Гугл влегува во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата arheolog
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.095
Локација
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНИЈА ДОБИВА СВОЈ ЈАЗОЛ ЗА РАЗМЕНА НА ИНТЕРНЕТ СООБРАЌАЈ

Гугл влегува во Македонија

Досега над стоте домашни интернет провајдери се поврзуваа преку јазлите во Виена или Софија. Во македонскиот Матрикс свои сервери ќе инсталира и светскиот пребарувач Гугл


6C6E21D1AD9CA74FA02829DBCDAD4E7E.jpg
Македонија доби свој јазол за размена на интернет сообраќајот, со што цените во наредниот период се очекува да паднат од 15% до 20%. Систем-салата на националната точка за размена на интернет сообраќај Матрикс со наоѓа во зградата на Македонската радиотелевизија и неа ќе ја раководат од Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНЕТ. Досега над стоте домашни интернет сервис провајдери се поврзуваа преку јазлите во Виена или Софија кои се најблиските до Македонија.

Вчера министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ја посети салата со серверите и најави дека интерес за поставување на свои сервери во македонскиот Матрикс има и од светскиот пребарувач Гугл кон кого се одвива 30% од вкупниот интернет проток на Македонија.
- Граѓаните сега добиваат поевтин, побрз и посигурен интернет, бидејќи ќе има поконкурентни услуги и пакети на пазарот. Статистиката ширум светот покажува дека со воведување ваков јазол, каде сите локални интернет сервис провајдери се поврзуваат, цените за интернет услугата може да паднат од 15 до 20 проценти. Затоа уште од почетокот заедно со МАРНЕТ го поставивме овој проект како приоритет и издвоивме буџетски средства - изјави Ивановски. Станува збор за инвестиција од 300 илјади евра.

Со влезот на Гугл во Македонија, Ивановски очекува да се намали потребата за излегување на интернет посетителите од Македонија и интернет посетеноста да може тоа да се затвори во земјава.
- Очекуваме откако ќе биде во функција оваа сала (за десетина дена) повторно да се обратиме до Гугл и се надеваме да ги видиме и нивните сервери да бидат дел од оваа систем сала. Тоа апсолутно значи дека кеширањето ќе се одвива во оваа сала и најчесто посетуваните веб страници и информации кои ги прибира Гугл ќе бидат лоцирани токму во Македонија. Ако за отворање на одредена веб страница биле потребни три секунди, сега тоа би било за една секунда, или многу пократко - рече Ивановски.

Директорот на МАРНЕТ, Сашо Димитријоски информира дека систем-салата е изградена според најсовремени светски стандарди, со најсовремена технологија и сигурносни системи што ќе гарантираат непречено функционирање во секакви услови.
- Со воспоставувањето на првите спојувања внатре во интернет размената автоматски ќе се постигне посигурен и побрз интернет. Сообраќајот што ќе биде лоциран во Македонија ќе се затвора тука, значи нема потреба да излегува надвор, а тоа ќе овозможи на голем дел компании што нудат интернет содржини со поевтина цена да можат да стигнат до крајните корисници - изјави Димитријоски, истакнувајќи дека дел од компаниите нестрпливо го очекуваат функционирањето на Матрикс затоа што ќе им се намалат трошоците.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C98C5BFCC096DA46A0EC09A585810BF3

Мислам дека темава е за тука. Ако не е надлежните нека префрлат каде мислат дека треба.
 
Добро е но и ме загрижува. Власта односно државата на некој начин ќе има контрола врз се она што го пребаруваме на Гугл.
 
Па можда имаат контрола на протокот од провајдериве ама вака ептен ќе ни влезат дома :)
 
Што толку тајно пребаруваш пријателе?:-) How to за праење нуклеарка? Дај не се зафркавајте, тие што се person of interest секогаш се надгледуваат и со гугл и без гугл секаде во светот. Доста параноја.
Иначе одлична вест!
 
ЦИА и Америка ќе не шпионираат зашто сме за Русија. Што зборите глупости бе...:facepalm:
 
Дека се шпиунира нема муабет, дека ми е гајле исто така нема муабет :D
 
Побрзо јутуб отварање
Побрзо гугл драјв прикачување
Побрзо лоудирање на локални македонски страници
Побрз и поефтин интернет
Помал пинг
Надежно директна подршка за јутуб монетизација

Што поише сакате?
 
Побрзо јутуб отварање
Побрзо гугл драјв прикачување
Побрзо лоудирање на локални македонски страници
Побрз и поефтин интернет
Помал пинг
Надежно директна подршка за јутуб монетизација

Што поише сакате?
ништо искрено , супер pros е ова ..... a македонската критика ти е само cons во целава работа ....
 
Побрзо јутуб отварање
Побрзо гугл драјв прикачување
Побрзо лоудирање на локални македонски страници
Побрз и поефтин интернет
Помал пинг
Надежно директна подршка за јутуб монетизација

Што поише сакате?
пејпал да дојде, со проект на владата „пејпал за секое дете“
 
Добро е но и ме загрижува. Власта односно државата на некој начин ќе има контрола врз се она што го пребаруваме на Гугл.
Грешка си друже власта тоа одамна го прави и се е тоа легално. Сите провајдери чуваат информации за тебе 12 или 24 месеци така да ова не прави никаква разлика.

П.С Има начини да се заштитиш од ова, но поентата ми беше дека подолго време сите влади си го шпионираат населението.[DOUBLEPOST=1395264800][/DOUBLEPOST]
Што толку тајно пребаруваш пријателе?:) How to за праење нуклеарка? Дај не се зафркавајте, тие што се person of interest секогаш се надгледуваат и со гугл и без гугл секаде во светот. Доста параноја.
Иначе одлична вест!
Проблемот е ако почнат како Америка и тие што се и тие што не се. Со судски налог нека прават што сакаат ама без него нека не пипаат некој што не згрешил.
 
Добро е но и ме загрижува. Власта односно државата на некој начин ќе има контрола врз се она што го пребаруваме на Гугл.
Најпрво мене ми е сеедно дали ќе дојдат во Македонија или не..... , а и да имаат контрола што пребаруваме, што ни мења нам тоа? :)
 
Нели ќе стават национален јазол има нешто, на сите страни ќе не следат сега нема бегање ... според тоа што го пишува 100% цел интернет ќе биде од таму ...[DOUBLEPOST=1395272069][/DOUBLEPOST]
Најпрво мене ми е сеедно дали ќе дојдат во Македонија или не..... , а и да имаат контрола што пребаруваме, што ни мења нам тоа? :)
Како не менува !? Ќе знаат за тебе се ... шо јадиш, шо пииш, каде одиш, шо музика слушаш, со кој се дружиш ... нели треба малку приватност за некои работи ? За што некој да знае шо правиш ти во моментот ?
 
Нели ќе стават национален јазол има нешто, на сите страни ќе не следат сега нема бегање ... според тоа што го пишува 100% цел интернет ќе биде од таму ...[DOUBLEPOST=1395272069][/DOUBLEPOST]
Како не менува !? Ќе знаат за тебе се ... шо јадиш, шо пииш, каде одиш, шо музика слушаш, со кој се дружиш ... нели треба малку приватност за некои работи ? За што некој да знае шо правиш ти во моментот ?

Добро бе околу болдираното, дали се прочита што напиша? Всушност незнам колку си запознаен со тие работи но ако сака некој да те шпионира може тоа да го направи тоа преку твојот телефонот или компјутер без разлика ти каде се наоѓаш и дали си закачен на интернет со јазол во Македонија или во Зимбабве. Штом користиш интернет на било каков уред ти си веќе достапен за секој во светот, и ако некој сака да те шпионира тоа може да го направи на милион различни начини, па макар и да не користиш интернет. А и зошто на пример тебе би те шпионирала државата? Што интерес имаат од тебе? Да си некој терорист или криминалец ај да се плашиш, ама ако не си немаш потреба. Ти моментално и на форумов може да бидеш шпиониран од државата ако има потреба од тоа... Во такво време живееме што немаш теоретски шанси да спречиш некој ако сака да те шпионира или да дознае се за тебе да го направи тоа, па повеќето луѓе сами си ги објавуваат тие податоци на интернет без размислување и доволно е само некој да ти го отвори фејсбук профилот и да дознае скоро се за тебе.. Единствено решение ти е да баталиш се што е модерно, телефон, таблет, компјутер, интернет и сл. и горе во некоја шума сам со животните и дрвјата. Тоа ти е единствен спас друго чаре нема.

ПС: Јас какви глупости имам правено, пребарувано и гледано на интернет па никој ништо не ми направил ниту сум имал проблеми, и ако треба да ми биде страв на секое отворање на Кајгана Форумот тогаш подобро ич да не користам компјутер еб*го.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom