Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Сето глупости се ова дека играчите го неќат Мојс и дека не веруваат во неговите способности итн, итн...
Се гледа дека сакаат да успеат ама знаете и вие каква среќа имаме цела сезона. Со Ливерпул да не беше напуцаната топка во раката на Рафаел никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Со Сити да не беше фушарскиот гол во 30 секунда никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Едно знаеме сите дека на тимот му е нарушена самодовербата после неколкуте несреќни порази, и затоа кога и да прими прв гол нема самодоверба да се врати во мечот. Сето тоа надополнето со истрошеноста на Евра, Рио, Видиќ, Керик, и неумешноста на Рафаел, Јанг, Клеверли, Чичарито, како и лошата форма на РВП, Валенсија, Руни, Јанузај, Нани,Фелаини, а притоа играјќи ги Кагава и Мата на неприродни позиции за да ги надополнат претходниве ... едноставно толку заслужи тимот.

Еве уште малце ќе се осврнам на утакмицата со Сити. Значи гол примен во 30сек(пак ќе кажам голот за мене беше со голема доза на среќа) едноставно е преголем шок за еден ваков Јунајтед каков што гледаме сезонава. После тоа се беше јалово без самодоверба. При крајот на првото полуврме дури и направија солиден притисок каде 10-15 минути имавме посед на топка > 70%. Притоа во тој период следуваа шансите на Мата, Руни итн. Второто полувреме, колку и да се договарале на паузата што и како во продолжение, едноставно падна во вода се по грешката ан Рио кога го остави сам Џеко. Крај. Тука веќе Јунајтед во најдобри времиња тешко дека ќе се вратеше во игра.

И уште нешто за крај сакам да додадам. Заприметив на последниве утакмици дека средниот ред(бил кој освен Флечер, ама човеков има 2 утакмици изиграно се на се) не прави никаков притисок кога топката ја има противничкиот тим . Посебно Керик. Значи човеков буквално му се пули на противников кој е на две метра од него со топка во нозе и чека да мрни тој за и овој да мрдни. Наместо да му појди директно да му изврши пресинг. Нека запримети некој како тоа го прават Јаја и Фернандињо и ќе ви стани јасно зошто толку голови примаме и зошто немаме посед на топка. Едноставно тука ни требаат двајца(тројца) квалитетни играчи, и крај. Од тука започнува одбраната. А без одбрана нема резултати. Џабе ти се Руни и РВП напред ако притоа си примил 2 гола од гореопишаниве причини, едноставно после немаат самодоверба да нападнат јако како што треба.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Сето глупости се ова дека играчите го неќат Мојс и дека не веруваат во неговите способности итн, итн...
Се гледа дека сакаат да успеат ама знаете и вие каква среќа имаме цела сезона. Со Ливерпул да не беше напуцаната топка во раката на Рафаел никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Со Сити да не беше фушарскиот гол во 30 секунда никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Едно знаеме сите дека на тимот му е нарушена самодовербата после неколкуте несреќни порази, и затоа кога и да прими прв гол нема самодоверба да се врати во мечот. Сето тоа надополнето со истрошеноста на Евра, Рио, Видиќ, Керик, и неумешноста на Рафаел, Јанг, Клеверли, Чичарито, како и лошата форма на РВП, Валенсија, Руни, Јанузај, Нани,Фелаини, а притоа играјќи ги Кагава и Мата на неприродни позиции за да ги надополнат претходниве ... едноставно толку заслужи тимот.

Еве уште малце ќе се осврнам на утакмицата со Сити. Значи гол примен во 30сек(пак ќе кажам голот за мене беше со голема доза на среќа) едноставно е преголем шок за еден ваков Јунајтед каков што гледаме сезонава. После тоа се беше јалово без самодоверба. При крајот на првото полуврме дури и направија солиден притисок каде 10-15 минути имавме посед на топка > 70%. Притоа во тој период следуваа шансите на Мата, Руни итн. Второто полувреме, колку и да се договарале на паузата што и како во продолжение, едноставно падна во вода се по грешката ан Рио кога го остави сам Џеко. Крај. Тука веќе Јунајтед во најдобри времиња тешко дека ќе се вратеше во игра.
Aбе брат, синоќа пишуваше за среќа, ај викам денес да не ти помина. :D
Нема среќа, баш како што викаш е преголем шок за ваков Јунајтед. Пелегрини нели го знае ова? Туре, Силва, Џеко? Ако не беше тој гол 90 минути ќе ни шутираа од секаде, од центар немаше да поминеме.
Какви 70 % посед сме имале, лесно е на 0-1 да му ја пуштиш топката на противникот кој и онака е немоќен и да чекаш сам да се победи. Малку фалеше уште во прво полувреме по лошото избивање на Де Геа, ама подоцна му одбрани на Џеко.
Со тој тим и Мојс на клупа што се вика и 10 утакмици да играат 9 ќе изгубат, може и 10. И нема да шутнат на гол не што ќе изгубат.

Среќа е еднаш да речеме. Ама и со Ливерпул ете било среќа. Рафаел има неколку киксови направено од црвениот со Рибери да не набројувам. Чиста невнимателност.
 
И според тебе кое е решението за проблемиве?(Кратко јасно со една реченица само)
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
И според тебе кое е решението за проблемиве?(Кратко јасно со една реченица само)
Ако се посрамоти Мојс уште еднаш до крајот на сезоната со убедлив пораз па макар бил и од Баерн нека лета. Не дека малку се посрамоти досега. Нема многу филозофии.
Ама среќа/несреќа не е во никој случај.

Ама пак тешко да го шутнат без разлика што ја мислам. Ќе му купат играчи какви сака и ако тогаш го покажуваат истово на терен ќе лета.
 
Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Ако се посрамоти Мојс уште еднаш до крајот на сезоната со убедлив пораз па макар бил и од Баерн нека лета. Не дека малку се посрамоти досега. Нема многу филозофии.
Ама среќа/несреќа не е во никој случај.

Ама пак тешко да го шутнат без разлика што ја мислам. Ќе му купат играчи какви сака и ако тогаш го покажуваат истово на терен ќе лета.
Јас велам дај нека се случи ова па тогаш ако не се подобри ситуацијава нека лета и очи нека вади. И така и ќе биде со сигурност. Нема да го избркаат, барем не во 2014 и покрај тоа што сите плукаат(ме) во моментов по него. Само да не биде после(откако ќе направи свој тим) дека навистина го бива човекот, да направи резултати, а сите вие шо го бркате на клоци и плукате со сите оружја по него уште сега, да ви биде срам како фанови на Јунајтед што сте го погазиле советот на нашата легенда, а тоа е да се застане зад новиот менаџер.
Никој нема ни малце трпение за ситуацијава. Зарем не гледате дека тројца од стандардната четворка во одбраната на крајот на сезонава заминуваат? Дека пола од составот е потрошен? Јас ќе почекам, како што чекав 3 години(од 2003-2006) кога САФ го составуваше тимот што во 2008г освои ЛШ и притоа освои неколку пати ПЛ со ред и играше 3 финалиња во 4 години во ЛШ...
Е арно ама му помина времето и на тој тим, сега пак сме во транзиција и пак треба време. Само разликата од тогаш и сега е што сега ги имаш Сити, Тотенхем, Челзи, Ливерпул, Арсенал, Евертон, кои се сите јаки екипи, а тогаш ги имавме Арсенал, Челзи и Ливерпул( нели големата четворка). Ама сега таа четворка стана седумка и така Јунајтед не е на трето туку на седмо место. А ситуацијата во која е клубот е потполно иста од таа во 2003 само што сега седмо место не не води во ЛШ и притисокот е уште поголем.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom