој ќе стане министер или ќе направи куќа или нешто друго. А ако не сака.....
„Ћуд је женска смијешна работа, не зна жена ко је какве вјере стотину ће промијенити вјера, само да учини оно што јој срце жуди" П.Петровић Његош.
На темава ... "Идејата може да ти го измени животот, а жената може да ти ја измени идејата".
 
На темава ... "Идејата може да ти го измени животот, а жената може да ти ја измени идејата".

Исто така може да ти ја измени и таблицата, не секогаш 2+2 = 4
 
Светот тргна на удолу од ко жените почнаа да се прашуваат за битни работи. Загадување, климатски промени, астероиди, стрес, комунизам и шо се не секој ден ни се заканува од пред век, векипол од ко се испуштија од раце жените.
Современ брак со подршка се познава по неиспеглана кошула на мажот, децата неваспитани, дворот несметен а за ручек макарони и конзерва туна. То е ради меѓусебни подршки, “ја ќе те подржам мажу да скиташ по кафани ти ќе ме подржиш да се излежавам дома или пијам по цел ден кафиња со комшивки“
Затоа и врски од љубов се недомаќински. Што е то љубов? постои ли негде да се види, измери, испита хемиски и молекуларен состав?? нема. То е нешо шо не постои, и кој како сака може да си ја злоупотребува. “Ти не ме сакаш“ - ќе рече таа со насолзени очички, и тој ќе се осети виновен за нејзините мани и пропусти.
Друго е на пример кога се прај заедница од некој опиплив интерес, од нешто шо може да му се дадне материјална вредност. Пример стари добри времиња, кога жени се купуваа. Или ако нејзините имаат н а пример ниви над пато, ти имаш покрај река и со една таква заедница ќе дојде до окрупнување на имот, поволности во земјоделие, домаќинлук..... Може да се стави аирот од таква заедница на кантар и се измери и во пари и во килограми и во литри.
Се помалце денес има такви заедници, се е базирано на “муцулцуленце мое најслатко“... “лелеее ми те сакам најнајнајнајнајнајјјпренајмногу“ и се кикотат цел ден. А порано ќе дојдеше домаќино од пазар тоарен коњо, то шеќер, масло, газија, сол, кафе... а жената благодарна и понизна го чека покрај маса на која чади супа, тави со меса, салати и ракии.... домот светнат, алиштата испрани, дворот суреден, миљето сплетено.... Секој својата должност направена без молења подржвања и филозофирања
 
Никаде не ја гледам поддршката во зборови и охрабрувања, празно млатење слама...
Ако мојот партнер сака да се проба во некои води и притоа заврши со неуспех, јас би била тука за него исто како што би била и кога би бил успешен. Без претходни билдања, пофалби, поттикнувања или критики при неуспех. Негов живот-негови желби и потреби, негови подеми, негови паѓања-негови лекции и искуства. Јас сум тука да заедно ги доживееме и надминеме, да му помогнам низ процесот со тоа што секогаш ќе бидам тука без оглед на крајниот исход.
Вака би требало да биде ко демек...

А иначе, првенствено размислувам за себе. Што сакам јас до мене, што мене ми одговара да прави, што добивам и губам јас со неговата желба и спрема некоја моја скала на можности му ја мерам можноста на успех или неуспех. Не се карам, не критикувам, не вреѓам ни потценувам, само знам да му набилдам его и да му измислам и нови особини и можности за да му ја свртам посветеноста кон други идеи и желби во кои ќе се посвети како кон свои. Себично, но искрено.
И тоа се случува кога се бараат поддршки и поттици од другата страна.

И вистина не верувам дека има некој што ако биде замолен за мислење, безрезевно ќе даде поддршка некому прикривајќи си ги сомнежите и незадоволствата, само затоа што сака совршена врска исполнета со взаемни поддршки, верувања, поттикнувања и ракоплескања. И да се откаже од прекрасното чувство после онаа фамозна реченица: Ти реков дека вака ќе биде :icon_lol:
 
Во секоја врска тежок е делот - „Јас ти укажувам на грешките (изнесувам сопствен став, решение, па дури и критика), а ти сметаш дека со тоа, јас не те поддржувам.
Доколку се изгланца овој дел ќе се измазнат и другите работи без кавги.
 
bez poddrska vrska bez vrska....na so ke bide svedena taa vrska raskazuvanje sudbinata na fatmadjul ?
 
Генерално, на прашањето дали човек може да замижи и да премине преку фактот дека нема поддршка од другата страна - (хипотетички) да речеме дека може, сепак мене повеќе ме интересира дали човек може да успее ако нема поддршка од партнерот како семејство или пак успехот е тесно поврзан со поддршката од саканиот?

Секако дека не. Успехот зависи од самата личност и од работната околина во која е поставена играта. Поддршката од партнерот е битна само во смисла на мотивација и истрајност. И да го поддржуваш некој ако не го бива се е џабе. Од секое дрво шупелка не бидува како велат старите:)

Мене ме интересира, дали воопшто постои здрава врска во која едниот од партнерите е постојано на мета на критика? Па зарем тоа не е мазохистично однесување? Каква е таа врска во која едниот е цело време на одстрел, а другиот судија?

Критика мора да постои, тоа е здраво за секоја личност. Доблест е да знаеш да прифатиш критика. Али во тешки ситуации, во неуспех, во болка и очај, треба некој да е свесен дека на критиката не и е место тогаш. Најлесно се препознава каков е партнерот, па и во глобала секој човечки однос кога ти е тешко, за кога ти е лесно сите на маса ќе дојдат во тоа нема сомнеж.
 
Една врска неможе да успее без поддршка. Под „успее“ ако се подразбира да останат заедно засекогаш :) Некое време веројатно ќе може едниот кој нема поддршка да успее да прогледа низ прсти и да го игнорира партнерот затоа што амбицијата ќе биде поголема, но неможе тоа да трае вечно. Едноставно заморно е. А да не навлагаме во омаловажувањата... Нема среќа тука. Ова е мое мислење, ама ми се има потврдено со пример. Жената почна да работи на едно место и мажот и` не ја поддржуваше... Не ја сметаше нејзината работа за работа.... И се разведоа после неколку години. Девојката си е уште таму и си ја сака работата и супер и оди.

Не ми е јасно зашто луѓе не би давале поддршка. Да, имаат заеднички живот ако се во брак, но сепак секој треба да го работи тоа што сака. Ако едниот партнер е среќен зашто пример има работа која ја сака, нема другиот партнер да биде среќен за тоа? И не само за работа, за било што. Се` додека тоа не ја оштетува другата личност, или не ја уништува врската, незнам зашто некој би имал проблем. Освен ако пример едниот од нив сака да биде секогаш „подобриот“ и „поуспешниот“ за сите на него да му завидуваат.

Меѓутоа, има некои луѓе што ако покажеш загриженост или кажеш нешто што не сакаат да го слушнат, одма мислат дека не ги поддржуваш. Со тие искрено незнам како. Фала богу, не сум имала такви искуства. Мора да е напорно да пробуваш да се објаснуваш секогаш дека не е тоа така.

Иначе под поддршка јас подразбирам некој да е таму за тебе без разлика што и да одбереш и без разлика што и да произлезе од тоа. Ако заврши успешно, супер, да биде среќен за тебе, ако не заврши успешно, да те утеши дека не е крај на свет. Или ако си несигурен да те поттикне малку за да не се повлечеш од страв или сл. Тоа го правам и тоа го очекувам. Не мислам дека поддршка е билдање на его, кажување дека е најдобар/најдобра и сл. И секако, треба да бидеме реални. Поддршката е супер, ама ако јас речам „Еј, сакам да летам“, нормално дека не треба партнерот да ми каже „Супер, те поддржувам, you can do this“.
 
ве читам и ОК сте ми повеќето, скоро сите кажавте она што треба. али мене ми падна на памет една ситуација која ја имам дискутирано надвор од форумов.
имено, се работи за следнава работа, партнери (драган и драгана), дали венчани или не, не е важно, важно е дека се долго време заедно и сл.
имаат заеднички пријатели, си ги познаваат колегите од работа, теретана и сл. и сега, еве да кажеме машкото иде во теретана, а таму има некој (ристо) со кого повремено се идело на кафе после вежбање. на тие кафиња присуствувала и девојката/жената (драгана). но, по некое време драган се скарал со ристо. и сега дури драган ја напушта таа теретана и иде да вежба во друга. НЕ сака да го види ристо. ни го отпоздравува на улица или сл. значи КРАЈ!!!
е сега, дали драгана треба да продолжи да го поздравува ристо на улица кога ќе се видат, или НЕ? дали треба да го поддржи својот пратнер безразлика што во овој случај она нема караница со ристо?
 
Back
На врв Bottom