Заработка на интернет (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата HaRdToGeT
  • Време на започнување Време на започнување
Читнав нешто по интернетов, очигледно добра идеја ми беше што го делетнав програмчето :)))
 
Значи единствен начин да правите пари од PTC ( Neobux, Probux итн ) е да си отворите една таква страна и да заебавате луѓе како што они заебаваат со ветувања за правење 500 долари месечно кога уствари неможеш да извадиш ни 50 долари месечно со 150$ инвестиција.
 
Искрено јас навистина познавам и тоа многу блиски луѓе кои зеле некој денар и кои немаат потреба да ме лажат во веродостојноста на PTC сајтовите (барем за Neobux и Probux за другите не знам)
 
Ок како сакате од свое искуство најдобро се гледа.....јас ви кажувам мене лично кое ми е искуството пошто инвестирав по 150$ во 2 од овие сајта во септември лани за тест и ви кажувам што се случува.
 
и? Најверојатно не си ги искористил како што треба, рационално :)[DOUBLEPOST=1395704960][/DOUBLEPOST]и? Најверојатно не си ги искористил како што треба, рационално :)
 
Да не бев фокусиран уопште значи ми беше скроз споредно само за тест...имаше доста денови кајшто неам ич кликано значи не добивав пари од рефералите итн.

АЛИ.....што повеќе реферали зимаш .... и кога ќе се го апгрејдираш акаунтот ( gold , ultimate итн ) , ТОЛКУ ПОМАЛЦЕ ти кликаат рефералите и дури и со активно мењање на неактивните итн пак просекот по клик на реферал ти се спушта под 1 ... околу 0.6-0.7 што автоматски прави целиот систем да не биде профитабилен. Не се глупи газдите на ваквите сајтови значи има цел математички алгоритам направено за да неможеш да бидеш во некоја си добивка ОСВЕН ако имаш МНОГУ ДИРЕКТНИ реферали.
 
Да по некоја логика така е и јас да бев газдарица така би размислувала :) Само му е мајката многу директни.
 
Абе не се заебавајте со РТС сајтови, земете нешто на одеск, микроворкерс, фиверр и таквите поголеми ви се шансите да заработите него на ова, плус немој да ме убедувате дека немате знаење до толку за да работите дата ентри кое се сведува на копи пасте или на препишување на капча зборчиња(оние што ви ги дава на некој сајтови кај што потврдувате дека не сте робот [морав и вакво објаснување да дадам сепак може има некој што стварно незае за што зборев])
 
Поздрав до сите.
Јас сум нов(од денес25.03.2014) на форумов и мило ми е што можам да ги споделам моите размислувања со вас.
Прочитав повеќе од вашите мислења. Голем дел од нив се доста интересни и содржат доста важни информации. Од моето скромно искуство на интернет што го имам, можам да кажам дека потрагата по брза заработувачка на интернет е утопија. Според мене не постои лесна и брза заработувачка никаде а најмалку на интернет но тоа не значи дека на интернет не се заработува. Се заработува и тоа многу но треба упорност, истрајност, учење, вежбање и многу работа барем на почетокот.
Доста е за почеток да не бидам досаден.
Поздрав до сите уште еднаш:)
 
Ако има некој шо работ со bitcoin mining нека ми пише пп да размениме мислења...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom