Ја скршив раката...

  • Креатор на темата Креатор на темата rozij
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2013
Мислења
10
Поени од реакции
0
Возраст
29
Сега скоро треба да го вадам гипсов. Ме интересира дали некој знае дали на лекар ти прават нешто посебно кога ти го вадат гибсот во смисла: да видат дали го движиш прстот, ренген(x ray) и др. Или само ке ти го извадат и ај чао.. се мислам дали да го извадам дома затоа што моиве родители запнале или да одам на лекар да ми го извадат??
 
Иди си на доктор не се заебавај... треба да проверат дали ти е добро наместена.
 
Јас ти препорачувам да отидеш на доктор,не си играј !
 
Сега скоро треба да го вадам гипсов. Ме интересира дали некој знае дали на лекар ти прават нешто посебно кога ти го вадат гибсот во смисла: да видат дали го движиш прстот, ренген(x ray) и др. Или само ке ти го извадат и ај чао.. се мислам дали да го извадам дома затоа што моиве родители запнале или да одам на лекар да ми го извадат??
Ќе си отидеш на лекар, ќе го пресечат гипсот, ќе видат дали сега е во ред раката и готово:)
 
другар ти тешкото си го поминал, шо се плашиш?
 
другар ти тешкото си го поминал, шо се плашиш?
Како бе тешко поминалА, ако не и е правилно наместена ќе треба пак да и ја кршат. Е ТОА е тешкото...
 
Отиди си на лекар да видат дали правилно зараснува, во спротивно (во зависност од скршеницата) ако не зарасне правилно и си имаш проблеми ќе треба одново да ти ја кршат...
 
Како бе тешко поминалА, ако не и е правилно наместена ќе треба пак да и ја кршат. Е ТОА е тешкото...
ако не е правилно наместена нека го тужи докторот, ќе се почасти
 
ако не е правилно наместена нека го тужи докторот, ќе се почасти
Тоа е небитно, да ти ја кршат раката намерно и да си свесен дека ќе се деси, nasty stuff...

Али да не го плашиме девојчето :D
 
Сега скоро треба да го вадам гипсов. Ме интересира дали некој знае дали на лекар ти прават нешто посебно кога ти го вадат гибсот во смисла: да видат дали го движиш прстот, ренген(x ray) и др. Или само ке ти го извадат и ај чао.. се мислам дали да го извадам дома затоа што моиве родители запнале или да одам на лекар да ми го извадат??
После тоа можда ќе треба да одиш на физикална, не се глупирај како 90% од пациентиве во Македонија, еј пројде ова дома сега ќе си продужам или ќе прекине со земање апчиња сред терапија оти мисли дека е океј и кога ќе се врати болеста докторот е крив. Оди и слушај што ќе ти кажат.
 
Отиди си на лекар да видат дали правилно зараснува, во спротивно (во зависност од скршеницата) ако не зарасне правилно и си имаш проблеми ќе треба одново да ти ја кршат...
Kako kje mu ja krshat odnovo? Mnogu me zanima
 
Не се писмени тука докторите...мене ми ја "наместија" по после 1 месец ми ја прекршија (не била убаво наместена)...па гипсот го носев уште 2 месеци, и кога дојде време да го ваѓаат ми рекоа не е добро наместено, сега операција треба да те правиме:facepalm:
Не се согласив, сам си го извадив гипсот, сам си правев физикална терапија додека не закрепнаа мускулите... сега во ред ми е, работам/кревам и се правам со раката не се приметува дека била скршена ни операции ни глупости.
Од една рака 300 компликации ќе ти направат, зошто се неписмени и незаинтересирани ако не ги подмитиш.
 
Убаво го советувате, не е ни чудо ако не отиде на лекар после...

Не слушај никој, отиди си ти на лекар.
Како може да е крив лекарот ако ви е лошо наместена раката бе? Он ако не ти ја намести правилно има да умреш од болки, за тоа дека наново треба да се крши е поради недоволното грижење од ваша страна, доколку не ја пазите нормално е дека може да се измести коската и да зарасне како што не треба.
 
ако не е правилно наместена нека го тужи докторот, ќе се почасти
тоа со тужење лекари нека го заборави ...... ова за сите. јас со докази до небо, али никако да најдам 3-ца лекари кои ќе посведочат на суд дека ТОЈ лекар ја утнал работата. се држат, и како такви ние пациентите ќе си ги сносиме последиците. да не навлагам во детали, али после една год, морав да се оперирам, штрафови и сл ......... но на суд никогаш не стигнавме:(:mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom