Македонско фудбалско првенство 2013/14

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    206
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.880
Вие ако завршите 4 а би требало со оглед на тоа што Турново би требало да тепаат утре тогаш дербито со Вардар ќе го играте дома, 8 коло.
Нема да тепа Турново ќе видиш :)

Ако тепаат и Пелистер и Турново има каша попара да биде хахаха

Работнички има 3 бода со Турново, 4 со Вардар и 3 со Пелистер = 10
Вардар има 1 бод со Турново, 1 со Работнички и 4 со Пелистер =6
Турново има 3 бода со Работнички, 4 со Вардар и 1 со Пелистер=8
Пелистер има 3 со Работнички, 1 со Вардар и 4 со Турново=8

Во ваков случај ние сме четврти, а Пелистер втори :D
Така да ние ќе бидеме тие што во 8 коло ќе играме дома со Пелистер:)

Во секој случај играме дома со Пелистер...
Освен ако Турново освои повеќе бодови осд Пелистер во ова коло што ми е просто неверојатно :D
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.152
Поени од реакции
8.122
Вие ако завршите 4 а би требало со оглед на тоа што Турново би требало да тепаат утре тогаш дербито со Вардар ќе го играте дома, 8 коло.
Вардар 3 ќе биде ако тепа Турново, најдобра гол разлика имаат Турновци.[DOUBLEPOST=1394921757][/DOUBLEPOST]
Нема да тепа Турново ќе видиш :)

Ако тепаат и Пелистер и Турново има каша попара да биде хахаха

Работнички има 3 бода со Турново, 4 со Вардар и 3 со Пелистер = 10
Вардар има 1 бод со Турново, 1 со Работнички и 4 со Пелистер =6
Турново има 3 бода со Работнички, 4 со Вардар и 1 со Пелистер=8
Пелистер има 3 со Работнички, 1 со Вардар и 4 со Турново=8

Во ваков случај ние сме четврти, а Пелистер втори :D
Така да ние ќе бидеме тие што во 8 коло ќе играме дома со Пелистер:)

Во секој случај играме дома со Пелистер...
Освен ако Турново освои повеќе бодови осд Пелистер во ова коло што ми е просто неверојатно :D
Гол разлика не се гледа?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.092
Поени од реакции
74.880
Не се гледа ваљда, со оглед на тоа што веќе играа секој со секого...
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.382
Поени од реакции
5.484
3 место да завршиме ми гледа подобар распоредот и ќе можиме да извлечиме повеќе бода до крајот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
71
Поени од реакции
18
Распоредот за последните 11 кола.

http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showPlan&mode=1&p=10&Itemid=126

Сеуште се гледа гол-разликата со глупите правила на ФФМ. Само за конечната табела се гледа меѓусебниот дуел што е апсолутно неправилно затоа што една екипа секогаш ќе има предност со тоа што два пати играла дома. Ама ај, уште оваа сезона.
 
ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.305

Od denesniot mec vo TE , Shkendija-Renova 0:0

Zasto na "makedonskoto super derbi" Vardar-Pelister ima edvaj 2.000 gledaci , ili pak na Rabotnicki-Vardar 1.000 , sto ako site drugi klubovi i navivaci ke go polnea vaka stadionot , ili pak vi ostanalo na vas samo teorijata , "NAJDOBRI , SITE NAVIVAT ZA EDEN KLUB , a toj klub 300 gledaci ima po utakmica " .
 
F

FARANG

Гостин
Распоредот за последните 11 кола.

http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showPlan&mode=1&p=10&Itemid=126

Сеуште се гледа гол-разликата со глупите правила на ФФМ. Само за конечната табела се гледа меѓусебниот дуел што е апсолутно неправилно затоа што една екипа секогаш ќе има предност со тоа што два пати играла дома. Ама ај, уште оваа сезона.

Па правилно е така. За распоред на 3тиот круг да се гледа гол разлика и бодови. Третиот круг според заслуга се игра дома - гости. Ако си на горниот дел на табелата имаш една екстра дома. Мислам дека и за крај одлучува гол разликата ама ако веќе се прави некаков збир и се гледаат мегусебни дуели тогаш според заслуга во првиот дел некој се изборил за таа предност да има домашен трет дуел. ОК си е системот, мада двокружен со намелена лига е подобра опција.
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608

Работнички го има убедливо најтешкиот распоред. Две гостувања во Тетово,па Битола и на крај Турново. Треба да се случи чудо па да ја освоиме титулата.
 
Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Подобро да ремизиравте со Вардар :D
Па да ке имавме -3 бода ама подобар распоред. Вака реално тешко ќе биде,но нема предавање. Па и излез во Европа не е лошо после 2 години пауза.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
71
Поени од реакции
18
Па правилно е така. За распоред на 3тиот круг да се гледа гол разлика и бодови. Третиот круг според заслуга се игра дома - гости. Ако си на горниот дел на табелата имаш една екстра дома. Мислам дека и за крај одлучува гол разликата ама ако веќе се прави некаков збир и се гледаат мегусебни дуели тогаш според заслуга во првиот дел некој се изборил за таа предност да има домашен трет дуел. ОК си е системот, мада двокружен со намелена лига е подобра опција.
За распоред на третиот круг и јас велам дека е ок вака. Велам дека е неправилно за конечната табела да се гледа меѓусебен (затоа што тогаш се гледа меѓусебен а не гол разлика) затоа што секогаш една екипа ќе има две на домашен терен. Заслугата е доволна за од втор во трет круг кога екипа од погорниот дел добива 6 дома, ама сега и на крај пак истата заслуга на некој начин двојно им се важи.
 
Мислам дека си грешка, гол разлика и на крај се гледа, ако е идентична тогаш се гледаат меѓусебни. Е сега порано паричка фрлале ова е сепак подобро. Исто така ако некоја екипа после 22 кола заслужено била прва тогаш негледам зошто правиме проблем со ваков распоред, заслужиле да ја имаат таа 3та утакмица дома.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
71
Поени од реакции
18
Минатата сезона се јави истиот проблем и еве еден текст кој добро го објаснува правилникот на ФФМ во пракса.

https://www.facebook.com/notes/macedonianfootballcom/ффм-и-баражите/552765641434025

Со оглед на тоа што се јавува проблем со информираноста кај љубителите на македонскиот фудбал за тоа како се сортира табелата во случај на исти бодови, а ФФМ немаат објавено правилник на нивниот сајт, ќе се обидеме да протолкуваме некои одредби.

Ние имаме правилник од 2006-та година кој НАЈВЕРОЈАТНО сеуште е во употреба. ФФМ очигледно не чувствува потреба да објавува вакви информации но како и да е...

Правилникот вели вака -

Пласманот на табелата се утврдува со бројот на освоените бодови.

Ако екипите освојат ист број на бодови, за пласманот одлучува разликата меѓу дадените и примените голови. Во случај разликата да е иста повисоко место завзема екипата која дала повеќе голови. А ако и тоа е исто, се гледаат меѓусебните натпревари, а во случај да и тоа е исто, натпреварувачкиот орган го утврдува пласманот со ждрепка во присуство на по еден овластен претставник на клубовите..

Но, потоа вели вака...

Исклучок во утврдување на пласманот има ако е во прашање место кое одлучува првак или поминување во повисок или понизок степен на натпреварување или учество во клупските натпреварувања на УЕФА.

Ако клубовите имаат ист број на бодови во конечната табела во првенството, пласманот се утврдува на следниот начин:

Ако два клуба имаат ист број на бодови повисоко пласирана е екипата која во меѓусебните средби има подобар биланс.

Ако три и повеќе клуба имаат ист број на бодови се прави додатна табела во која влегуваат резултатите од меѓусебните натпревари што ги одиграле екипите со ист број на бодови. Ако збирот на освоените бодови е ист, одлучува разликата меѓу дадените и примените голови. Ако и оваа разлика е иста, одлучува поголемиот број на постигнати голови во гости (кога се два клуба), односно поголем број на постигнати голови кога се во прашање три или повеќе клуба.

Бидејќи сеуште може да е конфузно, да преминеме на пракса:

Сезона 2011/12 1. Лига http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showRanking&p=6 9. место Турново. 10. место Тетекс - неспорно. Истата сезона, 2. Лига: http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showRanking&p=7 Скопје и Еуромилк имаат ист број на бодови, Еуромилк има подобра гол разлика но полош меѓусебен скор со Скопје и затоа тие се на четврто место. Затоа, во баражот играа 9то пласиранот Турново против 4то пласираниот Еуромилк и 10то пласираниот Тетекс против 3то пласираниот Скопје.

Или, во превод, во моменталната сезона - доколку Дрита, Напредок и Пелистер имаат ист број на бодови на крај на сезоната, Дрита се спасува, Пелистер ќе игра со Еуромилк, а Напредок со Скопје.[DOUBLEPOST=1395058348][/DOUBLEPOST]Е тука е заебанцијата со системот. Цела сезона се гледа гол разлика, само на крај и само за местата кои нешто значат се гледа меѓусебниот. И третиот натпревар го добиваш дома заради подобра гол разлика а на крај, кога е поважно се сортира по меѓусебен во кој имаш предност затоа што претходно си имал подобра разлика.

Ретко доаѓало до вакви ситуации ама сезонава очигледно дојде.
 
Последно уредено:
B

Beck's

Гостин
Колку глупо е само ова, среќа што од наредната нема да има вакви работи со три кружен систем
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom