Има квоти за дозволено учество на фашисти/нацисти/радикали/антисемити/националисти? (заокружи си термин кој најмногу ти одговара)
И не е 10 туку 20% од министерските позиции.
Легитимно избрани на избори кои не се одржале?
Заборави да споменеш кои министерства припаднаа на тие “ништожни“ 20 % пратеници на Свобода:
1. Александр Сыч - вице Премиер на Украина
2. Игорь Иосифович Тенјух - министер за Одбрана
плус министерствата за земјоделство и мин. за природни ресурси.
Владата е составена од 7 министри од Баткившчина, 4 од Свобода и останатите 10 “беспартиски“. За партијата на Кличко ниту едно министерско место
Од вкупно 21 позиција во новата влада дури 16 министри се од Лвов - западна Украина, а во останатите 5 нема ниту еден претставник од Крим или Југоисточна Украина.
Во моментов власта во Украина е поделена меѓу само две политички партии Баткившчина и Свобода. Тоа доволно говори за нејзиниот легитимен карактер после вооружениот преврат.
Кога сме веќе кај пропагандата... релативизирањето и игнорирањето на Национал-Социалистички идеологии и програми за чиста православна нација довело до власт луѓе како Хитлер и некои други историски фаци.