^^Што не е јасно? Како што реков сите држави подржуваат сепаратизам, каде што им одговара. Но, сепаратизмот треба да постои за некој да го помогне. Американците го помагаат веќе постоечкиот сепаратизам во Чеченија, Русите го помогнаа постоечкиот сепаратизам во Грузија.
Не си воопшто објективен. Зборуваш како да е сосема нормално и етички прифатливо директно започнување на кризи во територии кои се или дел од Руската Федерација или кризи во држави кои граничат со РФ.
Иницирање и помагање на војни и тероризам во самата Русија, или на нејзините граници... што е тоа ако не почнување на директен судир кој во најмала рака ја враќа студената војна назад??
Ваквите директни мешања не се едноставно гледање на своите интереси, тоа е почнување војна!
Пак да се вратам на твојата необјективност. Ти дадоа неколку примери, ама еве ти неколку примери и од мене.
Кога Русија би требало да и врати на САД со
еднаков реципроцитет на подметнувањата што им ги прават Америте, еве што би требало да се случи:
- Русија да го подржи финансиски и воено движењето за отцепување и сепарација на Тексас. (тајно се разбира, и со целосно одрекување како што тоа го прави САД). Да ги обучува Тексашаните и да праќа во Тексас платеници кои ќе се борат на страната на Тексас и ќе прават проблеми за да се иницираат протести против федералната власт.
Ако гледаш само CNN дефинитивно не си слушнал за борбата на Тексас за отцепување. Повели малку материјал за читање, колку за почеток:
http://texnat.org/
http://en.wikipedia.org/wiki/Texas_secession_movements
http://www.huffingtonpost.com/tag/texas-secession
- Понатаму, Русија да го подржи финансиски и воено движењето за отцепување и сепарација на Хаити. Таму нема движење во зародиш, како во Тексас, не не значи дека такво не може да се подбуцне и развие. Хаити биле независно кралство пред да бидат окупирани и анектирани од САД.
- Русија да почне да подбуцнува и да разгорува антиамериканско расположение во Мексико и Канада, но и во цела латинска Америка и во цел свет.
Во Канада тоа е скоро невозможно, но во Мексико кое сега е со големи проблеми со криминалот и војната меѓу нарко-картелите (дап, сето тоа со американски мешања), и тоа како е можно инсталирање на антиамериканска влада.
Фактот дека Русија не прави вакви работи, додека Америка и тоа како е влезена или пробува да влезе во СИТЕ соседни држави на Русија... тоа би требало да ти каже кој во светот ги прави проблемите со војните и страдањата на човечката раса. Русија делува изнудено, ова треба да му јасно на било кој објективен набљудувач.
Затоа јас сум антиамерикански настроен во денешниов свет, не затоа што многу ја „сакам„ Русија (или скраја да е, Кина).
P.S. Зошто SparroW не одговараш на аргументирани мислења, туку вообичаено љубиш ги чепкаш понаивните форумџии кога ќе истресат некоја зелена?
Во право е
@Bratot и другите што спомнуваат дека треба една јуниор тема да се учите малку на факти, објективност и основи на геополитика. Потоа кој заслужува да му се даде влезница за сениор дискусијата. Вака како што е сега, дискусијава е многу наивна и со глупи непотребни препукувања. Не се проблем спротиставните ставови, туку ниското ниво на дискусија и познавање на фактите за состојбата во светот денес.