Како трето компании како Дрекслермајер не се забеаваат со ствари како законско работење.. Што ако утре дојди СДСМ на власт и му прати инспекција и утрврди даночни затајувања ? Тоа што УЈП тропа на врата на малиот данокоплаќач е НОРМАЛНО за секаде во светот. Американскиот АЈ ЕР ЕС тропа на врата на повеќе мали бизниси отколку големи. Големите бизниси трошат милиони на комплајенц департманти само да бидат во согласност со законот до буква. Малите компании знаат да импровизираат и да потскријат нешто.
.
Не велам дека не треба да има контроли кај помалите даночни обврзници,напротив,сум за поголема даночна дисциплина,ама не на таков каубојски начин и со претерано високи казни.И не знам дали Дрекслмаер троши и колку троши на комплајенц департменти,ама знам оти
се заебаваат со ствари како законско работење,особено со чл.117 и чл.127 од законот за работни односи кои гласат:
Прекувремена работа
Член 117
(2) Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една
недела и најмногу 190 часа годишно, освен за работите кои поради специфичниот
процес на работа не можат да се прекинат или за кои нема услови и можности да
се организира работата во смени.
(7) Ако работодавачот воведува прекувремена работа подолго од ставот (2) на
овој член е должен да изврши прераспоредување на работното време или
воведување на нови смени
Ноќна работа
Член 127
(1) Ноќна работа се смета работењето во ноќно време.
(2) Ноќно време е периодот меѓу 22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден.
Ограничувања на работата ноќно време
Член 129
Работното време на работникот кој работи ноќе на работно место, каде што
постојат поголеми опасности од повреди или здравствени оштетувања, не смее да
трае повеќе од осум часа д
Како четрвто нека дојдат 40 дрекслермајери во македонија и ќе биде платата 500 евра.
.
Во оваква политичка констелација уште 4 нема да може да најдат,не 40.
И како шесто. Какви се тие субвнеции што му се дават? Гуглав ама не можам да најдам ништо конкреткно. Значи од што ги ослободуваат ? Придонеси на плати? Данок од добивка ? Какви субнеции му даваат? .. Мистерија е тоа.
Странците, десет години се целосно ослободени од данок на добивка. Плаќаат само 50 проценти од персоналниот данок, пет години. Земјиштето им е издадено бадијала на период од 99 години со симболичен надомест од едно евро за квадрат. Не плаќаат ДДВ ниту царински давачки при увоз на материјали, не плаќаат данок на промет, не плаќаат комуналии за приклучок на гасовод, канализација и водовод, не плаќаат за уредување на градежното земјиште. Парите што треба да ги платат за таа намена на општините каде што се изградени индустриските зони им ги плаќа Владата од буџетот. Од државната каса се плаќаат по 500.000 евра за изградба на градежни објекти за инвестиција поголема од 15 милиони евра и вработување на над 100 луѓе. Од буџетот се издвојуваат и од 25 до 50 отсто од трошоците за стручно усовршување на вработените.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=0EA7FFBC6117484DB9DAD4849073480E
Ги имаш податоциве и на веб страната на агенцијата за странски инвестиции ми се чини.
П.С. Слабо си гуглал