Сето глупости се ова дека играчите го неќат Мојс и дека не веруваат во неговите способности итн, итн...
Се гледа дека сакаат да успеат ама знаете и вие каква среќа имаме цела сезона. Со Ливерпул да не беше напуцаната топка во раката на Рафаел никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Со Сити да не беше фушарскиот гол во 30 секунда никој нема да знае како ќе се одвиваше утакмицата. Едно знаеме сите дека на тимот му е нарушена самодовербата после неколкуте несреќни порази, и затоа кога и да прими прв гол нема самодоверба да се врати во мечот. Сето тоа надополнето со истрошеноста на Евра, Рио, Видиќ, Керик, и неумешноста на Рафаел, Јанг, Клеверли, Чичарито, како и лошата форма на РВП, Валенсија, Руни, Јанузај, Нани,Фелаини, а притоа играјќи ги Кагава и Мата на неприродни позиции за да ги надополнат претходниве ... едноставно толку заслужи тимот.
Еве уште малце ќе се осврнам на утакмицата со Сити. Значи гол примен во 30сек(пак ќе кажам голот за мене беше со голема доза на среќа) едноставно е преголем шок за еден ваков Јунајтед каков што гледаме сезонава. После тоа се беше јалово без самодоверба. При крајот на првото полуврме дури и направија солиден притисок каде 10-15 минути имавме посед на топка > 70%. Притоа во тој период следуваа шансите на Мата, Руни итн. Второто полувреме, колку и да се договарале на паузата што и како во продолжение, едноставно падна во вода се по грешката ан Рио кога го остави сам Џеко. Крај. Тука веќе Јунајтед во најдобри времиња тешко дека ќе се вратеше во игра.
И уште нешто за крај сакам да додадам. Заприметив на последниве утакмици дека средниот ред(бил кој освен Флечер, ама човеков има 2 утакмици изиграно се на се) не прави никаков притисок кога топката ја има противничкиот тим . Посебно Керик. Значи човеков буквално му се пули на противников кој е на две метра од него со топка во нозе и чека да мрни тој за и овој да мрдни. Наместо да му појди директно да му изврши пресинг. Нека запримети некој како тоа го прават Јаја и Фернандињо и ќе ви стани јасно зошто толку голови примаме и зошто немаме посед на топка. Едноставно тука ни требаат двајца(тројца) квалитетни играчи, и крај. Од тука започнува одбраната. А без одбрана нема резултати. Џабе ти се Руни и РВП напред ако притоа си примил 2 гола од гореопишаниве причини, едноставно после немаат самодоверба да нападнат јако како што треба.