Од моето искуство до сега:
Штом ќе дојдете - отворете си
сметка во банка. Мој предлог - Lloyds.
Отворив претходно сметка во Santander и не можев да ја користам за ништо освен да ставам и вадам пари на нејзе, не можев да плаќам во продавница со нивната картичка, ниту пак на интернет. И тоа имав закажано 4 дена пред тоа за да можам да ја отворам сметката за која треба да одам во банка да ставам пари и да одам во банката да извадам пари. Тотално губење на време.
Отидов во Lloyds и само им кажав дека сакам да отворам сметка и одма ми средија се, дури они ми ја затворија сметката во Santander, ми пратија картичка и чекови по пошта.
Ако некој ви препорачал друга банка - супер. Ова е од мое искуство.
После може да одите да си одберете
матичен лекар.
Барате кој лекар е најблиску до вашето место на живеење, поштенски код, и ќе отидете, ќе им кажете дека сте од друга ЕУ држава и ќе ви дадат посебен лист да пополните, ќе треба да однесете и мочка

ќе ви кажат таму се.
Причина зошто ова е второ нешто е затоа што ќе ви треба потврда за адреса, односно дека живеете на адресата на која им кажувате дека живеете.
А пошто од банка ви стигаат писма за ново отворената сметка, ќе може тоа да го приложите како доказ.
Здравство ви следува без разлика дали сте вработен или не (ова зборам за дали сте пријавени или не)
Значи здравството е бесплатно за сите.
Друго е
National Insurance number. Ова е за да може да работите легално.
Ќе се јавите да закажете интервју на 0845 600 0643.
Ќе ви побараат лични информации кои се од пасошот, ќе ви закажат интервју за да го потврдат вашиот идентитети ќе ви пратат писмо преку пошта за кои документи треба да ги донесете.
Меѓу другото ви треба и потврда за адреса, така да чувајте извештаи од банка и се што ви стига со ваше име, презиме и адресата кај што сте.
Не ми текнува што друго....