А ти си задоволен со ова што секој регистрира кола или мотор туку така?утре коа ќе те удри некој ваков,тебе ќе те напраат крив.али очигледно тебе не ти смета тоа,туку ти смета што требало да се плати регистрација.у мк е битно само да не се плати и да не се губи пола ден на технички прегледи,за безбедноста никој не се замара.
Види по странство како се прави технички преглед на мотор.не смееш ни пукнат жмигавец или светло да имаш,а кај нас у мк возат кој како стигне.
го дрвите со тоа странство ама ептен... ај коа веќе така сакаш да ги судиш работите да ти пообјаснам некои работи а ти поречи ги ако можеш.
1. тоа што ке отидеш на регистрација и ке поминеш технички не е НИКАКВА гаранција дека колата е исправна. сите знаеме во приватните технички прегледи како се регистрира кола - 1000 пати сум бил сведок на поминување на технички преглед на НЕИСПРАВНО возило. ако ти кажам дека имам видено комшија дека регистрира кола со тоа што само со собраќајната оди да регистрира може и нема да ми веруваш нели. и еве да ти кажам јас лично имам поминато на технички со неисправна рачна кочница ( ама ИЧ не фаќаше рачната ) - и ова е нормално и регуларно нели? - после јас сам си ја направив затоа што несакав колата да ми биде неисправна. кога сте запнале со тој технички..
Во склоп на цената на технички праќаш 1500 или 1200 денара за улици и патишта - кај нас какви улици и патишта имаме? за тие пари што ги плаќаме треба патиштана ко писти да ни бидат а не на секој чекор дупки и крпеници што се преправаат од година во година.
Во странство колата се регистрира еднаш на 3/4 години и ти лепат маркица ( пример германија ) имаш црвена зелена и жолта маркица каде што ако имаш црвена маркица во гооолем дел од градот несмееш да возиш затоа што си голем загадувач ако имаш жолда во строг центар несмееш да возиш.
Во странство мерат издувни гасови т.е емисија на CO2 и над одредена граница ти даваат жолта/црвена маркица ( како што реков погоре ) - кај нас тоа го има? - НЕ.. и недај боже да го воведат во брзо време пошто пола и повеќе од коливе у македонија треба да завршшат во отпад како старо железо ( хинт - за во странство да оставиш кола како старо железо треба ТИ да платиш не отпадот на тебе )
платите во странство се апсолутно неспоредливи со платите кај нас.... а казните ни се исти па дури некои казни кај нас се и поголеми
у странство шарата на гумите несмее да ти биде помала од 3 милиметра а кај нас ги возат додека не се покажат самите жици на гумата ( пошто имаат појак животен стандард него ние )
у странство осигурителните компании исплаќаат до денар РЕАЛНА оштета на возилото во случај на сообраќајка - а кај нас недај боже да те удрат кога ке отидеш во осигурителна компанија се ценка со тебе како на пазар да е.
во странство атест за „клима“ фолии не издаваат како кај нас.. си има точно пропишано правило до клку проценти смее стаклото да биде затемнето и никој не се нафаќа да ти пише атест за тавкто нешто - кај нас со 100% затемнети стакла НА ЦЕЛА КОЛА ти пишува во сообраќајна атест дека е регуларно.... и ова е у ред така?
и у случај да не си знаел... кај нас мотор до 50 кубика еднаш се регистрира а полиса за осигурање се вади секоја година... у случај да не си знаел....
се надевам дека доволни ти се споредбите „ВО СТРАНСТВО“ со нашава мизерна македонија. ако не ти се ке ти наведам уште некоја без проблем.
Нормално е да треба да се регистрираат скутерите годишно.(и да се вади полиса како за автомобилите )Многу од нив (посебно сега кинеските) не се во исправна состојба (несоодветни гуми,кочници и светла ) па предизвикуваат собраќајни несреќи каде се губат животи или се прави голема материјална штета што некој треба да ја подмири .
погоре спомнав а ке спомнам и јас.. тоа што ке поминете на технички не значи дека возилото без разлика дали е кола камион мотор или автобус не е никаква гаранција дека возилото е навистина исправно... исправноста на возилото зависи од личен карактер! јас на пример никогаш не сум дозволил да се возам со неисправна кола.. .поготово со неисправни кочници со неисправен систем за управување или со неисправни светлосни сигнали... тие се на 1 место после е се останато... исправноста на возилото зависи од соопственикот на истото возило. пред се тоа е за своја лична безбедност па после и за другите.
а кај нас у македонија полиса за осигурање се вади секоја година и за мотор и за кола и за се што оди на тркала и е регистрирано во мвр.