Предизборна кампања 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата ^^GoRiLLaZ^^
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е тоа, ти поубаво објасни од мене. Чоекот е пингвин збунет. Ама глеј, претседател кај нас значи и да те нема баш, зашто нема некоја функција освен парадна. Сите знаат кој е канцелар на Германија ама никој не знае кој е претседател на Германија. Исто и со премиерот на Франција, претседателот на Италија и слично , каде што функциите се различни. Така да, да беше премиер и да правеше вакви гафови, ќе беше ептен пострашно, бидејќи има некаква функција.

Не се слагам дека гафот на премиерот би бил поголем од овие на Хорхе. Воопшто не е ни битна тежината на функцијата. Сепак он Претседател, било тоа да е во парламентарна или претседателска демократија. Без разлика на дијапазонот на неговите ингеренции он треба да биде преставителен човек, комуникативен, снаодлив.

Баш во систем како нашиов според мене тие карактеристики треба да бидат повпечатливи. Затоа што во систем како нашиов, негова задача е речиси единствено тоа, претставување на државата во надворешната политика. Да сме САД, па да го простиме тоа на сметка на реформи во здравството, сообраќајот, образованието - океј. Ама тука претседателот нема никаква врска со изградени патишта, школи и сали.

Во систем како нашиот, претседателот треба да го паметиме по неговото медијаторство, снаодливост во конфликти (кое за среќа го немаме моментално), успеси во надоврешната политика итн. Или народски кажано, треба да го паметиме по муда. Покојниот Борис Трајковски во политичката фела го паметат по тоа што организираше самит на кој за првпат по конфликтите имаше преставник од сите држави на расцепканиот Балкан. Хорхе го паметат по тоа што му пропадна самитот, му откажаа учество во 5 до 12.

Тоа што моментално кај нас и тие ингеренции му се сведени на минимум, е сосема друга приказна и јас и ти ја знаеме, веќе премногу навлегов во сериозна политика.

Но тежината на гафот, како гаф не му се смалува заради тоа што е претседател во не-претседателски систем. Еден Амди Бајрам, човек без образование трпи сеир, оти не и професор. Иако пак ќе речам, ја би „трпел“ и секојдневни вакви гафови, доколку во средбите со меѓународните претставници е сосема спротивното, но еве ништо не ми укажа досега дека е така.
 
Мене посмешно ми е што рече дека бидејќи Ширак претходно бил градоначалник бил подобар претседател. Добар новинар веднаш ќе му го плесне конкурентот од опозицијата кој е градоначалник на Струмица и ќе се отвори дебата во која се губат поени и поради вакви изјави се губат избори. Ама тоа во други држави каде што сојата не е најголем проблем.
 
Добар новинар веднаш ќе му го плесне конкурентот од опозицијата кој е градоначалник на Струмица и ќе се отвори дебата во која се губат поени и поради вакви изјави се губат избори.
Пендаровски е градоначалник на Струмица? :cautious:
 
Пендаровски е градоначалник на Струмица? :cautious:

Мислев на Заев но поентата во постот ми е „новинаров“ кој не знае како да го води разговорот и да ги искористи гафовите.
 
Мислев на Заев но поентата во постот ми е „новинаров“ кој не знае како да го води разговорот и да ги искористи гафовите.
Јанко не е новинар, туку радио и токшоу водител. И користењето на гафовите не е задача на Јанко, туку на опозицијата. Јанко им заврши огромна, огромна работа. Сега се зависи од нивниот капацитет да поентираат.
 
Последно уредено:
Јанко не е новинар, туку радио и толкшоу водител. И користењето на гафовите не е задача на Јанко, туку на опозицијата. Јанко им заврши огромна, огромна работа. Сега се зависи од нивниот капацитет да поентираат.
Како ќе поентираш кога и работата со Ивона се заборави...
Муабетот ми е дека што и да каже/направи Хорхе нема толку да се актуелизира зошто вмро имаат моќна медиумска машинерија.
 
Последно уредено:
Глејте, Иванов убаво знае кој бил претседател на Франција и на Америка, веројатно сите ги знае по редослед и од кога до кога биле претседатели.
Фората е што Иванов има трема пред камера, што е незамисливо за таа функција. Не е сега дека го бранам без везе, ама човекот е одличен професор со стварно знаење за историјата и политичката филозофија. Тоа што не се снаоѓа во пракса и дека прави вакви гафови во јавност е само доказ дека не е за претседател, но за тоа да дека е глуп или неинформиран - мало морген.

да ти еб*м тремата каде го оставаат да си збори сам исто ко на предавање... па што сака он? да си збори, а скришно да го снимаме да не се гледа камерата?
тоа што завршил и има дипломирано за историја и политичка филозофија, значи дека треба да биде спремен и за дуел и за камери и за се, ако не го бива нека бере грозје.
никој не напиша дека Европа е повеќе од 3 пати поголема од Казахстан, а историчаров вика Казахстан бил поголем.
срамота е ова, на секој му се дешава лапсус еден-два ама ова на местено интервју да тресеш зелени, нигде го нема.
 
Како ќе поентираш кога ни работата со Ивона се заборави...
Муабетот ми е дека што и да каже/направи Хорхе нема толку да се актуелизира зошто вмро имаат моќна медиумска машинерија.
Тоа со Ивона беше скандал, за кој треба документи, институции и упорност да се изгура до крај. Овде е многу почиста ситуација. Се работи за гафови во ек на кампања, кога и онака личноста на Иванов е под лупа. Сега и без медиумска машинерија има доволно покривање на кандидатите.

Единствениот ПР проблем на СДСМ во моментов е што ако линчува гафови ќе си пука во нога за кампањата што иде после 2 недели. И тие имаат такво магаре, што се губи пред камери.
 
:pos::pos:
Oko54gT.png
Казахстан е најголема држава во светот еве подолу и химната вика дека се грејтест, почнува со тие зборови. Едуцирајте се.

wiki-04-591x320.jpg

Не се заебавај...

И за крај :D
Се напна оти го прашаа што подразбира под "разумен компромис" кога се во прашање разговорите за името ...
 
Последно уредено:
Глејте, Иванов убаво знае кој бил претседател на Франција и на Америка, веројатно сите ги знае по редослед и од кога до кога биле претседатели.
Фората е што Иванов има трема пред камера, што е незамисливо за таа функција. Не е сега дека го бранам без везе, ама човекот е одличен професор со стварно знаење за историјата и политичката филозофија. Тоа што не се снаоѓа во пракса и дека прави вакви гафови во јавност е само доказ дека не е за претседател, но за тоа да дека е глуп или неинформиран - мало морген.

Од лично искуство, Иванов е одличен професор само за давање високи оценки и проодност на студентите, ама далеку од одличен професор кога се работи за тематиката која ја предава.Ми има предавано мене, и беше исто збунет како и овде, сите студенти си играа со него, што може да помине во образование ама кога станува збор за највисоката политичка функција, нема простор за катастрофални гафови, и тоа не само вчера, туку и во неговиот 5-годишен мандат. Човекот не е претставителен, нема харизма, авторитет, и што е најстрашно по еден цел мандат сеуште е како во ''Алиса во земјата на чудата''. Како врховен командант нема влијание во армијата, како одговорен за назначување директор во Агенцијата за разузнавање направил промени кои можат да го загрозат цел безбедносен систем во државата кој се градел од 1999 година, цела структура е сменил незнаејќи што тоа значи, само затоа што некој од советниците за безбедност му рекол. Советниците му се полуписмени луѓе кои завршиле факултет на 35-40 години и стигнале до титули за само 2-3 години, а претходно биле полицајци и војници кои виделе малку моќ па си играат со безбедносниот систем на државата.Значи кога се ќе собереме, Иванов е марионета, и е далеку од идеален кандидат за претседател.
 
Хаххахахахах не можам да се досмеам на билбордот со слика од Хорхе на кој пишува цврсто и сигурно. :D :D :D :D
Едно колешка ја глеам низ факс, ама не сум напраил муабет досеа, ја сретнав и се смеев и ми вика на билбордот ли се смееш. :D Toлку требаше, Хорхе го скрши мразот. Леле Хорхе ако ,,поентирам'' у скоро време ќе те истетовирам :D Хорхе расположува и зближува. А и бруцошка е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom