Краток осврт за вчера...
Знаејки го Руни, и тоа дека му требаат 4-5 меча за влегување во одлична форма, можам да кажам дека полека влегува, и ме радува што тоа е баш пред двомечот со Баерн и ми влева некоја мала надеж.Добро беше вчера поставена играта на Мојс, доста добро завршена работа од цел тим. Победа без претерани турбуленции и пресврти со клин шит, што е одлично. Се гледа дека кога го има кагава во тим дека играта е многу потечна.
Гледам дека Карваљо е една од метите на клубот, многу го пратам сезонава Спортинг и знаев уште на стартот од сезоната дека ке имаат добра сезона, да не им беше тој еден лош период околу нова година каде направија 5 киксови со послаби клубови во нерешени натпревари, одбраната им е доста добра за која придонесува и Карваљо.
Искрено за тие пари можеме да имаме барем подокажан мидфилдер, ама ако се ептен убедени во неговите квалитети мораат да го договорат пред СП каде се големи шансите дека ке биде во првиот тим на Португалија и знаеме дека со добри игри цената може да му порасне само. Сигурно не вреди 45 милиони евра ама играч на 20 години, Португалски првотимец, со добри натпревари во неговите нозе...
Реална цена му е 15 милиони евра, а толку да го преплатиме е навистина многу, ама за тоа нека одлучува бордот.