Прашања за Исламот III

Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
како тоа не си среќен кога све што користиш е од каури изислено...сакаш да возиш црн БМВ со затемнати џамој,сакаш да користиш нет,се е тоа каурско ...како не си среќен
Не користи он интернет и не вози БеЕмВе. Не се вози у автобус. Он јава на камила и јаде само урми, увезени од Исламска Република Иран. Сандалите и облеката му ги дадоа на аџилак коа беше, во земскиот рај - КСА. Стои на килим и диктира, а некој чирак типка на тастатура.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па затоа реков,на хартија такви има колку сакаш.
Јас лично живеам во таква држава,а во пракса живеам во држава во која самата држава прави цркви на плоштад.
Тоа тебе на секуларна држава ти личи??
Истата таа држава обновува и реновира џамии, на пример шарената џамија во тетово. И сега, во која религија да ја вброиме државава? Ти изгледа не дека неразбираш, туку така ти одговара да не пропуштиш шанса да плукнеш по општественото уредување кое ти овозможува да го критикуваш, се со цел да му ги дигнеш акциите на тоа кое го посакуваш и кое би им ги кинело главите на оние кои би го критикувале.
Еве ќе ти повторам уште еднаш, бидејќи со сила се правиш дека не разбираш: Секуларна држава е онаа чии закони не се базираат на ниедна религија, држава во која религиозните закони се одвоени од државните.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387

И демократија е владеење на народот, ама народот сирот најмалку се прашува.. за владеење да не праам муабет :D
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И демократија е владеење на народот, ама народот сирот најмалку се прашува.. за владеење да не праам муабет :D
Колку и како, важно се прашува и важно секој може јавно да си го каже својот став без да му летне главата поради тоа. Во системот кој ти тврдиш дека е посовршен и подобар од останатите, критиката, слободата на говор и јавно изразување и ред други права и слободи кое се составен дел на секоја демократска и секуларна земја, би биле само далечно минато.
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
169
Поени од реакции
70
Se prasuvam dali Alah kje prati nekoj vo rajot?
Po mene ne postojat "bezgresni".
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Еден исламски учењак рекол убави зборови:
"Човекот е створен да биде роб,па ако не биде роб на Створителот ќе биде роб на створенијата"
И тоа е така,ако не му се покоруваш Вистинскиот и Единствен Створител на небесата и земјата, твои богови ќе бидат парите,жените,колите,шефот од работа,вмро,сдсм итн итн,а никој од овие нема да може да ти помогне. :)
каша попара ти е постов. еднаш велиш “ако не му се покоруваш на ...“ и од тука заклучувам дека имаш избор, тогаш во продолжение одма се демантираш и велиш “ ЌЕ бидат......“ како да немаш избор.
има или нема избор?
потоа, не знаев дека имало бог на колите?!?!? ај за тоа пари и жени ќе скокнам пошто ќе прифатам некојси антички/пагански бог дека постои, али за кола? или вмро? ти веруваш дека има повеќе богови?
да не заборавам да кажам и збор-два за твојот болд.
тоа што тој исламски учењак го кажал, го кажал во времето кога луѓето биле неписмени, прости, кога верувале во се' што ќе им било сервирано. а пошто религијата служи за контрола на луѓето/народите, тој тоа го кажал за да им влее страв и стравопочит на простите и може да ги контролира.
да не збориме дека е и навреда за било кое интелигентно битие, кое самоволно кажува или прифаќа дека е роб
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.581
Поени од реакции
387
Se prasuvam dali Alah kje prati nekoj vo rajot?
Po mene ne postojat "bezgresni".
Па човек ни не може да биде безгрешен,а тоа не е ни целта.
Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. рекол: Сите Адемови потомци се грешници,а најдобри се оние кои се покајуваат.
Аллах ги сака тие што искрено му се покајуваат, и таквите заслужуваат прошка и џеннет(рај).[DOUBLEPOST=1394919316][/DOUBLEPOST]
каша попара ти е постов. еднаш велиш “ако не му се покоруваш на ...“ и од тука заклучувам дека имаш избор, тогаш во продолжение одма се демантираш и велиш “ ЌЕ бидат......“ како да немаш избор.
има или нема избор?
потоа, не знаев дека имало бог на колите?!?!? ај за тоа пари и жени ќе скокнам пошто ќе прифатам некојси антички/пагански бог дека постои, али за кола? или вмро? ти веруваш дека има повеќе богови?
да не заборавам да кажам и збор-два за твојот болд.
тоа што тој исламски учењак го кажал, го кажал во времето кога луѓето биле неписмени, прости, кога верувале во се' што ќе им било сервирано. а пошто религијата служи за контрола на луѓето/народите, тој тоа го кажал за да им влее страв и стравопочит на простите и може да ги контролира.
да не збориме дека е и навреда за било кое интелигентно битие, кое самоволно кажува или прифаќа дека е роб
Тоа што исламскиот учењак ќе важи до Судниот ден,колку и ти да не признаваш.. или можеби би признал кога би ти се отвориле очите и срцето.
И добро знеш дека не верувам дека има повеќе богови туку дека луѓето си ги земаат тие работи и несвесно ги креваат на степен на божества.

Колку и да не сакаш,колку и да се противиш.. ќе им робуваш на овие работи ако не му робуваш на тој што треба да му се робува.
Ќе се штрекнуваш секогаш кога ќе ти го снема мобилниот или паричникот.. ќе се нервираш кога ќе ти пишти алармот од колата..
ќе трчаш од избори до избори,од штаб до штаб,од партија до партија....а тоа е модерно ропство,и сакал или не ќе те проголта системот, ќе те ограничат во зборување,движење итн итн..колку и да не признаваш,сите сме робови :)
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Тоа што исламскиот учењак ќе важи до Судниот ден,колку и ти да не признаваш.. или можеби би признал кога би ти се отвориле очите и срцето.
И добро знеш дека не верувам дека има повеќе богови туку дека луѓето си ги земаат тие работи и несвесно ги креваат на степен на божества.

Колку и да не сакаш,колку и да се противиш.. ќе им робуваш на овие работи ако не му робуваш на тој што треба да му се робува.
Ќе се штрекнуваш секогаш кога ќе ти го снема мобилниот или паричникот.. ќе се нервираш кога ќе ти пишти алармот од колата..
ќе трчаш од избори до избори,од штаб до штаб,од партија до партија....а тоа е модерно ропство,и сакал или не ќе те проголта системот, ќе те ограничат во зборување,движење итн итн..колку и да не признаваш,сите сме робови :)
ова “проголта“ ми е интересно. ај нека биде така, колку да не биде дека само хејтам, сепак се работи за нешто вистнско, реално, нешто што е важно кај некого. дали е мојот тел, дали е партијата на душко/аднан, или парите за сите. исто така, реално е и дека сме живи (ова може и да не е баш точно), но сепак, тоа е единствениот живот во кој сме сигурни. и затоа имаме потреба да бидеме “робови“ на некое однабројаните.
но дека сме робови на нешто што појма немаме дека постои, да се плашиме цел живот, и надеваме на некое подобро “утре“, за кое исто така појма немаме (знаеме затоа што некој така кажал), да МУ робуваме за да МУ ги задоволиме болните страсти, ........... ме тера да се прашам дали е тоа така?!?!! ако човекот кој во себе има добрина, љубезност, почитување дури и за животните, зошто тогаш тој бог мене не ме почитува? вероватно затоа што или не постои, или е болен. ако е толку загрижен за луѓето,што мајка бара да се крие позади неккои книги и пророци, наместо да се појави и каже кој е и што е. а и да го истреби злото. нели е семоѓен и сезнаен? или пак не е?!?!? така да тоа “роб“ пропаѓа во вода и остава трага ко што каменот остава дупка во водата
 
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114
каква е процедурата за собирање зекат? кој, колку и кога треба да даде?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Па човек ни не може да биде безгрешен,а тоа не е ни целта.
Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. рекол: Сите Адемови потомци се грешници,а најдобри се оние кои се покајуваат.
Аллах ги сака тие што искрено му се покајуваат, и таквите заслужуваат прошка и џеннет(рај).[DOUBLEPOST=1394919316][/DOUBLEPOST]
Тоа што исламскиот учењак ќе важи до Судниот ден,колку и ти да не признаваш.. или можеби би признал кога би ти се отвориле очите и срцето.
И добро знеш дека не верувам дека има повеќе богови туку дека луѓето си ги земаат тие работи и несвесно ги креваат на степен на божества.

Колку и да не сакаш,колку и да се противиш.. ќе им робуваш на овие работи ако не му робуваш на тој што треба да му се робува.
Ќе се штрекнуваш секогаш кога ќе ти го снема мобилниот или паричникот.. ќе се нервираш кога ќе ти пишти алармот од колата..
ќе трчаш од избори до избори,од штаб до штаб,од партија до партија....а тоа е модерно ропство,и сакал или не ќе те проголта системот, ќе те ограничат во зборување,движење итн итн..колку и да не признаваш,сите сме робови :)
Да беше праведно сите што се покајале да одат во рајот. Најверојатно тоа ќе го прифатеа и луѓето. Ако некој направил криминал доволено е само да искрено се покае и не ми следува казна. Многу убици ќе му речеа на судијата (Алах) се каам искрено (да речеме и навистина го мислат тоа) и оп нема казна. Искрено покајание не е доволно за награда. Според тоа Алах не е праведен.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Да беше праведно сите што се покајале да одат во рајот. Најверојатно тоа ќе го прифатеа и луѓето. Ако некој направил криминал доволено е само да искрено се покае и не ми следува казна. Многу убици ќе му речеа на судијата (Алах) се каам искрено (да речеме и навистина го мислат тоа) и оп нема казна. Искрено покајание не е доволно за награда. Според тоа Алах не е праведен.
kaenjeto vredi dodeka si ziv vo ovoj svet, a ne vo drugiot svet. tamu site sto cinea losi dela ke se pokajat i ke vikaat "nie sega se pokajuvame za nasite dela, dali ima nekakov izlez za nas?
no nema za zal.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom