Што повеќе сакате: Индивидуални или тимски спортови?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Какви спортови највеќе следите?

  • Вкупно гласачи
    113
За следење ги следам и двата подеднакво во зависност од тоа што ме интересира, но за преферирање, повеќе ги преферирам спортовите без топка во игра :). Нема да ги поделам на индивидуални или тимски зашто велосипедизмот на пример е тимски спорт, но подеднакво го почитувам како и секој друг индивидуален.

А, зошто индивидуалните ги почитувам повеќе е затоа што во тие спортови апсолутно зависиш сам од себе, нема кој да ти помогне, или ќе стигнеш прв или нема да стигнеш, нема кој да те извлече.
 
Индивидуални, пинг понг, шах, бокс и останатите зимски/летни (соло) дисциплини. Тимските спортови ми се убави за гледање, посебно завршниците од големите натпреварувања.
 
Тренирав кошарка 7-8 години...последниве 3 години тренирам џит кун до,каде што во глобала е индивидуална вештина,но има нешто и тимски...и двете ми се убави и ми лежат на срце,со тимската игра е позабавно,можеш да се потпреш на другите,учиш да се дружиш и да работиш тимски,ама индивидуалниот е многу по корисен за да го сфатиш начинот на живот,ако имаш барем малце акал во главата...дека си сам,и се што правиш зависи од тебе..спуштиш раце-отиде у аут.Во тимските можеш да подзастанеш,ќе потрча другиот,ама во овој спорт не...:)
 
Сум тренирал и индивидуален и колективен спорт.
Пратам и индивидуален и колективен ама како и повеќето, мислам дека во колективниот има повеќе жар. Плус, навивам конкретно за Ливерпул а една од причините е Стивен (кој сеуште игра а пред тоа тука беа едни Фаулер, Овен, Кара). Е сега, кога Стивен ќе се пензионира јас ќе продолжам да навивам за ЛФЦ, секако.

Што ќе прави оној што смртно навива за Федерер, кога Федерер ќе се пензионира? Ќе си каже, ајде од денес сум за Цонга? Не сфаќам....

Има убавина и во едниот и скоро подеднакво ги ценам, зошто спорт е спорт ама мојот глас отиде кај колективните спортови, пред се зошто навивам за колектив, скоро цел мој живот.
 
Не гледам логика во тоа да се биде фан на еден спортист !
Ги разбирам дејчињата кои се палат на Федерер или Надал и дечките кои ја кибицираат Ана Ивановиќ ама тоа поскоро е друг вид на активност , ке признаете не е исти филингот кога ке го гледаш сервисот на порано спомнатата А.И. или на Серена!
Додека тимски спорт е тимски спорт , некако се определуваш за некој колектив и со тоа си стануваш виртуелен член на тоа друштво и се чувствуваш како таков практично до крајот на животот , без разлика на составот на екипата за која си навивач!
 
Поради моето хоби односно скијањето, не пропуштам ниту еден натпревар во светски рамки во скијање во сите дисциплини. Често гледам олимпијади зимски односно летни а најпојше преферирам тријатлони, пливање, скијање, санкање, трчање. Тенисот како тенис е многу здодевен, исто како и карлингот, штафетите...Преферирам индивидуални спортови во кој индивидуата има кратко време пред да почне следниот (Чист пример е скијањето). Кошарката и фудбалот ги гледам само кога настапуваме ние, некако стануваат здодевни тие тимски спортови...Од тимските го гледам ракометот...Некако влегувам во поголема неизвесност кога се работи дали ќе победи Тина Мазе или Линзи Вон отколку дали ќе победат Клиперси или Лејкерси...Но, тоа е само мое мислење и мој вкус.
 
Сум тренирал и индивидуален и колективен спорт.
Пратам и индивидуален и колективен ама како и повеќето, мислам дека во колективниот има повеќе жар. Плус, навивам конкретно за Ливерпул а една од причините е Стивен (кој сеуште игра а пред тоа тука беа едни Фаулер, Овен, Кара). Е сега, кога Стивен ќе се пензионира јас ќе продолжам да навивам за ЛФЦ, секако.

Што ќе прави оној што смртно навива за Федерер, кога Федерер ќе се пензионира? Ќе си каже, ајде од денес сум за Цонга? Не сфаќам....

Има убавина и во едниот и скоро подеднакво ги ценам, зошто спорт е спорт ама мојот глас отиде кај колективните спортови, пред се зошто навивам за колектив, скоро цел мој живот.
пеџа, кога еве збориш за тенис, поентата е дека уживаш во спортот (целиот фудбал на пример), не се врзуваш само за една личност. врзувањето е само моментално, односно кога се игра мечот, и тоа најмногу според начинот и стилот на игра. пример, пинета е играч за кој никогаш нема да навивам, ептен ружен стил ама затоа скиавоне е играч со срце. намерно избрав од поружните, да не биде сексистички;) или пак мареј vs монфис. монфис е играч кој ужива во играта, а тоа го пренесува и на гледачите, а мареј е оној кој е 100% сконцентриран и не флертува со нас.
 
Да беше прашањето за кој од наведените повеќе сакате да го практицирате дефинитивно немаше да имам одговор ама за гледање без сомневање тимските спортови се поинтересни поради повеќе причини, а доказ за тоа е и гледаноста на едните наспрема другите.
 
Спорт следам само кога игра Македонија, особено ако направи изненадување како кошаркарската репрезентација. Си ја облекувам маицата со сонцето од Кутлеш и пијам пиво, пцујам, викам, одам у другата соба да разбијам малер етцетера!
Сакам да гледам кошарка и ракомет. Едно време гледав и тенис, ама тогаш уште играше Мартина Навратилова и Џо Мекинро. Сакам да гледам и гимнастика и уметничко лизгање.
Домаќинот следи велосипедски трки.
 
пеџа, кога еве збориш за тенис, поентата е дека уживаш во спортот (целиот фудбал на пример), не се врзуваш само за една личност. врзувањето е само моментално, односно кога се игра мечот, и тоа најмногу според начинот и стилот на игра. пример, пинета е играч за кој никогаш нема да навивам, ептен ружен стил ама затоа скиавоне е играч со срце. намерно избрав од поружните, да не биде сексистички;) или пак мареј vs монфис. монфис е играч кој ужива во играта, а тоа го пренесува и на гледачите, а мареј е оној кој е 100% сконцентриран и не флертува со нас.

Рзбирам шт осакш да кажеш, јасно ми е и сфаќам дека устври ти се врзуваш за еден играл, пошто ти се допаѓа неговиот стил на игра и сега кога глеш тенис, ти навиваш за еден тип или типка :Д е сеа, не можам да сфатм кога тој ќе се пензионира, како лесно да кажам се префрлаш на друг тенисер или ка.

Ако Ливерпул згасне како клуб, јас не можам да се замислам да навивам за друг клуб, евентулно маалскиов, Македонија ЃП :Д
 
не си ме разбрач ИЧ. се врзувам за спортот, и тоа со примерите беше само пример. али изгледа не бев јасен.
гледаме УС опен. прво коло!!! и сега, денес играат 10 меча. и јас во сите тие 10 меча си имам фаворит. утре има уште 15. и во нив пак јас си имам фаворит. тоа значи дека за 2 дена јас си имам 25 фаворити. третиот ден има уште 10 меча, али јас си имам фаворит во само 7, остантите 3 ги гледам и анализирам, без фаворит во почетокот. али како иде играта понатаму, моите симпатии ги освојува едната или другата страна. и така со ред.
мене ме интересира играта на играчите, спремноста, тактиките, кој колку е психички подготвен, атративни потези, и со таква анлиза да дадам мислење дали тој што победил победил заради добра тактика, а не е толку физички спремен, или сличи работи.
ух мислам дека бев појасен како ги гледам јас мечевите.
ај и ова ........ надал не можам да го смислам, арогантно говедо е за мене, дури и стилот не ми се допаѓа, али мора да се признае дека физички е топ спремен, а богами и ментално е на многу високо ниво, за него никогаш нема изгубена топка се додека не промаши. и кога, .... еве губи од некој анонимус, кој не му е ни до колена мене ме нервира/криво ми е, ........... дали тоа ме прави фан на надал? НЕ. ;)
 
Не следам ниеден спорт. Досадно ми е да гледам.
За тренирање, баш се подразмислив и имам тренирано само индивидуални спортови. Прво беше гимнастиката, после јавањето. Иако, и двете може да бидат и тимски, зависно од натпреварите, јас никогаш не сум се натпреварувала тимски, везе неам зашто.
Гласав за индивидуални, зашто мислам дека посклона сум кон индивидуални спортови. Не дека не би била дел од тим, ама ептен треба да се погодат луѓето. Мислам дека не би прифатила добро ако на пример изгубиме поради една личност. Вака, сама за себе, најубаво. Трудот што јас ќе го вложам ќе донесе резултати кои се само мои. Не сакам да се влече некој на мој труд, под услов да не е толку добар колку мене нормално. Исто така, незнам дали јас би се трудела исто доколку сум во тим, односно, ако знам дека неморам да дадам 100% заради некој друг во тимот, мислам дека би забушавала. А научена сум стално да давам 100% и сакам да сум најдобра во се што ќе почнам. Ако тимот ме назадува, не би сакала да сум дел од тим. Може звучи себично и нарцисистички, ама тоа е :)
 
Преферирам тимски спортови да гледам, но најдобро се чувствувам кога зависам од самиот себе. Знам дека проблемот е оставен на мене да го решам и тоа е тоа. Не сум потпрен на некој и не би сакал да зависам од некој. Затоа сакам често да се најдам и во индивидуален спорт.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom