Инвестициски БУМ во Македонија

mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Ќе се гради фабрика во Кичево за воздушни перничиња

Компанија за производство на автомобилски воздушни перничиња планира да отвори фабрика во Македонија со околу 1.000 нови работни места, нагласи премиерот Никола Груевски во денешното гостувањето во Дневникот на ТВ „Сител“.

-Станува збор за компанија, за која не смеам се уште да го откријам името, таа самата треба да објави, која ќе инвестира во Кичево, а ќе производува воздушни перничиња, рече Груевски.

Тој воедно најави дека оваа година се очекуваат 20 странски компании да започнат со процесот на инвестирање во Македонија, дел од нив веќе започнале со изградба на своите производствени капацитети, а дел се во завршна фаза на објавување на нивните инвестиции.

Груевски зборуваше за најавената инвестиција во Велес на компанијата „Макарт“, која што ќе отвори од 600 до 700 работни места, како и инвестицијата на компанијата „Амфенол“ која е сместена во Кочани, а која што најавува околу 2.000 вработувања.

Премиерот говореше и за украинската инвестиција која купи три концесии за рудници, а преку истата ќе се овозможи вработување на 400 до 500 лица.
економски.мк
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.305
Поени од реакции
21.755
Ke vidime, i za bolnicata vo Kicevo sekoja prolet najavuvaat deka konecno ke ja zavrsat pa nisto. Godinava duri dvapati najavile :ROFLMAO:[DOUBLEPOST=1395052552][/DOUBLEPOST]Da ne bidam loso sfaten: Ako se desi ova ke bide mnogu dobro, sekako. Se nadevam i na soodvetni plati a ne samo minimalecot.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751

И пругата во Куманово, еднаш ставаат штрафови, еднаш лопата бетон, следниот пат ќе донесат некоја даска и здравје за сите кампањи ќе имаат по некој градежен материјал за пред камера.
 
C

cige

Гостин
Лудгер Шонекер, менаџер од корпорацијата Маркард која е една од германските инвестиции во Македонија, на синоќешниот Бизнис форум во Штутград изјави дека ќе почнат со изградба на фабриката во Велес во април годинава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Бројки:
1,8 милијарди евра странски директни инвестиции се влезени во земјава од 2006 та досега
38 милиони евра производи и услуги продале македонските компании кон зоните во 2012 та година
20% од вкупниот извоз на Македонија се создава во слободните економски зони
8.500 вработени е предвидено да отворат странските инвестиции кои влегоа во Македонија во 2012 та година

Како Србија ја зголеми користа од странските инвестиции?
Погоре спомената бројка од 15,96 милијарди евра странски директни инвестиции во Србија не е случајна. Таа во најголем дел се должи ни а договорите за слободна трговија кои Србија ги има со Русија, Белорусија и Казахстан, а кои се голема мамка за западните инвеститори.
Марко Обрадовиќ од Стопанската Комора на Србија за Капитал објаснува дека последниве неколлку години има масовна изградба на производствени капацитети со намера да извезуваат во Русија.
„Во моментов во Србија има преку 1.300 словенечки компании и околу 500 од Хрватска. Исто така од Италија има масовнодоаѓање на инвеститори кои сакаат да извезуваат во Русија. Тие вложуваат во Србија и формираат заедничка италијанско-српска компанија која е регистрирана како српска и на тој начин извезуваат со 1% царина, наместо со 10% како што би се извезувало од Италија за Русија“, вели Обрадовиќ.
Обрадовиќ објаснува дека секој производ кој се извезува од Србија мора да има 51% домашни суровини во него. "На тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само Србија, туку и Србија и нејзиното стопанство бенефицираат од странските инвестиции“, вели Обрадовиќ.

Според последниот ивештај
на Светска банка за регионот на југоисточна Европа, просекот на директни странски инвестиции по глава на жител изнесува 285 долари. Според овој показател, директните странски инвестиции во долари по жител во Србија изнесуваат 341, Косово- 284, Албанија-232, Македонија-199 и БиХ- 77 долари по глава на жител.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
da ne se racuna i baksisot od subrata roj sto mu godade na kelnerot, kako stranski investicii? MUHHAHHAHAHHAHAA
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Што е ова приказни ала битушанец или? Срамота, до кое ниво паѓаш не ми се верува. Покачиле 20% извоз, а увозот кај ти е? Или сами ги создале во МКД? Глупости на квадрат. Додека сме кај квадратот НБРМ вели вака:

НБРМ вели дека за да странските инвеститори извеле толкава стока, увоз направиле дупли што девизните одливи ги дуплирале.

Исто така НБРМ вели дека Македонија со извоз и увоз и минусот во трговски биланс стои вака

НБРМ вели дека во
2013 извозот е 3.206.2 милиони евра.
Во 2012 е 3.106.2.
Во 2011 е 3.210.9 милиони евра.
Во 2010 е 2.530.1.
Во 2009 е 1.932.6

Споредено со увозот за да се изрази минусот во трговската размена на МКД е вака:
2013 увозот е 4.790.7,
во 2012 е 4.863.5
2011 е 4.859.2
во 2010 е 3.977.9
и во 2009 е 3.492.2.

И сега една проста математика битушанец нели извоз-увоз=трговски биланс
2013 - 1.584.4
2012- 1.759.6
2011 - 1.648.3
2010 - 1.447.8
2009 - 1.559.6

Минус стои пред бројките.

Странски директни инвестиции во МКД по години од БДП:

2009 - 2.1%
2010- 2.3%
2011- 4.5%
2012- 0.9%
2013-сеуште нема податок :(

Ау колкави инвестиции сме имале, браво :D

Туку со влезот на странските инвестиции минусот на трговското салдо на МКД остана минус со иста или поголема вредност по години.

И друг пат ако не ти е јасно прашај ја НБРМ, она знае се http://www.nbrm.mk/?ItemID=73362446CDCE464EBDA30329D494E212
Дали за да не паѓам ниско, треба да бидам редовен плукач по власта и за добро направени работи?

Прочитав некои податоци од НБРМ кои може да се најдат на: http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400

Извозот на Македонија е дуплиран (зголемен за 100% ) за 8 години и тоа:
1. Извоз 2005 г. - 2040,6 мил. УСД
2. Извоз 2013 г. - 4.259,6 мил. УСД

Исто така, увозот на Македонија е дуплиран:
1. 2005 г. - 3,103,6 мил. УСД
2. 2013 г. - 6,364,1 мил. УСД

Ова покажува дека за само 8 години, во Македонија има дуплирање на извозот и увозот, што значи дека за само 8 години Македонија има дупло повеќе пари и обрт на средства отколку пред 8 години. Ова е неверојатен успех.

Врзано за дефицитот, тој е поради увоз на нафта, платина, руди на никел и струја. Што да правиме кога Македонија нема нафта, нема платина, нема доволно никел и струја, па мораме да ги увезуме.[DOUBLEPOST=1395186565][/DOUBLEPOST]
Како Србија ја зголеми користа од странските инвестиции?
Погоре спомената бројка од 15,96 милијарди евра странски директни инвестиции во Србија не е случајна. Таа во најголем дел се должи ни а договорите за слободна трговија кои Србија ги има со Русија, Белорусија и Казахстан, а кои се голема мамка за западните инвеститори.
Марко Обрадовиќ од Стопанската Комора на Србија за Капитал објаснува дека последниве неколлку години има масовна изградба на производствени капацитети со намера да извезуваат во Русија.
„Во моментов во Србија има преку 1.300 словенечки компании и околу 500 од Хрватска. Исто така од Италија има масовнодоаѓање на инвеститори кои сакаат да извезуваат во Русија. Тие вложуваат во Србија и формираат заедничка италијанско-српска компанија која е регистрирана како српска и на тој начин извезуваат со 1% царина, наместо со 10% како што би се извезувало од Италија за Русија“, вели Обрадовиќ.
Обрадовиќ објаснува дека секој производ кој се извезува од Србија мора да има 51% домашни суровини во него. "На тој начин странските инвеститори не ја искористуваат само Србија, туку и Србија и нејзиното стопанство бенефицираат од странските инвестиции“, вели Обрадовиќ.
Според последниот ивештај на Светска банка за регионот на југоисточна Европа, просекот на директни странски инвестиции по глава на жител изнесува 285 долари. Според овој показател, директните странски инвестиции во долари по жител во Србија изнесуваат 341, Косово- 284, Албанија-232, Македонија-199 и БиХ- 77 долари по глава на жител.
Србија има 4 пати повеќе население од Македонија.
Србија во 2013 г. извезла стоки во вредност од 13.3 милијарди usd, а Македонија извезла 4,3 милијарди usd долари.
Македонија има значително поголем извоз по глава на жител од Србија
:icon_lol::icon_lol::icon_lol: Странските инвестиции во Македонија генерираат поголема вредност и очигледно дека Македонија знае кои странски инвеститори да ги привлече.
 
Последно уредено:
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Дали за да не паѓам ниско, треба да бидам редовен плукач по власта и за добро направени работи?

Прочитав некои податоци од НБРМ кои може да се најдат на: http://www.nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400

Извозот на Македонија е дуплиран (зголемен за 100% ) за 8 години и тоа:
1. Извоз 2005 г. - 2040,6 мил. УСД
2. Извоз 2013 г. - 4.259,6 мил. УСД

Исто така, увозот на Македонија е дуплиран:
1. 2005 г. - 3,103,6 мил. УСД
2. 2013 г. - 6,364,1 мил. УСД

Ова покажува дека за само 8 години, во Македонија има дуплирање на извозот и увозот, што значи дека за само 8 години Македонија има дупло повеќе пари и обрт на средства отколку пред 8 години. Ова е неверојатен успех.

Врзано за дефицитот, тој е поради увоз на нафта, платина, руди на никел и струја. Што да правиме кога Македонија нема нафта, нема платина, нема доволно никел и струја, па мораме да ги увезуме.
И да не го заборавиме трговскиот дефицит од 20% од џидипи.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
И да не го заборавиме трговскиот дефицит од 20% од џидипи.
Трговскиот дефицит е воглавно поради високиот увоз на нафта, руди од никел, платина и струја. Што да правиме кога Македонија не е надарена со нафта, никел и платина, па мора да ги увезуваме.:(
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Трговскиот дефицит е воглавно поради високиот увоз на нафта, руди од никел, платина и струја. Што да правиме кога Македонија не е надарена со нафта, никел и платина, па мора да ги увезуваме.:(
Никелот и платината еден до друг. :pos:
Але, со конкурентноста шо праиме? Никој нема се, па пак има држави без дефицит.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Србија има 4 пати повеќе население од Македонија.
Србија во 2013 г. извезла стоки во вредност од 13.3 милијарди usd, а Македонија извезла 4,3 милијарди usd долари.
Македонија има значително поголем извоз по глава на жител од Србија :icon_lol::icon_lol::icon_lol: Странските инвестиции во Македонија генерираат поголема вредност и очигледно дека Македонија знае кои странски инвеститори да ги привлече.
Неспорно дека е и поголема ама подолу во текстот пишува и по глава на жител.
И според овие податоци за 2010, 2011 Македонија меѓу 13те е рангирана 10та.
На страна тоа што се говори само за внес на пари, а не за структура или изнесување надвор од истите компании.

Колку плаќале граѓаните/буџетот на Македонија за овие т.н. инвестиции. Повеќе, на линкот

Владата сé уште плаќа за фабриката на „Џонсон контролс
Покрај даночните ослободувања за период од 10 години, Владата на странскиот инвеститор му компензирала 50 отсто од бруто-платата на секој работник и му доделила 2 милиони евра за изградба на фабриката и 2 милиони евра за обука на вработените

И едно интервју од февруари 2013 на г-нот Гошев во врска со инвестирањето, бнп и бдп... повеќе, на линкот
Интервју - Станавме измеќари на меѓународниот капитал
Во глобализацијата има добитници и губитници. Ние сме губитници. Ние сме дел од таканаречената асиметрична глобализација. Продаваме се', и тоа најдоброто, а не купуваме ништо. На тој начин ние стануваме само измеќари на меѓународниот капитал: нашите во странство за надница, нашите дома за надница, уште помала, и тоа додека не им текне да најдат некој друг инвестициски рај. Реки пари истекоа надвор од нашата економија и народ од неукост и корумпираност, вели Петар Гошев, поранешен гувернер на НБМ
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.134
Поени од реакции
8.927
Донекаде си го исполнија ветувањето дека ќе донесат фирми од авто индустријата е сега цената што државата ја плаќа за оние инвестиции не ја знае никој.

Сакав да кажам за Џонсон во Штип. Сега таму се вработија многу луге, моментално над 1000 работат со полна пареа во 3 смени 5 дена во неделата (што е чудно за Штип). Се работи по 8 часа со стоење и интересно има многу машки вработено. Имаат обезбеден превоз и храна а платите им се редовни.

Е сега за платите за оние што шијат земаат помеѓу 10-12 илјади денари или 50% од како што кажуваат дека е просечната плата во Македонија. Јас не сум сигурен дали Џонсон плаќа придонеси за вработените доколу не ова што ние им го даваме е бетер од Бангладеш. Поради ова голем дел вработени од останатите конференции или други фирми бегаат во Џонсон за кој може да се каже дека на некој начин е нелојална конкуренција
 
Kajgana Shop

На врв Bottom