Јас се возев во државната 19ка. Вчера накај 7 ипол часот, вечерта. Автобусот одеше од Карпош. Поточно тоа се случи кај Поштата. При самото влегување во автобусот, личноста покажуваше знаци на тресење. Се струполи. Нејќам сега баш да ја опишувам случката, во секој случај не беше пријатно за гледање. Јас веднаш излегов, што можеби не беше најчовечно од моја страна а и повеќето така изреагираа, но многу испаничив, мала сум и некако не сакав да имам трауми, затоа што фала Богу, до сега се немам соочено со такво нешто. А сликата не беше баш пријатна. Почнав да вртам дома, не знаев кој беше бројот за Брза помош. Во тој момент, само што дојде Брзата и се качив во друг автобус.