Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа се вика лежерност од „тврди уши“.
називот не е битен, пример, кога во време на исус не знаеа првите христијани ни кај е аустралија, америка, кина, европа, канада, ... сега таму имаат милиони во пари и недвижнини.
Исус и апостолите одеа боси низ беспатијата на јудеја а денес игумено не можел да се качи до манастирот без климатизиран џип со кожни седишта... то е напредок и успешна фирма
 
Затоа ли си атеист?!
 
jaс сум роден како атеист, природно и нормално
 
Атеист „оптеретен“ со црква, очигледно не си задоволен од атеизмот.
ма јок можам да дискутирам и за фотографија и за историја и за оружја и за мотори и за блуз и рок музика..... ти шо се деси тука на религија па ти се чини дека цел свет се врти околу тоа
 
Дискутирај де, не се оптеретувај и фали.
 
Што претставуваат Магите и каква била нивната улога??? Спомнати се во евангелието според Матеј.
 
не се плаши бе
Обратно ќе да е, БУ!
56272.jpg
18436.jpg
 
Што претставуваат Магите и каква била нивната улога??? Спомнати се во евангелието според Матеј.
интересна прикаска каде се мешаат магии, астрологии, престолонаследници. Нивно потекло улога судбина не е позната само еднаш се споменуваат во евангелијата (не во сите) но раното христијанство е полно со легенди за нив во различни прикаски ги има различно по број, од 2 - 20, и со различни згоди и незгоди. Се вели дека нивните тела се погребани во Келнската катедрала
 
Што претставуваат Магите и каква била нивната улога??? Спомнати се во евангелието според Матеј.
Тие биле најучените луѓе во тоа време кои се поклониле на Создателот, символично укажуваат, поучуваат дека треба, наместо на интелектот да се надеваме на Љубовта.
Се смета дека се дојдени од Вавилон, Персија, затоа во црквените песни ги нарекуваат Персиски мудреци.
Познати се како: Валтазар(младо момче), Гаспар( средовечен) и Мелихор(старец) т.е. преставници од сите возрасти.
 
кај пиши како се викале?
кај пиши на која возраст биле?
 
Тие биле најучените луѓе во тоа време кои се поклониле на Создателот, символично укажуваат, поучуваат дека треба, наместо на интелектот да се надеваме на Љубовта.
Се смета дека се дојдени од Вавилон, Персија, затоа во црквените песни ги нарекуваат Персиски мудреци.
Познати се како: Валтазар(младо момче), Гаспар( средовечен) и Мелихор(старец) т.е. преставници од сите возрасти.
Е сега дали биле волшебници или биле мудреци? Зборот magoi значи волшебник, но ако симболиката на вештерството е “капата на мудроста“ (земена од паганството), ние можеме да ги сметаме или да мислиме дека биле мудреци!
 
Ако Црквата вели дека биле мудреци, тоа значи дека биле мудреци, поточно, образовани/учени астрономи, кои гледајќи го небото, ја забележале ѕвездата-водилка (ангелот Божји) од исток, која се движела „поинаку„ од другите ѕвезди. Да биле магови/магионичари, не би ни пришле кон Христа ни оддалеку.

Не случајно токму тие доѓаат на поклонение на Христовото раѓање, доаѓајќи од далечна земја, со што симболично го покажуваат „подолгиот„ пат до Бога, а тоа е потпирањето на својот ум и на овосветовното знаење, за разлика од неуките и простодушни пастири, кои први беа повикани кон Христа Младенецот и кои кон Бога пристапија по „пократкиот„ пат, лоцирани блиску до витлеемската пештера, односно патот на послушноста (кон ангелот кој ги покани), простодушноста и недовербата во самите себе.
 
Последно уредено:

Во ред. Но моето прашање најмногу се базираше на симболиката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom