Битка на ликовите (Daenerys Targaryen Vs. Cersei Lannister)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

Daenerys Targaryen vs Cersei Lannister


  • Вкупно гласачи
    50
Серсеи е каде каде поинтересен карактер него Калиси. Калиси ми личи на 16 годишна средношколка што не знае што сака и секоја втора реченица и е Muh Draguns пошо нали првата и е Im a muther of darguns.
 
Калиси е за штипкање и за под рака, Серсеи а за bondage и ATM
И сеа немој да ми кажеш само дека и штипкањето и држењето под рака имаат свои убавини (коа ќе се споредат со другово).
 
И сеа немој да ми кажеш само дека и штипкањето и држењето под рака имаат свои убавини (коа ќе се споредат со другово).

у ниеден случај, ги спомнав како нешто погрдно на сметка на Калиси. Лесно и е сеа да глуми силна, увиџајна и пример за секоја самостојна жена, а кај и беше таа сила кога и беше главата напикана во песок. :D
 
Ептен диктаторски став имаат кон Калиси овие „читачиве“. Еден на сто е со различен став за неа, останативе се едно исто пекаат. И сеа не ги обвинувам за тоа, можеби читајќи се добива таков став за неа (ма да мислам дека повеќето од нив тој став го добиле на тоа што го прочитале по нетов од колеги кои претходно ги читале книгите), ама за мене, како (сеуште) само гледач на серијата, тотално нонсенс ми е толкавиот хејт за Калиси.

*Да читачи, КАЛИСИ, ми е гајле што е тоа титула, така ми е полесно да ја викам/пишувам отколку Даениерис.

И сеа, немаше да го пишам ова доколку некој погоре не спомнеше дека Калиси е тотално непотребен лик. Баш е потребен лик, баш тој широк дијапазон на ликови ја прави приказната неповторлива. Да беа сите Westeros kind of ликови ќе гледавме серија строго позиционирана врз политиката на Вестерос. Токму приказните од зад ѕидот и оние од истокот прават приказната да претставува цел самостоен свет, со комплетно различни ликови, места, мистерии...

А како би го запознал тој свет ако не беше приказнава за Калиси? Колку што уживам во дијалозите на политичките опоненти во Вестерос, така пред се визуелно уживам во пејсажите од Есос (фала ти CGI) и мистериите кои ги крие секој град таму.

И за Серсеи, она импровизирала? Со што? Серсеи досега успешно импровизирала само со пичката, правејќи инцест. Па не знае ни употребата на нејзината between the legs не знае да ја ухода со употребата на умот (како што тоа го прави Мелисандре, Марџери...) Секојпат кога импровизираше со умот беше на раб на неуспех. Ако тоа што нервира кај Калиси е постојаната „среќа“, тоа треба да нервира и кај Серсеи.

Реков веќе дека не се овие два лика за споредба, затоа што едната е девојче кое било во бегство, манипулирано од својот брат и кое не видело ништо од светот до почетокот на приказнава, а другава е инцестоидна MILF, која како девојче служела на татко и како оружје за воен сојуз (оп, чекај, исто како и Калиси), ама поминале години од тоа па ајде не и замераме нејзе.

Целата нејзина филозофија и ја објасни на Санса за тек на Blackwater битката:

Capture.JPG

Можеби и ова Калиси ќе го вели некому кога ќе напуни 30 години (веќе учеше од помошничката), затоа, оваа “битка на ликови“ меѓу нив две, ми е лоша.

Серсеи е каде каде поинтересен карактер него Калиси. Калиси ми личи на 16 годишна средношколка што не знае што сака и секоја втора реченица и е Muh Draguns пошо нали првата и е Im a muther of darguns.

Па тоа и Е она. Проблемот е во вас што ја гледате како жена у години. Muh dragons.
 
Денерис ја обожавам. Прекрасна, силна појава, битен играч и не знам шо се истреска некој горе дека е тотално небитна. Има шарм, има кралски карактер и шанси за тронот.

Ама тука е Серсеи, уште поспецифичен лик. Се води според Макијавели, за неа целта ги оправдува средствата. Паметна, исто шармантна али за некој степен поинтересен лик од принцезитата така да, ја ставам пред Калиси у дуелов. Плус какво синче си има со брат и, милина. Не го раѓа секој такво.
 
Денерис ја обожавам. Прекрасна, силна појава, битен играч и не знам шо се истреска некој горе дека е тотално небитна. Има шарм, има кралски карактер и шанси за тронот.
Јаки шанси за тронот има. Со филозофии за слободни луѓе, робови, право на наследство и змееви се стигало до тронот. :D
 
И Нед проба така наивно и невино да стигне до некои цели и остана без глава. Самото тоа што Тајвин Ланистер е најмоќен човек треба да и каже на Денерис многу, да си ја удри главата малце што прави :)
 
Јаки шанси за тронот има. Со филозофии за слободни луѓе, робови, право на наследство и змееви се стигало до тронот. :D
Е шо, кaко да нема.

Е сеа ти или си ја читал книгата па знаеш шо ќе се деси и ме заебаваш или и ти лупеташ унапред како мене. :D
 
Е шо, кaко да нема.

Е сеа ти или си ја читал книгата па знаеш шо ќе се деси и ме заебаваш или и ти лупеташ унапред како мене. :D
Дaенерис има доволно војска да го преплави Вестерос. Ама таа решава онака, чисто идеалистички да менува традиции стари илјадници години. Тоа воопшто не е одлика на добар владетел.

Да се префрлеше на островот, наместо да оди во битки за ослободување градови, тогаш ќе беше опасно важен лик. Вака е обична тинејџерка што решава да си ги остварува соништата. :D
 
Дaенерис има доволно војска да го преплави Вестерос. Ама таа решава онака, чисто идеалистички да менува традиции стари илјадници години. Тоа воопшто не е одлика на добар владетел.

Да се префрлеше на островот, наместо да оди во битки за ослободување градови, тогаш ќе беше опасно важен лик. Вака е обична тинејџерка што решава да си ги остварува соништата. :D
Ќе има битка, ќе му прпа на Тајвин од неа, ако како шо вика Илумиус може е најмоќен човек, таа е прилично сериозна закана. Ако продолжи со тој тинејџерски карактер шо го викаш, може не бргу, кад тат ќе биде кандидат (рима :-D). Освен ако не се комбинираат сите заедно да идат на уајт уолкерите, ама ae да не бегаме од тема..
:-D
 
Што е ова, ја утепа Серсеи Дани во мислењава, а во анкетава Дани води. Дан останале некои гласови од минатата анкета?
 
@ElNinho
Можеш Dany да ја пишеш де. :)

Тоа дека читачите ја критикуваат Daenerys само за да се вклопат во fandom-от, може многу лесно да се префрли и на серијата, затоа што Dany е најпопуларен лик. Не држи вода. И не сум баш сигурен дека е хејт, пошто таквиот израз претпоставува дека само две опции се возможни, или ја сакаш или ја мразиш. А ретко кога е така. Повеќе сум неутрален кон неа како лик. Овој термин би бил поприкладен ако би се однесувал за тоа што чувствувам за Cersei на пример. А Cersei е ликот што било кога би го избрал пред Daenerys. Чувствување на омраза кон еден лик не значи дека тој лик ти пречи, напротив, може да ти биде еден од поомилените. Hence the 'love to hate' term.

Не ја мразам Daenerys, не сакам нешто лошо да и се случи, напротив се надевам дека ќе има среќен крај за неа, само не онаков како што таа посакува (или мисли дека посакува). Поприлично сочувстував со ситуацијата во која што се наоѓаше на почетокот.
Ама кога почна со self-entitlement issues почна да ми се менува мислењето. Не дека самото тоа по себе е толку лошо, попроблематична ми е дволичноста, што некако тоа пробува да го прикрие позади некаква идеологија. Дека таа е спасителот, тоа го прави за луѓето, за кралството, а не поради исклучиво себични причини. Искрено, конечно еднаш да си признае како го сака тронот за себеси нема да ми пречи толку.
Интересно е како сите се смеат на Joffrey за тоа 'I am the King', и коментарот на Tywin што следуваше. А кога ќе се наредат безбројните титули на Daenerys (вклучувајќи и Queen of the First Men and the Andals) е во ред. Само една од овие личности е монарх во моментов.

Можеби не би отишол до таму да речам дека е непотребен лик, ама што се однесува до мене истокот (значи не цел Essos, далечниот исток каде што патува Daenerys) е нешто што воопшто не ми се вклопува во севкупната приказна. Разбирам дека на многумина им се допаѓа затоа што изгледа мистериозно и егзотично, ама мене воопшто не ми е гајле што се случува таму. Да се разработуваше во друг серијал, каде што ќе се посветуваше повеќе време на тие места, секако, не би ми пречело. Ама вака е само место на кое Daenerys ќе помине, ќе запали по некого, бидејќи тоа е најважниот дел од нејзиното школување, ќе ги ослободи сите робови кои веднаш потоа ќе воведат демократски политички систем и на крај истото ќе го направи во Westeros.

Токму тука ги наоѓам проблемите во нејзината приказната. Slaver's Bay е само отскочна штица за Dany, исполнет со wоши робовладетели кои што заслужуваат да умрат на најлошиот можен начин, и тоа сите до еден. И после тоа работите ќе се средат сами по себе. Ни за момент не застанува да размисли дали тоа што го прави е најпаметниот потег. Разрушување на систем што функционирал со векови, без разлика колку и да е лош и идиотски (никој не сака робовладетели kids), e лош потег кога немаш никаков план како сето тоа ќе го средиш подоцна. Ама важно ослободените робови ја сметаат за спасител, и се храни егото и нема потреба да се погледне кон пустошот кој што го остава позади себе.
Одлика на еден навистина добар монарх.

"Ама Eddard, тинејџерка е, ќе научи."
За мене го губи тоа право, да се оправдува со својата возраст, моментот кога себеси се нарекува кралица и тргнува на поход. Никој не му ја прости романсата на Robb, напротив, плати со се што имаше за тоа. Robb не беше возрасен, само една година постар од неа. Зошто за Daenerys би важеле други стандарди?
Некако преголема ми изгледа цената која што треба да се плати за таа да научи по некоја лекција за владеењето.
А во моментов, скоро ништо и не знае за владеењето. Всушност, ништо не знае за Westeros и начинот на кој што функционира едно такво феудално опшетство. Многу полошо изгледа сето тоа кога во предвид ќе се земе фактот што не е способна да послуша совет на оние што ја опркужуваат. Aerys II in the making guys. И мислам дека веќе касно е за да има некоја огромна промена во нејзиниот карактер.
А и тука е таа мала работа околу одмаздата. Можеби и во грешка бев кога реков дека ништо не знае за Westeros. Знае за неколку фамилии, или "узурперските кучиња" како Starks, Baratheons и Lannisters.
А тоа ми пречи многу, од субјективни причини. Ако продолжи да биде водена од таа желба за одмазда на овие фамилии, се надевам дека ќе има блиска средба со Arya и нејзиното пријателче Needle.


tl;dr Змејовите се gay, а исто е и Daenerys.
 
Денерис има војска. Али не и памет. Она во битка ќе ги прегази противниците, затоа што е побројчана. А да направи тактика незнае. А баш ми се допаѓа таков лик каков што беше оној во 300 2-ката.

-editirano

Kako uspea vo temava da me spojlnes za film sto e uste vo kinata?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom