Минатата сезона се јави истиот проблем и еве еден текст кој добро го објаснува правилникот на ФФМ во пракса.
https://www.facebook.com/notes/macedonianfootballcom/ффм-и-баражите/552765641434025
Со оглед на тоа што се јавува проблем со информираноста кај љубителите на македонскиот фудбал за тоа како се сортира табелата во случај на исти бодови, а ФФМ немаат објавено правилник на нивниот сајт, ќе се обидеме да протолкуваме некои одредби.
Ние имаме правилник од 2006-та година кој НАЈВЕРОЈАТНО сеуште е во употреба. ФФМ очигледно не чувствува потреба да објавува вакви информации но како и да е...
Правилникот вели вака -
Пласманот на табелата се утврдува со бројот на освоените бодови.
Ако екипите освојат ист број на бодови, за пласманот одлучува разликата меѓу дадените и примените голови. Во случај разликата да е иста повисоко место завзема екипата која дала повеќе голови. А ако и тоа е исто, се гледаат меѓусебните натпревари, а во случај да и тоа е исто, натпреварувачкиот орган го утврдува пласманот со ждрепка во присуство на по еден овластен претставник на клубовите..
Но, потоа вели вака...
Исклучок во утврдување на пласманот има ако е во прашање место кое одлучува првак или поминување во повисок или понизок степен на натпреварување или учество во клупските натпреварувања на УЕФА.
Ако клубовите имаат ист број на бодови во конечната табела во првенството, пласманот се утврдува на следниот начин:
Ако два клуба имаат ист број на бодови повисоко пласирана е екипата која во меѓусебните средби има подобар биланс.
Ако три и повеќе клуба имаат ист број на бодови се прави додатна табела во која влегуваат резултатите од меѓусебните натпревари што ги одиграле екипите со ист број на бодови. Ако збирот на освоените бодови е ист, одлучува разликата меѓу дадените и примените голови. Ако и оваа разлика е иста, одлучува поголемиот број на постигнати голови во гости (кога се два клуба), односно поголем број на постигнати голови кога се во прашање три или повеќе клуба.
Бидејќи сеуште може да е конфузно, да преминеме на пракса:
Сезона 2011/12 1. Лига
http://www.macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showRanking&p=6 9. место Турново. 10. место Тетекс - неспорно. Истата сезона, 2. Лига:
http://macedonianfootball.com/index.php?option=com_joomleague&func=showRanking&p=7 Скопје и Еуромилк имаат ист број на бодови, Еуромилк има подобра гол разлика но полош меѓусебен скор со Скопје и затоа тие се на четврто место. Затоа, во баражот играа 9то пласиранот Турново против 4то пласираниот Еуромилк и 10то пласираниот Тетекс против 3то пласираниот Скопје.
Или, во превод, во моменталната сезона - доколку Дрита, Напредок и Пелистер имаат ист број на бодови на крај на сезоната, Дрита се спасува, Пелистер ќе игра со Еуромилк, а Напредок со Скопје.[DOUBLEPOST=1395058348][/DOUBLEPOST]Е тука е заебанцијата со системот. Цела сезона се гледа гол разлика, само на крај и само за местата кои нешто значат се гледа меѓусебниот. И третиот натпревар го добиваш дома заради подобра гол разлика а на крај, кога е поважно се сортира по меѓусебен во кој имаш предност затоа што претходно си имал подобра разлика.
Ретко доаѓало до вакви ситуации ама сезонава очигледно дојде.