[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Ова не е хумано да ги гледаш сликиве кога си гладен...алал ви вера :)
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.788
Мислам дека мој е редот, да пишам тема. Додека не сум изумила. :oops:
Пред сè, да ги повторам изминатите теми, за да не дојде до збунки:
Потпечени макарони
Домашен бурек
Медено срце
Тавче - гравче
Селско месо
Солени мафини
Полнети тиквици
Тава ориз со пилешко
Летен пинџур
Пилешки прсти
Мусака од модар патлиџан
Палачинки
Мрзлива баница
Лазањи со бешамел сос
Пица со готово тесто/стар леб
Нудли со морски плодови
Кајгана
Фахита
Полнети компири
Плескавици од тиквички
Домашна пилешка супа
Домашни јуфки
Ролат со ајвар
Чоколано/лимон СУФЛЕ
Полнети пиперки
Шпагети Карбонара
Цезар Салата
Ладен сендвич
Јајца на око
Новогодишна трпеза
Зелник
Пастрмајлија
Чоколадни шишарки
Крофни
Помфрит
Потпечени лепчиња
Прекрасна марула
Макарони салата
Похована даска
Топено сирење
Проја
И наредната тема е... Бомбици!
Од една страна, сакав да смениме малку, да направиме нешто благо, доста беше од солени работи. А од друга страна, сметам дека бомбиците се едноставни за приготвување. Нема конкретна рецепта, само да пишете на чичко Гугл, ќе ви излезат милијарда рецепти за бомбици. За мене, сепак најинтересно ми е да експериментирам, сама да си измислувам рецепти. Бидејќи бомбиците не можат да бидат утнати. Можете да си ставите што ви душа сака, што имате во фрижидер... ореви, желе, бисквити, еурокрем, банани, урми, мед, овесни снегулки, кикирики, путер, слатка павлака, густин, чоколадо, сок од портокал, рум, какао (oд сиве овие работи, обично само маргарин има кај мене во фрижидер) Нејсе... едноставно ги замесувате и правите топчиња, наросени со кокос, мрвици, што ви душа сака...
Добро, сега јас „малку“ претерав, но мислам дека ме сфативте.
Во спојлерот има слики од бомбици. Па и нема потреба да го отворите...

Пријатно и со среќа. :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Еве ви еден предлог од мене, првпат ја правев оваа торта вчера. (Првпат правев торта додуша. Океј, првпат самостојно готвев било што.) Зборот ми е, рецептот е премногу лесен и од смесата може да се направат бомбици наместо торта. Може да ви се најде за натпреваров :) Премногу е вкусно :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Еве ги моите бомбици, но не се правени стандарниот рецепт за бомбици туку се правени по мој рецепт...... бисквити, млеко, какао, шеќер, парченца суво грозје и суво манго, кокос... сето тоа така измешано и ставено со помош на лашиче и секако рака во една тепсија, па во фрижидер топчињата да стегнат.
:)

1.jpg

2.jpg
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Искрено ја ова никад не би го пробал.
Чим на изглед ми изгледа грдо нема шанси да го пробам.
Распаднати бомбци ти се ова ?
Ниту се распаднати, ниту се народно кажано шлаканици.... фино напоменав дека ги имам формирано со помош на лажиче, а сепак имаат елипсовидна форма, а па да пробаше колку беа вкусни... мх мх мх.... прсти да излижеш .... немаше ова да го кажеш:)
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
@cige као да ми фали нешто на сликава :confused:
За мотивација на домакинкиве...
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Бомбици со мак и овесни снегулки
Потребни состојки: 100гр мелен мак,100мл топла вода, 50гр мед, 20гр путер, 1лажица какао, 100гр овесни снегулки.
Приготвување: Мелениот мак се става во сад на оган и се прелива со водата. Тоа се загрева на средна температура додека водаата не испари. Потоа се трга од оган и се додава путерот, се меша додека не се раастопи а потоа се додаваат медот, какаото и овесните снегулки (јас и нив ги мелев). Кога ќе се олади смесата се прават топчиња и се валкаат по желба кој во што сака. Јас едните ги посипав малку со цимет а другите ги валкав во оние четирите семиња што се (лен, сусам, сончоглед и тиква). Инаку вкусни се :)

IMG_1870.JPG IMG_1873.JPG
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom