Се срамат бидејќи знаат дека се изроди и дека идните генрации доколку се национално освестат ќе им судат како шо ние им судиме на нашите прадедовци што не стапија поактивно на страна на Центалните Сили во првата светска војна или активно самостојно во втората и место за Солун отидоа на Берлин.
Мене ме интересира, дали подеднакво се срамат како и оние Македонци кои земале амерски, австралиски или швапски пасоши, или можда малце повеќе?
Ако е ова второто, тогаш не ли треба државата (тука мислам на апаратусот -влада>институции) да биде таа која треба да се срами што, не само што не успеала да го спречи однародувањето, туку со погубните политики уште и го поттикнува процесот.
Еве ти , како голем патриот, комита, наследник на големиот Македонец Делчев, можеш да ѝм пообјасниш на овие
изродите, у која тоа нормална држава, пензионерите добиваат покачувања на пензии, бањски и зимски одмори на товар на Буџетот, бесплатен превоз и сл., додека студентите живеат во руинирани кочини, плаќаат школарина од 400 евра нагоре, среќни се кога има ајвар да каснат, а кога ќе дипломираат до срж жалат што икад се запишале на факултет.
После тоа, објасни ѝм, што значи таа национална освестеност за 30% невработени, повеќето со по 50 години, кои јадат еднаш у денот и ѝм иде да се обесат од што немаат ебан денар да ѝм пружат на внучињата, а не пак да помогнат на сопствените деца.
Лесно е да се збори за
патриотизам во услови кога си на државни јасли, или те издржува некој таков. За тие од другата страна, кои се борат да преживеат од денес за утре, тој е само перфидна алатка за манипулација со која некој ти го ограничува правото на среќа и слободно движење и ти вели „Умри од глад, о голем патриоту, најголем споменик ќе ти излееме“.