- Член од
- 7 јануари 2012
- Мислења
- 816
- Поени од реакции
- 1.208
Какви КРЕТЕНИ! Битно нешто да се чкрта. Јас стварно не разбирам која е понетата на текстов. Најмалку зошто им е ставен во одделот за ракомет.
"ДО КАДЕ СТИГНА РАБОТАВА: ФК Вардар чека навивачи – од РК Вардар!"
Која црна работа? Има нешто чудно во тоа навивачи и подржувачи на Вардар да одат на натпревари на РК/ФК/КК/ПК/ВК Вардар? Или лошо е што со еден тикет може да се оди и на ракомет и на фудбал? Која работа до кај е?
Зошто ваков текст е напишан само во контекст на Вардар? И што има лошо во тоа што повеќе луѓе што гледаат македонски ракомет отколку фудбал?
И понатаму: "Од една страна разбирлива е одлуката на раководството на ФК Вардар кое сака да собере што е можно повеќе навивачи на арената „Филип Втори“, но од друга страна тоа е многу поразителен факт за фудбалскиот клуб, кој сега се става во втор план, а секако е македонска спортска институција за РК Вардар."
Oчигледно ништо не им е разбирливо. Не знам овие ни дали знаат кај живеат и која година сме? Ко божем до вчера по 20.000 души имало на стадион па сега многу поразителен бил фактот што се обидувале да ги привлечат и оние што оделе на ракомет.
А крајов на реченицава па е бесмислен до бесвест. ФК Вардар е спортска институција за РК Вардар? УаУ. Лудило. Пред да пишуваат вакви идиотштини нека научат што е институција а што секции. РК Вардар и ФК Вардар се две секции на една иста институција- ВАРДАР. Не постои ривалитет меѓу нив (невозможно е!). Нема некој во прв и втор план. Дури и тоа која секција е поуспешна е прашање дали може да се компарира. Но и да може условно не знам по што или по кои успеси ФК би бил "институција" за РК ? Али како што кажав горе- битно нешто да се чкрта... само што за вакви злонамерни чкртки се заслужува permanent ban на натпреварите на Вардар. А не им е прв пат. Цело време тресат милион имиња за трансфери. Секоја недела... ко Вардар да нема никаква стратегија за тоа што му треба во тимот и да пита од врата на врата за играчи...