Денеска полнам 95 години! И понатаму сум жив, здрав, витален и останувам најстар активен фудбалски клуб во Република Македонија! Жал ми е за големата армија на моите навивачи, кои се разочарани што во моментов не се наоѓам на местото на кое заслужувам да бидам, но се надевам дека 100 роденден ќе го одбележам како член на првата лига, таму каде што ми е местото. Нека ми се живи, здрави и весели оние стотина деца, пионери кои тренираат во мизерни услови, ама со гордост го носат мојот грб! Некој се гордее со мене (градот Тетово и државата), а никој од нив не ми помага да се издигнам од дното на кое се наоѓам! Дури ме турнаа на дното, со исклучување од тековното натпреварување во Трета лига-Запад. Нека им служи на чест!
На есен мојата сениорска екипа почнува со натпреварување од почеток, од ОФЛ Тетово. Се надевам само една година...
Oд фејсбук профилот на
ФК Љуботен Тетово