Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Емина се изнаплака цело шоу , не дека плаче за натпреварувачиве баш и е гајле кој знае што проблеми има .

Мислам дека има непреболена љубов, стално на некои љубовни срцепарајучи песни липа плаче..
можда и е некој ебач од средно шо ја остајл :cautious:
 
Абе стварно, кај се тие што викаа дека немало да победи зашо е македонец? :)
 
Треба да има legendary подфорум каде што ќе одат темите како оваа да бидат зачувани на видно место засекогаш :D
 
Ај бе не туку се палете и не туку ги правдајте србиве,ако не си местеа вакви шоуа до сега Лестер и Тони Зен победници ќе беа,па дури и Белов што цело време беше прв.

Ептен срам ќе пукнеше ако не победеше кајмакот зошто и глув може да слушне дека е 5 класи над сите,башка што пари собраа од гласови до сега тие 10.000 евра 5 ги помножија во добивка. Нели 100.000 награда ? Си ги пикнаа во џеб парите.

Не дека ќе види нешто кајмакот од париве,со 10.000 евра не можеш ни стан да купиш,тешко дека ќе се пресели во белград,тој највеќе доби што го засака цела Македонија и знае дека и да не успее во некоја продукциска куќа во србија кај нас ќе има третман на Тоше 2,итоа сосема заслужено.

Сега следува потешкиот дел,сега мора некој опасен хит за старт да му направат за да има потпора и за неколку така-така следни 2-3 песни,секој сериозен пејач мора да ја има таа една песна што го дефинира,се надевам кајмакот ќе ја добие рано во кариерата.

Нашиве ако не се слепи и глуви ќе ја искористат неговата желба да не претставува на Евровизија и ќе го ангажираат зелко,кој е мастер за правење успешни песни за таму,а со харизмата и гласот кајмакот сигурно ќе има добар пласман.
 
Не дека ќе види нешто кајмакот од париве,со 10.000 евра не можеш ни стан да купиш,тешко дека ќе се пресели во белград,тој највеќе доби што го засака цела Македонија и знае дека и да не успее во некоја продукциска куќа во србија кај нас ќе има третман на Тоше 2,итоа сосема заслужено.

За мене ова е најголемиот проблем.
Кај нас кој ќе му прави хитови?
Џеј Џеј со препеви на Ако је до мене и текстови од типот на: “Еве тука срцево ми го скршија, пошто немаше тазе туршија, а ти љубовта ми је заледи, оо ајде да идеме во Театар Комеди“.:cautious:
Тоа ми е најголем страв, затоа сакам да успее да направи соработка со најпознатите балкански автори, за ако ништо друго барем добри хитови да му прават.
А дека е најдобар, најдобар е. :)
 
Многу нормално дека Жељко ќе му спреми некоја песна. Па ако со песна од него не стартува ко што треба...
 
Многу нормално дека Жељко ќе му спреми некоја песна. Па ако со песна од него не стартува ко што треба...
Не, мене муабетот ми е, замисли да треба некој кај нас да треба да му прави песна. Дарко Димитров знае некад некој хит да направи, ама пак, порано подобри хитови праеше него сега. :)
 
Абе знае и Јованов да направи страшни песни,не се прослави тој со плагијати мада сега очигледно го мрзи и си копира шунд од околината.
Димитров и тој е скроз не заинтересиран,нема композитори кај нас,порано секоја песна што ќе излезеше беше ем хит ем убава за слушање мелодична онака. Кога ќе ми текне какви просечни пејачи какви песни вадеа од кожа да се извадиш,нејќам да ги набројувам не е темата за тоа само ќе кажам имаа мелодија,значи песна ако нема мелодија нешто што е тешко за пеење кај што "забегува" гласот нема да биде убава песна.
Кај нас сите песни последниве 4-5 години се рамни,бледи,напукани со бас,досадни и згора на се со никаков текст.

Верувам дека ќе му прават од страна на кајмакот песни,што ќе имаат и македонска верзија секако.
 
:pos: Ма дај бе.... дали ова стварно го мислиш или колку онака да се искоментира нешто,и кој се тие страшни песни по кој Јован Јованов се "прослави" освен геј-овските со Елвир што ги туркаја со сила кај тинејџерките?
Инаку ај сега можи ќе му помини мрзата пошто нели владата субвенции ќе му доделува на композиторите и пејачите за македонска авторска музика и песна,па ќе спукаат со тоа нивните "хитови",само не би сакал Даниел да има соработка со нив бидејќи не-успехот му е загарантиран а ќе му наплатат исто а можеби и повеќе од колку тоа да му го сработи веќе докажан тим па макар бил и од соседството.
Даниел доби подршка и од бугарската пејачка Десислава,што мене баш пријатно ме изненади пошто нели ние и со нив сме нож на нож ...
image.jpg

и додека подршката за Даниел пристигнува од секаде има и такви наши македонски самопрогласени ѕвезди кој што ова и тоа како им смета пак се исмејуваат јавно.
image.jpg

image.jpg

image.jpg

image.jpg

Што повеќе да се кажи кога човеков се радува дека ќе го има по портали а го нема по ТВ,сега во недоумица сум овај пејач е или фејсбук плукач?:facepalm:
 
Панчо нашол да исмева еј, ПАНЧО!!!
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Плус да го прашам јас, што е муабетот со скелето?
Демек има нешто срамно во тоа?
Човекот поштено си заработувал за живот, извини господине од големото добро утро, што не можат сите да бидат “џет-сет“, особено посран џет сет во државава.
Човек што работи на скеле и поштено си заработува за живот е сто пати подобар од вакви створови кои исмејуваат други луѓе ради тоа што го работеле и мислат дека се нешто којзнае што, а уствари се само ситни и патетични душички без никаков компас и цел во животот!!!!
Со муабетиве ми за згади од човеков!
За лајкови ќе пцујат, ќе исмеваат, а бе и мајка ќе си продадат бе, само за да глумат смешни и да добиваат лајкови и hajshaha huhuh car siii!! коментари.
Идиоти!
 
Глупости, работа си е работа, што има врска што работиш, важно е да си земаш плата и да се нахраниш. Па и у холивуд дури сите почнале од келнери па стигнале до тоа што се, ама ајде, нека им биде.
 
:pos: Ма дај бе.... дали ова стварно го мислиш или колку онака да се искоментира нешто,и кој се тие страшни песни по кој Јован Јованов се "прослави" освен геј-овските со Елвир што ги туркаја со сила кај тинејџерките?
Ај не треси глупости,затни си се.
 
Треба да размислат добро овие од X Factor Adria за наредна година ако воопшто има ,ова не личеше на ништо во преносот . Треба да сменат телевизија каде ќе се прикажуваат и каде ќе им овозможат HD снимање ,да најдат некој друга фирма со кој ќе работат на звук ,микрофони,eфекти и слично . Да размислат што донесоа анонимни Ш категорија бенд кој таа публика која беше дојдена во Конбанк арена одвај може да ги разбере во стилот и пеењето .

Се што вредеше е тоа што во еден од Live настапите во Шимановци и пуштија дожд на Розга и ја донесоа Loreen.

Треба доста да учат од Британците и од Американците
 
Глупости, работа си е работа, што има врска што работиш, важно е да си земаш плата и да се нахраниш. Па и у холивуд дури сите почнале од келнери па стигнале до тоа што се, ама ајде, нека им биде.
Тоа е. Очигледно луѓе кои чесно и поштено си заработувале за живот и кои си го исполниле својот сон (каков тој и да бил), во нашево општество не се доволно вредни, на сметка на оние кои крадат, тепаат, лажат, бараби кои не знаат да склопат една проста реченица и девојки што си го сликаат голиот газ и чекаат да најдат некој да ги финансира, два типа паразити во општеството кои никако не придонесуваат за позитивен развој на истото, напротив. За нив се пишува и тие се вредни за внимание и “почит“, ама дечко кој сам си се снаоѓал во животот и успеал да заврши прв во нешто (не е ни битно што е), благодарејќи на својот талент, очигледно не е и тој е исмеван.
Идиотизам, кретенизам, дај нека ме прати некој на Марс...
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
И заборавив да пишам дека Сител доста ме нервираа затоа што цело време во преносот имаа пишано да се гласа за Даниел .Аман секој треба сам да си одлучи за кого ќе гласа и ќе си гласа нормално за тој што му се допаѓал како пее ,а не затоа што е македонец па сите ајде македонци обединете се .

Јас гласав за Даниел ,не ради тоа што е македонец и затоа што јас сум македонец туку затоа што ми се допадна уште од почетокот на шоуто како пее .

И не му требаше тоа со знамето на крај . Па не е ова Евровизија или натпревар на држави .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom