Прозни искри

Член од
31 декември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
5
Ова е мој расказ. Кажете ми мислења

{()}ЧАЈ

Aко ти се брза - успори,
ако ти се оди - седи,
ако ти се живее – умри
Веќе ништо не е како порано
Чудно време, снег во мај
Се помести земјата од својата оска
Се поремети векот
Некои живеат за лајкови
Други за пари
Секакви не има – луѓе сме
Ѓавол во бел рај
Ангел во шести круг
Толку различни, во суштина толку исти
Бареме совршенство
А тоа не постои
Вештачки усни
Вештачки гради
Исто такво срце
Лажни слики
Празни насмевки
Совршена апатија
Среќата за мене и за тебе не е иста
Твојата се вика сигурност
А мојата слобода
Се си има свое лице и опачина
Секоја пара
Секој меч
Секоја приказна
Сам избери на која страна ќе бидеш
Сам си е одговорен за своите избори
За својот час, ден, живот
Сите лекции
Сите патишта, болки, страдања
Не водат до истото сознание…

Зошто ние кои можеме да го промениме светот, ние интелектуалците, остануваме само со диплома од факултет во рака и на улица, без работа? Ние сме како мала ѕвезда скриена од огромна планета – неандертални богаташи. Веќе десет години поминаа од завршувањето на факултет и обидувањата да дојдам до работа како доктор на науки, ама џабе... Една тивка, меланхолична вечер, пред Велики петок си реков последните пари ќе ги потрошам на пијачка па што сака нека биде... Отидов до кафаната што се наоѓа на аголот од улицата на која живеам сам, во мал стан. Не би можел ниту мал да го кажам... Во него има еден кревет, толку стар што со страв легнувам на него... Кога спијам, а не спијам - не дај Боже да се завртам, па ќе се распадне. Под него ги чував истражувањата на кои работев.

Додека седев во кафаната ги слушав хистеричните смеења, точењето на алкохолот, кршењето чаши, пцовките... Полека ја пиев ракијата, ја пиев бавно, голтка по голтка, со мака, со болка ја пиев. Така седев со чашката во рака и со самиот себе... Водев меланхолични, безвредни монолози во својата глава. Зошто е така? Зошто Господ вака ме казнил? Зошто мене? Зошто овој генијален ум? Почустував како некој ја стави раката на моето рамо, помилсив – халуцинирам. Почустував како раката ме ниша, си помислив – полудувам. Продолжив да пијам од чашата. Повторно раката ме прониша, лут се завртев и видов човек. Стар човек. Беден човек. Имаше долга несредена коса, мал нос, светли очи, искинати чевли, стари избледени панталони, и една искинита кошула. Се насмевнав и му реков да си оди бидејки нема како да му помогнам. И тој ми се насмевна – „Дојди со мене.“ Зошто да одам со него? Што би можел тој да ми покаже? А, зошто да не и така немам што загубам, немам со кого да живеам, немам за кого да живеам... Станав од масата, го кренав погледот тој веќе беше на врата кај излезот. Полека ги одминав луѓето кои ми се наоѓаа на патот до излезот и тивко како што влегов, така излегов од кафаната.

Надвор беше тивко, одвај се слушаше жуборот на реката и црцорот на птиците... Тишината ќе ја прекинеше некоја кола која спокојно ќе поминеше... Одев по старецот и цело време мислев зошто стариов ме повика со него? Што има тој мене да ми даде, да ми покаже? Одеше полека, како да сакаше се околу мене да го видам детално. Скриени зад едно големо, дебело дрво се наоѓаа млади луѓе кои палеа христијански крстови и икони. Си помислив зошто ги палат овие свети работи? Што имат против Христа? Не мислев многу. Продолжив да одам понатаму. Не подалеку од дрвото имаше зелена површина. Лежеа љубовници кои страсно се љубеа. Ми беше незгодно да се ѕверам, па побрзо ги поминав. Во една осветлена куќа на првиот спрат здогледав човек кој беше љубоморен, завиден на двајца среќни кои се наоѓаа на вториот спрат. Ништо не ми беше јасно. Зошто минувам низ ваква улица со вакви необични сцени, но сепак продолжив. Малку подалеку од куќата здогледав двајца од кои едниот беше богато облечен а другиот молеше на колена за парче леб. Малку подолу од нив видов како еден кој без око да му трепне уби друг човек. Бев изреволтиран. Не можев повеќе да издржам. Му реков на старецот – „Зошто ми го покажуваш сето ова? Зошто сакаш да ги гледам овие зла дела?“ Ништо не ми одговори само спокојно продолжи да оди. Јас подзастанав малку... Сепак продолжив. Здогледав свето лице кое зборуваше за Господа, но луѓето околу него се смееа на неговите зборови. Подолу од нив татко бездушно го избоде своето чедо до смрт. Јас почнав да плачам, но продолжив да одам. Истиот татко малку подолу се самоуби. Уште побрзо почнав да одам. Здогледав еден лихвар кој упорно бараше да му се вратат парите кои му ги има дадено. Подолу од нив имаше маж и жена и уште еден другар на мажот. Мажот се сврте за момент да купи весник, а жената разменуваше љубовни погледи со пријателот. Здогледав една жена која фрлаше магија на љубовниците од предмалку што ги видов...

Замислен погледот го симнав кон земјата и продолжив да одам со наведната глава, зошто повеќе не можев да го гледам она што ме опкружуваше. Си мислев како оклу гревови можеше да се соберат на една тесна улица? Продолжив да одам и пробав да не мислам повеќе на ништо. Не ми успеа. Мислев на тоа што побрзо да стигнеме до тоа место на кое стариот сака да ме однесе. Одев така со наведната глава и наеднаш ги видов искинатите чевли на стариот. Го подигнав погледот и видов еден дуќан. Тој се насмевна и влезе во него, веднаш по него влегов и јас. Од двете страни имаше полици полни со книги. Лево од мене ја видов L’Inferno – Пеколот од Данте. Погледот на неа го задржав доста време. Кога убаво го видов Пеколот погледот ми се насочи и кон другите книги. Ги видов делата од моите омилени Достоевски, Ниче, Хесе... Одев така во оваа бесконечност која беше опколена од книги, купишта книги. Конечно осетив спокој на душата. Наеднаш стариот човек застана и ми кажа – „Сакаш ли да пуштиш светлина во твојот живот? Сакаш ли мизеријата да ја отргнеш?“ Реков да, без да размилам. Ме погледна во очи и ништо повеќе. Ме гледаше така за кратко и се помести. Зад него видов ковчег, стар ковчег, ковчег од дрво... Го отвори и внатре имаше не многу големо парче кожа. „Шагринска кожа“ ми рече „ја имам кај мене цела вечност. До сега ја имам нудено на безброј луѓе сите на почетокот велеа да како и ти но откако ќе слушнеа што таа сака од нив, без збор го напуштаа дуќанот.“ Го гледав чудејки се, почнав да се смеам... Како тоа кожа да зборува и да кажува што сака за возврат на некоја желба. Тој воопшто не се насмевна. Ме гледаше во очи како да сакаше да каже – заврши за да почнам. Престанав да се смеам и му реков - „Ајде да го видам и тоа чудо.“ Ми ја даде кожата и ми кажа да ја ставам на градите. Го зедов и направив така како што ми кажа. Наеднаш слушнав еден глас во главата. „Ти си мојот господар, ти си мој владетел. Ти посакуваш – јас исполнувам. При секоја твоја желба јас се намалувам. Како што се намалувам така полека умираш. Кога нема ништо да остане од мене – ќе останеш во вечно црнило.“ Ја тргнав од себе. Старецот ме гледаше кој едвај чекаше да го слушне мојот одговор. Се насмевнав и му кажав – не.

Изненадено ме праша – „Зошто?“ Му реков вака - „Господине ако веќе живеам вака, така и ќе продолжам. Никогаш не знаеме што носи утрото. Зошто животот да го опредечувам со парче кожа која ке ја снема за многу брзо време. Денес ќе посакам една, па уште една, па уште една и кога шишето ќе се преполни со вода ќе сакам уште малку да ставам во него, но нема да можам. Еве Ви ја вам кожата. Можеби еден ден ќе најдете уште еден како мене кој очајно сака да се тргне од бедата и немаштијата, некој кој ќе ја посака, но не знам дали ќе најдете таков што ќе ја земе. Не би сакал да бидам под вечен дожд, под ладен град, да го слушам мојот и плачот на другите како мене и не сакам Цербер со трите глави да ги гледа и да се сити на моите маки во третиот круг. “ Му ја оставив кожата и како што влегов така и излегов. Кога погледнав кон небото видов многу ѕвезди.

Од кај сме дошле, таму ќе се вратиме
Се се менува, во суштина се останува исто
Се раѓаш, живееш, умираш
Се раѓаш, живееш, умираш
Се раѓаш, живееш, умираш
Ќе оставиш ли трага?
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Сашко даде сè од себе но не успеа да ги дувне 14те свеќи од неговата роденденска торта. Упорно дуваше... но без успех. Тој ја погледна својата мајка, која потроши неколку саати за да ја направи прекрасната торта, и нејзиниот израз го направи да се чувствува неподносливо виновен.
Мајка му жално гледаше во непокорните пламенчиња кои едвај трепереа пред лицето на Сашко кој упорно се обидуваше да ги згасне. Таа трепна неколку пати и првата солза почна да ѝ тече по лицето. Прошепоти „Среќен Роденден, Сашко,“ тогаш собра малку воздух, и разиграните пламенчиња ги претвори во мали облачиња од чад.
Сашко не сфаќаше зошто тој не можеше да го стори тоа. Истото се случуваше секоја година; неговата мајка правеше најубава торта, а тој не успеваше да ги изгаси свеќичките, и на крај таа плачеше. Единственото нешто што се менуваше беше бројот на свеќи. Сашко отиде да ја прегрне мајка си... но без успех. Тој само помина низ неа, и тоа не можеше да го сфати.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Во куќата е. Ги слушам неговите чекори долу во собата.
Не се сеќавам кога влезе, но се чувствувам како да сум внатре во плакаров со часови.
Барем успеав да зграпчам нож од кујната додека имав шанса.
Доаѓа. Господе Боже, се качува по скалите.
Не можам да престанам да се тресам. Сигурно ќе ме најде овде. Како да ги гледам насловните од утрешните весници: „Убиство во Скопје“, „Манијак се иживувал врз телото на жртвата“.
Пред собата е. Ох Господе, те молам дај ми сила да поминам низ ова. Не смеам да испуштам здив, инаку тој сигурно ќе ме слушне. Мили Боже.
Ја отвори вратата. Тука е!
Тоа е тоа... Но сè уште не можам да престанам да се тресам... Претерано сум возбудена. Го чекав да се врати дома со часови.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
Премногу време сме заедно. Секогаш бев тука да те утешам, да те смирам кога тоа најмногу ти требаше. Јас работев само за тебе, се трудев секогаш да ти помогнам. А за возврат? Ти ме скрши. Ме изгоре. Ме остави да ги водам сите битки, дури и ако ги освоев сепак ќе го извлечев подебелиот крај. Ти отсекогаш знаеше колку многу можам да направам за тебе, но во секој случај ме оттурна од себе. Понекогаш, мислам дека ти воопшто не знаеш дека сум тука. Забораваш дека јас работам секоја секунда, секој ден – само за тебе.
Затоа решив, кога ќе заспиеш вечерва, јас едноставно да престанам да чукам. Нема ни да осетиш кога ќе се случи.
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
„Напиши име, име од било кого. Да речеме дека личноста ќе замине побрзо отколку што можеш да замислиш.“, беа зборовите на старецот од антикварницата. Секако дека не му поверував, но сепак ја купив малата шарена тетратка.
Подоцна, од досада, го напишав името од кучето на комшијата, Роки. Вечерта го најдоа кучето мртво, апсолутно непрепознатливо. Морници ми поминаа по телото и очите ми се наполнаа со солзи. Не сакав тоа да се случи.
Тогаш одеднаш се сетив на мој соученик кој секогаш ги понижуваше моите другари и мене пред цело школо. Од секогаш бевме исплашени за да му се спротивставиме. Но сега имаше начин. Морав да го направам тоа.
Следниот ден, тој загина во сообраќајка. Никој не знаеше како изгубил контрола врз неговиот автомобил. Се чувствував лошо неколку недели, но пополека почнував да заборавам што сум направил.
Денес, кога се вратив од училиште, се запрепастив кога ја видов тетратката на масата во дневната соба. Во целосен шок, едвај можев да зборувам, ја прашав мајка ми за тоа.„Ох, ја најдов во твојата соба денеска. Мислев дека е навистина убава, па го напишав списокот на гости за свадбата од сестра ти.“
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ова е мој расказ. Кажете ми мислења

{()}ЧАЈ

Aко ти се брза - успори,
ако ти се оди - седи,
ако ти се живее – умри
Веќе ништо не е како порано
Чудно време, снег во мај
Се помести земјата од својата оска
Се поремети векот
Некои живеат за лајкови
Други за пари
Секакви не има – луѓе сме
Ѓавол во бел рај
Ангел во шести круг
Толку различни, во суштина толку исти
Бареме совршенство
А тоа не постои
Вештачки усни
Вештачки гради
Исто такво срце
Лажни слики
Празни насмевки
Совршена апатија
Среќата за мене и за тебе не е иста
Твојата се вика сигурност
А мојата слобода
Се си има свое лице и опачина
Секоја пара
Секој меч
Секоја приказна
Сам избери на која страна ќе бидеш
Сам си е одговорен за своите избори
За својот час, ден, живот
Сите лекции
Сите патишта, болки, страдања
Не водат до истото сознание…

Зошто ние кои можеме да го промениме светот, ние интелектуалците, остануваме само со диплома од факултет во рака и на улица, без работа? Ние сме како мала ѕвезда скриена од огромна планета – неандертални богаташи. Веќе десет години поминаа од завршувањето на факултет и обидувањата да дојдам до работа како доктор на науки, ама џабе... Една тивка, меланхолична вечер, пред Велики петок си реков последните пари ќе ги потрошам на пијачка па што сака нека биде... Отидов до кафаната што се наоѓа на аголот од улицата на која живеам сам, во мал стан. Не би можел ниту мал да го кажам... Во него има еден кревет, толку стар што со страв легнувам на него... Кога спијам, а не спијам - не дај Боже да се завртам, па ќе се распадне. Под него ги чував истражувањата на кои работев.

Додека седев во кафаната ги слушав хистеричните смеења, точењето на алкохолот, кршењето чаши, пцовките... Полека ја пиев ракијата, ја пиев бавно, голтка по голтка, со мака, со болка ја пиев. Така седев со чашката во рака и со самиот себе... Водев меланхолични, безвредни монолози во својата глава. Зошто е така? Зошто Господ вака ме казнил? Зошто мене? Зошто овој генијален ум? Почустував како некој ја стави раката на моето рамо, помилсив – халуцинирам. Почустував како раката ме ниша, си помислив – полудувам. Продолжив да пијам од чашата. Повторно раката ме прониша, лут се завртев и видов човек. Стар човек. Беден човек. Имаше долга несредена коса, мал нос, светли очи, искинати чевли, стари избледени панталони, и една искинита кошула. Се насмевнав и му реков да си оди бидејки нема како да му помогнам. И тој ми се насмевна – „Дојди со мене.“ Зошто да одам со него? Што би можел тој да ми покаже? А, зошто да не и така немам што загубам, немам со кого да живеам, немам за кого да живеам... Станав од масата, го кренав погледот тој веќе беше на врата кај излезот. Полека ги одминав луѓето кои ми се наоѓаа на патот до излезот и тивко како што влегов, така излегов од кафаната.

Надвор беше тивко, одвај се слушаше жуборот на реката и црцорот на птиците... Тишината ќе ја прекинеше некоја кола која спокојно ќе поминеше... Одев по старецот и цело време мислев зошто стариов ме повика со него? Што има тој мене да ми даде, да ми покаже? Одеше полека, како да сакаше се околу мене да го видам детално. Скриени зад едно големо, дебело дрво се наоѓаа млади луѓе кои палеа христијански крстови и икони. Си помислив зошто ги палат овие свети работи? Што имат против Христа? Не мислев многу. Продолжив да одам понатаму. Не подалеку од дрвото имаше зелена површина. Лежеа љубовници кои страсно се љубеа. Ми беше незгодно да се ѕверам, па побрзо ги поминав. Во една осветлена куќа на првиот спрат здогледав човек кој беше љубоморен, завиден на двајца среќни кои се наоѓаа на вториот спрат. Ништо не ми беше јасно. Зошто минувам низ ваква улица со вакви необични сцени, но сепак продолжив. Малку подалеку од куќата здогледав двајца од кои едниот беше богато облечен а другиот молеше на колена за парче леб. Малку подолу од нив видов како еден кој без око да му трепне уби друг човек. Бев изреволтиран. Не можев повеќе да издржам. Му реков на старецот – „Зошто ми го покажуваш сето ова? Зошто сакаш да ги гледам овие зла дела?“ Ништо не ми одговори само спокојно продолжи да оди. Јас подзастанав малку... Сепак продолжив. Здогледав свето лице кое зборуваше за Господа, но луѓето околу него се смееа на неговите зборови. Подолу од нив татко бездушно го избоде своето чедо до смрт. Јас почнав да плачам, но продолжив да одам. Истиот татко малку подолу се самоуби. Уште побрзо почнав да одам. Здогледав еден лихвар кој упорно бараше да му се вратат парите кои му ги има дадено. Подолу од нив имаше маж и жена и уште еден другар на мажот. Мажот се сврте за момент да купи весник, а жената разменуваше љубовни погледи со пријателот. Здогледав една жена која фрлаше магија на љубовниците од предмалку што ги видов...

Замислен погледот го симнав кон земјата и продолжив да одам со наведната глава, зошто повеќе не можев да го гледам она што ме опкружуваше. Си мислев како оклу гревови можеше да се соберат на една тесна улица? Продолжив да одам и пробав да не мислам повеќе на ништо. Не ми успеа. Мислев на тоа што побрзо да стигнеме до тоа место на кое стариот сака да ме однесе. Одев така со наведната глава и наеднаш ги видов искинатите чевли на стариот. Го подигнав погледот и видов еден дуќан. Тој се насмевна и влезе во него, веднаш по него влегов и јас. Од двете страни имаше полици полни со книги. Лево од мене ја видов L’Inferno – Пеколот од Данте. Погледот на неа го задржав доста време. Кога убаво го видов Пеколот погледот ми се насочи и кон другите книги. Ги видов делата од моите омилени Достоевски, Ниче, Хесе... Одев така во оваа бесконечност која беше опколена од книги, купишта книги. Конечно осетив спокој на душата. Наеднаш стариот човек застана и ми кажа – „Сакаш ли да пуштиш светлина во твојот живот? Сакаш ли мизеријата да ја отргнеш?“ Реков да, без да размилам. Ме погледна во очи и ништо повеќе. Ме гледаше така за кратко и се помести. Зад него видов ковчег, стар ковчег, ковчег од дрво... Го отвори и внатре имаше не многу големо парче кожа. „Шагринска кожа“ ми рече „ја имам кај мене цела вечност. До сега ја имам нудено на безброј луѓе сите на почетокот велеа да како и ти но откако ќе слушнеа што таа сака од нив, без збор го напуштаа дуќанот.“ Го гледав чудејки се, почнав да се смеам... Како тоа кожа да зборува и да кажува што сака за возврат на некоја желба. Тој воопшто не се насмевна. Ме гледаше во очи како да сакаше да каже – заврши за да почнам. Престанав да се смеам и му реков - „Ајде да го видам и тоа чудо.“ Ми ја даде кожата и ми кажа да ја ставам на градите. Го зедов и направив така како што ми кажа. Наеднаш слушнав еден глас во главата. „Ти си мојот господар, ти си мој владетел. Ти посакуваш – јас исполнувам. При секоја твоја желба јас се намалувам. Како што се намалувам така полека умираш. Кога нема ништо да остане од мене – ќе останеш во вечно црнило.“ Ја тргнав од себе. Старецот ме гледаше кој едвај чекаше да го слушне мојот одговор. Се насмевнав и му кажав – не.

Изненадено ме праша – „Зошто?“ Му реков вака - „Господине ако веќе живеам вака, така и ќе продолжам. Никогаш не знаеме што носи утрото. Зошто животот да го опредечувам со парче кожа која ке ја снема за многу брзо време. Денес ќе посакам една, па уште една, па уште една и кога шишето ќе се преполни со вода ќе сакам уште малку да ставам во него, но нема да можам. Еве Ви ја вам кожата. Можеби еден ден ќе најдете уште еден како мене кој очајно сака да се тргне од бедата и немаштијата, некој кој ќе ја посака, но не знам дали ќе најдете таков што ќе ја земе. Не би сакал да бидам под вечен дожд, под ладен град, да го слушам мојот и плачот на другите како мене и не сакам Цербер со трите глави да ги гледа и да се сити на моите маки во третиот круг. “ Му ја оставив кожата и како што влегов така и излегов. Кога погледнав кон небото видов многу ѕвезди.

Од кај сме дошле, таму ќе се вратиме
Се се менува, во суштина се останува исто
Се раѓаш, живееш, умираш
Се раѓаш, живееш, умираш
Се раѓаш, живееш, умираш
Ќе оставиш ли трага?
Одличен расказ. Лично, највеќе ми се допаѓа како постепено ја градиш надворешната интроспекција преку симултаниот монолог. Имам една мала сугестоја. Овој дел „Лево од мене ја видов L’Inferno – Пеколот од Данте. Погледот на неа го задржав доста време. Кога убаво го видов Пеколот погледот ми се насочи и кон другите книги. Ги видов делата од моите омилени Достоевски, Ниче, Хесе... “ -- оригинален и несекојдневен избор на автори. Тука би можел да специфицираш кои дела ти се омилени од овие автори, да делува поубедливо расказот. Инаку, метафорите ти се силни, препознатливи, без клишеа, а прашањата загадочни, со фин презвез на магичен реализам. Тријадата поезија-проза-поезија сосем функционира. Длабоко, искрено, човечки.
 
Последно уредено:
Џ

ЏинЏер

Гостин
Една поинаква бајка

Како мала бев љубител на бајки. Ми текнува дека имав еден комплет книги со бајки од Ханс Кристијан Андерсен кој долго време беше моја единствена занимација. На шестгодишна возраст веќе по неколку пати ги имав препрочитано и на памет ги знаев „Малата сирена“, „Дивите лебеди“, „Принцезата на зрно грашок“, „Грдото пајче“, „Оловниот војник“ и многу други . Всушност толку многу имав навлезено во тој свет што дури и на таа возраст не можев да не забележам дека сите бајки се направени според еден ист шаблон: убав почеток, испреплетени и напнати дејства во средината, и повторно среќен крај. Никако не ми беше јасно зошто мора да се појавува тој среден дел полн со лоши луѓе и препреки кои само го губат времето на читателите, кога почетокот и крајот на било која приказна се доволни за направат бајка од истата (барем така мислев тогаш). И така, моето шестгодишно јас си вети себеси дека кога ќе порасне ќе напише една поинаква бајка, бајка во која се случуваат само убави работи, бајка во која нема вештерки, змејови, лоши маќеи или други препреки кои ќе им ја засенат среќата на принцот и принцезата.

Денес моето дваесетинешто-годишно јас (кое и не се чувствува многу повозрасно од она шестгодишното) реши конечно да ја напише истата. Па, драги мои, ви ја претставувам мојата бајка составена само од почеток и крај.

************
Си беше еднаш една принцеза... Не, не беше принцеза. Не беше ниту од благородничко потекло. Ако гледаме реално не беше дури ниту посебно убава, паметна или добра. Беше една сосема обична девојка која навидум беше иста како уште илјадници други девојки. Но не беше. Другите девојки немаат своја бајка. Таа има. Во оваа бајка таа може да биде и принцеза, и благородничка, и самовила, и сѐ што ќе посака. А може и навистина е. Но, сега засега, нека остане на тоа дека таа е само обична девојка.
И како што бидува во бајките, нашава девојка се вљуби.
(Не, не беше љубов на прв поглед. 'Во бајките секогаш е љубов на прв поглед', може ќе си помислите.
Епа ова не беше.
Ова е нејзина бајка, а во нејзината бајка може да биде и љубов на трет, петти или илјадити поглед.
Не е ни важно
.)
Важно е дека еднаш го погледна и во неговите очи виде нешто што порано го немаше забележано. И тоа беше тој магичен момент кога сфати дека би дала сѐ за да го помине животот во неговата прегратка. Тоа беше моментот кога сфати дека Тој е вистинскиот.
Тој не беше принц. Не ја запозна на бал и не ја бараше низ целото кралство за да ѝ го врати изгубениот чевел. Ја запозна на час по математика. (Пссссстттт! Не сакам ништо да чујам. Не ми е гајле што во бајките луѓето не се запознаваат на час по математика. Во оваа бајка е така.)
Значи, се запознаа на час по математика... Минуваа многу време заедно и беа блиски, но помина долго време пред да сфатат дека чувствуваат нешто еден за друг. А потоа помина уште подолго време пред да си ги признаат еден на друг тие чувства. Но дојде и тој момент. А кога конечно дојде, беа најсреќни на светот. И така почна сѐ...

************​

Години и години подоцна.
Се смееја додека го пиеја кафето и се потсетуваа на времињата кога започна сѐ. Се потсетуваа на првите срамежливи прегратки, бакнежи, на првото „те сакам“, на ноќите поминати во долги разговори. Се потсетуваа на времето кога тој за неа беше еден и единствен, а таа за него онаа вистинската. Тоа време беше одамна завршено. Веќе долго време таа имаше друг Единствен, а тој друга Вистинска. Веќе долго време еден со друг не се гледаа на начинот на кој се гледаа некогаш. Веќе долго време еден на друг си беа само драг спомен, но и потпора и утеха. Беа пријатели. Колку и да е тешко да се поверува, времето направи да бидат вистински пријатели. Како некогаш одамна. Пред првиот сјај во очите. Пред првиот бакнеж. Пред првото „Те сакам“. Понекогаш и ќе се запрашаа што беше тоа што ги раздели. Ниеден од нив не можеше да даде точен одговор. Едноставно еден ден сфатија дека поминало. Завршило. Времето ги спои, времето и ги раздели. А времето беше и тоа што не дозволи еден за друг да станат странци.
Го допија кафето, се прегрнаа и секој тргна по својот пат. Тој отиде да ја пишува неговата нова бајка. А таа отиде да ја пишува нејзината.
И си живееја среќно до крајот на животот.

***************​

'Па каква е оваа бајка без среќен крај?', можеби се прашувате. Ако е така тогаш драги мои, вие воопшто не сте ја разбрале мојата бајка. Таа во никој случај не е без среќен крај. Баш напротив, има најубав крај. Тоа е предноста кога од крајот на една бајка ќе се родат две нови – наместо само еден, имаме два среќни краја. Некому тоа ќе му се допадне, некому може и не. Како и да е, секој сам ѝ пишува крај на својата бајка. Ликовите од оваа се задоволни од крајот кој ѝ го дадоа.
Ако не ми верувате, слободно прашајте ги и двајцата. Можеби не се заедно, но среќни се. И заљубени. Иако не еден во друг. А што е најбитно, ниту еден од нив не е негативец во бајката на другиот.

На М.
Затоа што не секогаш мора да постои негативец
во една приказна
И затоа што знаеме како се пишуваат
среќни краеви.
А најмногу затоа што за сите овие години
не сум ти посветила
ниту еден текст.
 
Член од
31 декември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
5
Одличен расказ. Лично, највеќе ми се допаѓа како постепено ја градиш надворешната интроспекција преку симултаниот монолог. Имам една мала сугестоја. Овој дел „Лево од мене ја видов L’Inferno – Пеколот од Данте. Погледот на неа го задржав доста време. Кога убаво го видов Пеколот погледот ми се насочи и кон другите книги. Ги видов делата од моите омилени Достоевски, Ниче, Хесе... “ -- оригинален и несекојдневен избор на автори. Тука би можел да специфицираш кои дела ти се омилени од овие автори, да делува поубедливо расказот. Инаку, метафорите ти се силни, препознатливи, без клишеа, а прашањата загадочни, со фин презвез на магичен реализам. Тријадата поезија-проза-поезија сосем функционира. Длабоко, искрено, човечки.
Ти го ценам мислењето :)
 
Член од
31 декември 2013
Мислења
19
Поени од реакции
5
Ова е еден од моите раскази... Би сакал да добијам критика, мислење...
Слободно ставете и ваши :)

Очите полека ми се затвараа. Како тег да имав на нив. Многу тежок тег. Зраците од телевизорот шараа по моето лице. Не ми даваа да заспијам. Беше темно. Полека ја движев главата. Едвај успеав да се свртам кон часовникот. 3:05. Издишав. Погледнав наоколу. Ништо. Се беше исто како и пред да задремам. Станав. Го зедов далечинкиот. Го изгасив телевизорот. Погледнав низ прозорот. Полна месечина. Полна месечина точно на средината од мојот прозор. Милно ме галеше со своите зраци. Повторно седнав. Го вклучив телевизорот. Тигар страсно ја откина главата на една газела. Станав да земам нешто да јадам. Го отворив фрижидерот. Кашкавал, мајонез, млеко, леб, месо, туна, мусли… Го земав мелкото и муслите, земав една длабока чинија и си приготвив вечера или што и да е во никое време. Седнав. Тигарот го немаше веќе. Стоеше неподвижното тело на газелата. Заборавив да си земам лажица. Станав. Отидов по лажица. Ја земав. Седнав. Почнав да јадам. Една за една и за брзо време во чинијата имаше само капки млеко. Да бев сега некој Пикасо ќе направев некое дело – ама не сум. Почнав да се смеам. Ама свесно прекинав. Си велам имам дете и жена што спијат горе. Ќе ги разбудам. Вниманието ми го зеде еден звук. Не знаев од што може да е. Се свртев наоколу ама немаше ништо освен светлиот екран со телото на мртвата газела. Си велам -„Оди да спиеш, утре си на работа!“ Го изгасив телевизорот. Ја зедов чинијата и лажицата. Ги ставив во лабаво. И отворив работа на жена ми. Ех, таа не знае глава каде и е од работа јас уште толку и отварам. Ги засукав ракавите. Пуштив вода и набрзина ја измив. Направив добро дело. Се гордеам со себе. Што да правам? Не ми се спие. Го вклучив телевизорот. Седнав. „ХАОС ВЛАДЕЕ! – извика една лисица. Ме облеа жешка вода. Срцето забрзано почна да ми чука. Веднаш го сменив каналот. Немаше ништо. Бев преплашен. Се фатив за чело. Бев препотен. Морав да се пресоблечам. Отидов до спалната соба, тивко го отворив креденецот и ги облеков другите пижами. Ја бакнав жена ми на чело и легнав до неа. Таа се насмевна во сон и ме прегрна. Почуствував топлина. Се обидов да заборавам на се и да заспијам. Ги затварам очите, но тие се противат. Во главата почнаа да ми се вртат некои грозни мисли.„ Убиј се! Олесни им на другите околу тебе! Напиши статус на социјалните мрежи – кажи дека сакаш да си заминеш! “Станав. Почнав да врескам. Да пцувам. Да плачам. Се во исто време. Потоа сам си залепив шамар. Трај бе магаре. Имаш жена што спие до тебе и дете во соседната соба, ако полудуваш оди во лудница и остави ги другите да дишат. Дали навистина сам си зборував или не? Се свртев кон жена ми да видам дали спие. Спиеше како кротко јагне. Лесно вдишуваше и издишуваше. Лицето и зрачеше со светлина. Сакаше да каже – дојди легни и не мисли. Ги протрив очите. Со раците поминав низ косата. Излегов од собата и појдов до кујната, долу да се напијам чаша вода. Се освежив малку. Се свртев и видов дека телевизорот не сум го исклучил. Паметам дека кога ја сменив последен пат програмата имаше само бел екран. Сега имаше црна позадина и бројот 3 на средина. Го изгасив. Додека се качував по степениците слушнав крик. Беше ист како оној кој го чув пред некое време. Доаѓаше од собата на моето дете. Се стрчав и влегов во собата. Го видов моето дете како лежеше на креветот и читаше некоја книга. Тоа беше само 3 години. Си велам како може да чита книга? Се доближив до него. Не можев да видам која е книгата што ја држи во рацете. Само загрижено го прашав „Што е сине? Зошто не спиеш? Да не ти треба нешто.“ Ме погледна со потценување. Ја остави книгата на масичката до него и ми рече „Тато, кога гледаш во бездната и таа гледа во тебе.“ Јас полудувам. Јас не сум при себе. Го слушам моето дете кое го цитира Ниче. Паднав. Не можев да стојам. Слегов доле во мојата работна соба. Прозорот наеднаш се отвори. Стаклото се скрши. Црн гавран влета во собата и застана пред мене. Ме гледаше право во очи. Ми рече “Nevermore!”. Морници ме полазија, воопшто не знаев што да правам. Имав пиштол кој еднаш го добив за поклон. Ја отворив фиоката. и го зедов пиштолот. Го репетирав. Го вперив во глава и му реков на гавранот „Гаврану не постои Nevermore!“. Пукнав.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ти го ценам мислењето :)
Брате мртов, твојата поезиопроза е свеж развигор во жабокречината која ја има сардисано македонската современа литература. Само напред, пишувај и постирај уште твои творби. Поздрав![DOUBLEPOST=1398771680][/DOUBLEPOST]

И пак свежо, зрело и оригинално дело. Крајов со Nevermore! е апсолутно неочекуван tour de force. На твое место сериозно би почнал да размислувам за професионална писателска кариера. Бравос.
 
Искрено Фала Многу... Ми значи !
 
Член од
12 декември 2012
Мислења
320
Поени од реакции
2.025
„Па ти воопшто не се трудиш. Одново!“
Моите раце се преуморени од свирење. Ми се лизна прстот и одекна страшен звук од пијаното.
„Татко ти ќе биде крајно разочаран. Одново!“
Почнав повторно со внимателен поглед кон пожолтената харија гледајќи во избледените ноти. Пак промашив нота.
„Побрзо! Одново!“
Како што се забрза темпото згрешив повторно.
Таа стана од клупата. „Комплетно безвреден. Доста ти е за денес.“ Ја навалив главата во срам. Знам што следи. Подот крцка под нозете на мајка ми која се враќа од кујната. Досега беше ужасно тешко да свирам со четири прсти. Ќе биде уште потешко со три.
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
317
Никогаш не ми се допаѓал мирисот на луѓето со кои случајно, сред улица, сум се разминувал. Имале секаков мирис: од најразлични парфеми, дезодоранси и миризливи води, до нијанси на телесни материи и инсектициди во воздухот. Мирисале на цигари и алкохол. И на храна. И на безброј други нешта.
Го забележувам ова кога сам чекорам низ моето секојдневие.
Во последно време ми се чини дека се’ повеќе луѓе го користат твојот парфем. Или е тоа, или сетилото за мирис ме мами, правејќи да помислам на тебе. Размислувам за твојот парфем. Добар е, не е Бог знае каков, не е меѓу најновите, дали е на попуст моментално не знам, не сум заинтересиран.
Се разминувам со наредната личност. Пак овој мирис. Жедно вдишувам. Изгледа ми недостигаш...
 
Член од
29 декември 2013
Мислења
147
Поени од реакции
197
Еве нешто лично мое...се надевам ќе ви се допадне..може и ќе го продолжам

Горчливи брачни години

--почетокот на пеколот--

Остани , те молам остани,не оди во таа проклета болница. Бил болен, па? Зошто неговата супруга не седи покрај него туку ти? Ти која си венчана жена и тоа моја жена. Со кое право си го дозволува тој тоа? Мисли ли дека расипува еден брак, мисли ли дека ме уништи целосно? Што ако ти бил прв, што ако си го сакала толкуа многу време? Зарем мене не ме сакаш? Зарем не го сакаш овој луксузен прекрасен живот со мене? Кажи ми Милена, зошто никогаш за овие 10 години што сме заедно никогаш не рече дека сакаш дете со мене? Се ти угодувам, нема што немаш, живееш како кинеска кралица, имаш наќит, имаш злато, сребро, имаш најскапи здолништа, имаш најлуксузни автомобили, за твојот роденден доби и цела куќа само за тебе, на твое име е препишана. Кога се зедовме само сакаше да му тераш инает на него бидејки замина на 5 години и не се јави ни еднаш. Се сеќаваш ли колку бев среќен на нашата 5 годишница, сите роднини и пријатели беа тука, а ти? Ти седеше во твојата соба заклучена, мислеше на него. Ах тој проклет ден, да тој 27 Април 1976 година. Нашата 5 годишница, баш на тој ден доби писмо од него. Знаеш ли како се чувствував јас во тој миг? Како сите мигови што сум ги имал со тебе и љубовта што си ја дававме да се срушиле. Мислев дека некој дошол да ми го уништи и ова мало парче среќа што го имам. Зошто баш тој ден го избра да ми сруши се. Знам дека си го сакала многу. Знам дека сте биле неразделни уште како деца. Но Мила моја зарем не заслужив ни трошка почит и грам љубов? Секоја ноќ бегаш од мене, се правиш дека спиеш, плачеш, цимолиш по цела ноќ. Наутро накај 5 ќе заспиеш. После до пладне топ неможе да те разбуди. Штом дозна дека сакам да имаме детенце веднаш ми се заколна и ми се закануваше дека ќе ме оставиш. Јас вака неможам Милена. Јас не сум играчка која можеш да ја фрлаш кога сакаш и земеш само кога ти е занимлива. Доста е со овие претварања. Јас те сакам и сакам да сме среќни само јас и ти.Или ќе се одлучиш да се смириш и се обидеш да ме засакаш или вратата ти е отворена?! Не прави гревови повеќе од колку што ги имаш Милена. Не заслужувам вака да ме потценуваш. И твојата прељуба ја простив. Да беше некој друг маж ќе те претепаше и без ништо ќе те испратеше кај твоите родители за да видат како те воспитале. А јас? Јас криев и од самиот себе дека си ме изневерила. Јас се повеќе те сакав. Ти мислеше дека со еден викенд во Охрид се ќе заборавам ? Не најмила. Ништо не заборавив. Само се правев. Се сеќаваш ли кога се возевме накај Свети Наум Охридски? Тогаш бев тажен и очите ми беа насолзени. Зарем не бев добар со тебе? Знам дека со пари не се купува љубов, но ти не ми ни дозволи да ти се приближам и докажам дека те сакам. Ти што стори? Ми го измачка образот со гомно. Ме посрамоти. Ме гледаше во очи и ме лажеше. Рече дека си месечарила. Дека имаш несоница. Зошто не ја кажа вистината туку ме тешеше со лагата? Јас бев прост и ти поверував. Дури и на лекар бев за да го решиме проблемот со несоницата. Немаше ли срам да ме лажеш? Јас. Твојот маж.

Сите овие 10 години не ти значат? Не ти значи ни тоа што додека водев љубов со тебе, ако тоа може да се нарече така во нашиот случај, бев луда по тебе и не мислев на Мирослав? Ти реков сега е многу болен. Му требам повеќе отколку тебе. Околностите беа такви. Морав да изберам добра ексизтенција за мене, а не да и ги подадам и двете раце на љубовта. Те сакам, но никогаш како него. Ти се појави како кец на десетка додека скапував како келнерка во еден ресторант. Беше многу лесно да ти го поматам умот. А дете неможам да имам со тебе бидејќи не те сакам доволно. Јас би можела да имам дете само од преголема љубов за да имам што да им раскажувам на внучињата. За да знаат дека сме се зеле од љубов, а не од интерес. И јас не сакам да сум во ваква ситуација, но ајде ќе те послушам вечер нема да отидам во болницата. Но утре сабајле не ми носи ни доручек во соба ниту пак смееш да ме пипнеш следниот месец. А и три недели не смееш да легнеш до мене. Дали бев доволно јасна?

Во тој момент како нешто да се сврти во неговата глава. Пребледе како бела крпа. Се прашуваше дали сето ова нему му се случува. Не знаеше како да излезе од оваа ситуација. Излета како бесен рис кој не успеал да го стигне својот лов. Веднаш влезе во бемвето и појури по калливата улица. Беше есен. Лисјата веќе беа пожолтени, некои дури изгниени и се расфрлаа насекаде како да беа на некој бал. Сите танцуваа на ветрот. Росата и дождот беа нивните кавалери а тие беа дами во преубави есенски фустани. Сонцето се спушташе на хоризонтот. Некаде далеку се слушаше некоја убава мелодија на виолина. Колку што беше убава толку беше и тажна. Љубиша седеше во својот автомобил со гнев во очите и со болка во душата. Зошто немам среќа и јас како тој идиот да сум сакан толку многу? Зошто мора да сум самец во бракот? Зарем не сонував секогаш да имам убава и млада женичка која ќе ме сака повеќе од се? Дека еден ден ќе има и кој да ме наследни и кој на старост да ми се најде? А и Десанка многу ме сакаше. Прв и бев. Ја сакав и јас. Но не доволно. Сите ние сакаме некого а тој некој сака некој друг. А оној кој не сака нас не го сакаме доволно?! Зошто мили боже зошто е се така сурово? Беше скршен. Беше разочаран. Знаеше и за прељубата на Милена уште првата година откако се венчаа. Знаеше дека крадум некој ја пречекуваше секоја вечер и се враќаше во утринските часови. Најпрвин не му призна ништо. Несоница и месечарење беа изговорите. Една солза се стркала по неговото лице. Беше бесен. Разјарен. Небото почна да се заоблачува. Сите светлини се покрија. Нешто лошо се спремаше. Бура. Голема бура се спремаше. Сите растанцувани лисја се собраа на место. Како некој одеднаш да го прекина нивниот бал.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom