За рибите ќе ти одговорам зашто ме заинтересира и мене па дознав

Прво и основно, рибите немаат капаци на очите, така што никогаш не ги затвараат очите за да спијат. Иначе, да спијат, на нивни начин. Што не е сличен на човечкиот или на било кое копнено животно. Мислам дека подобар збор би било дека одмараат. Има риби кои одмараат преку ден а ловат навечер, има риби кои ловат преку ден а одмараат навечер. Најчесто кога одмараат се кријат во коралите или дупи од карпи, или пак во плитки води, некои и си прават нешто како гнезденца на дното, а некои само пловат било каде. Ова не важи за ајкулите затоа што тие мораат да се движат за да дишат. Мислам дека уште не се знае како ајкулите спијат.
За во брзите реки, би рекла дека сигурно наоѓаат некое место каде што можат да се задржат во едно место.