Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

брат искрено не збори глупости, ако се сите боље од овие што ги наброја нема да играат у резервна лига туку по секоја цена ке ги форсираат у прв тим, како што е случајот со јанузај кој е помал од 2-3 од овие што ги наброја ама шипото вреди... така да...

верувам дека имаат капацитет и потенцијал голем, ама искуство немаат никакво... треба да им се даде шанса ама отом потом...

Клеверли и велбек додека заиграа за прв тим, колку сезони на позајмица беа Клевз и јогуртот? по 2 сезони сигурно... така да..

Ете петручи го пратиле..

полекате малце, многу брзате со работиве
Еве и да зборам глупости , а не се , кажи ми си го видел мојс ти на натпревар на у21 или 18?Му дал шанса не некој млад играч до сега (освен Аднан)? Џеси лош беше на турнеата? ....... Работата е шо мојс нема муда сеа одкога е изгубена сезоната да им дава шанси на малите ,тоа е проблемот.
 
Еве и да зборам глупости , а не се , кажи ми си го видел мојс ти на натпревар на у21 или 18?Му дал шанса не некој млад играч до сега (освен Аднан)? Џеси лош беше на турнеата? ....... Работата е шо мојс нема муда сеа одкога е изгубена сезоната да им дава шанси на малите ,тоа е проблемот.

За да еден тим колку-толку се покаже против Баерн, треба да се воигрува на некој начин, макар и на утакмиците што не и преостануваат во лигата, секако од секаде испаднавме.

Доста со тие децата, со деца не се срка маштеница.
 
Добро ти пратиш шо се дешава со тимот или само безвеза нешто да се зборува? Еванс е повреден, Видиќ беше казнет, Смолинг исто е повреден а верувам и казнет за испадите кои ги направи со ношните излегувања! Кој да го стави?! Баба ми?! Младинците да ги ставел бе! :pos: Оф мори мајко во утакмица со Сити деби да му дадеш баш на некој кпиљ и тоа од одбрана :tapp: Па ќе ги наполни гаќите бе при приот допир на топката на Џеко. Ама се гледа колку се разбираш, или пак евентуално не сакаш да признаеш некои работи. Трето нема.
колку играчи имале деби како копиљаци и колку од нив имале голем импакт над тимот ( ПРИМЕР МАКЕДА КАДЕ СО 1 ПОТЕГ ДОНЕСЕ ТИТУЛА ) ... но арно си размислуваш исто како мојс да не речам , боље со инвалид него со некое дете , и онака се бориме за премиер лига како втори на табела, у спат да не биде потоп пошто нели 3-0 НЕ Е !!!
Кога ќе почне да прави Мојс нешто со тимот, да внесе некоја новина тогаш ќе има доверба од сите но он тоа што го прикажува е мизерија и цела сезона ИСТО ... дали 3-0 или 10-0 сеедно но подобро нешто да се проба макар и грешно да е отколку да не се пробува НИШТО !!!! Затоа мојс трпи критики, исто па исто 4/4/2 измена 78 минута исти играчи иста тактика ... селски буквар не му е рамен сезоанва сите можни менаџери го прочитаа уште пред да почне натпреварот !!!
 
Последно уредено:
Еве и да зборам глупости , а не се , кажи ми си го видел мојс ти на натпревар на у21 или 18?Му дал шанса не некој млад играч до сега (освен Аднан)? Џеси лош беше на турнеата? ....... Работата е шо мојс нема муда сеа одкога е изгубена сезоната да им дава шанси на малите ,тоа е проблемот.
Он незнае главата кај му е, првиот тим да го оправи а не ке дава шанси на младинци...
последен пат коа играа младинци се виде со челзи што направија у купот Вутон и компанија
 
народно кажано мојс е ‘‘пичкаУдуша‘‘
Петручи ако не успее оваа година/турнеа да се вметне во тимот гаран ке си иде, пошо 22-3години има
Уште ланска година Ферги требаше да го пушта да игра по некоја утакмица при водство од 2+, сеа ако не се зацврстат за на 25 да се во топ форма на кариерата тогаш кога?
Еванс на 20 години Ибра го стаи во џеб. Зашто да не му се дадеше шанса на некој од по младите...и онака ништо немаше што да се изгуби, за утакмицата уште од старт се знаеше дека ќе го јадеме, само колку гола разлика беше дилемата.
Да се надоврзам на муабетов, ако се сеќаваш Рафаел на Роналдињо против Милан, кога ги демолираа 4-0, Роналдињо еднаш не помина и го натера да се врати во Бразил. :pos:
Ме потсети сеа, ако некој може да ги најде двете утакмици од таа година против Милан да ми прати во ПП. :)
 
@Red Man друже, го почитувам твоето мислење, ама има некои работи што викаш не треба да ги правиме а ти ги правиш.

Викаш да престаниме да го споредуваме со Фергусон а ти самиот го споредуваш. Викаш да му дадеме време како што сме му дале на Фергусон. Тоа е споредба самото по себе. На Фергусон не му беше дадено време туку-така. Тој се имаше покажано предходно и дојде во Јунајтед како победник - од тим кој во 5 години освои се што можеше да се освои, во тим кој се бореше за опстанок. И после една година заврши во топ 3, значи веднаш се виделе резултати.

Што се има покажано Мојс да му верувам (не оти тогаш јас му верував на фергусон - во пелени бев) толку или повеќе? Кој и да беше тренер сигурен сум 7-мо место можеше да заврши со овој состав што го имаме. Не е никакво подобрување ова, само уназадување. Знаеше од Мај дека ќе биде менаџер и не скрои никаква стратегија ни за трансфер период ни за играта. Само едно панично купување на Фелаини кое го преплати. Ги знаеше годините на сите, имаше време да види кој до каде е. И за ова виновни да не се играчите?

Можам да ти дадам уште 5+ примери каде згреши оваа сезона. Но веќе ги имам пишано, ако има потреба, кажи ќе ги пишам пак. Најголем дел од грешките на менаџерот не се во текот од утакмицата, таму повеќе постојат грешките на играчите (за што си во право) ама подготовките, изборот на играчи за натпревар, формација т.е. стратегијата... друже за тоа играчите не ти се криви. Ако требаат примери ќе пишам пак, не е проблем.

Јас како фан ја изгубив довербата во Мојс, ама тоа не значи дека треба да преминам да навивам за друг тим (или било кој од форумов што дал пример за други тимови), затоа што не можам (дури и да сакам). Исто така не значи дека нема да се надевам дека ќе се подобри ситуацијата. Дали со него или без него, сеедно ми е, зошто навивам за Јунајтед а не за Мојс.
 
Фановите збираат пари за да пролета авион над олд трафорд со банер во сабота за време на утакмицата со вила
Bjv7OlJCMAAkH_c.jpg
 
За греота колешката на @goodlife_filipsis од нервози за вчерашната катастрофа и побелела косата Прегледај го приврзокот 87964

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
Обожавам плави али природни. :)

Терминот „Man U“ и колку тој е навистина навредлив?


Сакаме да не бидеме клуб ко сите останати а по 26 години го сменивме менаџерот и бараме сега да бидеме како нив... Не бидете пацери ко овие со авионов, тие кутрите во живот немаат менаџирано ни тим на Football Manager сега се прават паметни.
 
Има теза поставено дека тие што се грди ко мали се убави после.Овој секако е неубав , да не го навредам.Среќа што фудбалот нема врска со убавина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom