Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
во тој случај да прашам зошто за банкарски службеници на раководни места и управители па и во многу други струки бараат потврда за неосудуваност или вмешаност во некој криминал. Ете на пример што ќе се случеше доколку фирмата продолжеше без сопственикот да оди затвор? Според информациите како се однесуваат кон изнајменото земјиште од АК Џумајлија, што досега се вложи, наводно ќе посееше некој посев и наводно ќе донесеше толкав број крави за да добие стотици илјади можеби и милиони евра помош од државата, односно од буџетот на РМ. Не е за потценување да се праша и што ќе се случеше ако влезеше во банкарскиот бизнис? Тоа е како да ставиш слонче во продавница за стакло или педофил во градинка...
Според договорот, за 18 месеци треба да вложи 60 милиони, да донесе 8000 крави и да вработи 900 лица. Не знам дали нешто е изградено или увезено.
Ама ништо од од ова не се случи, за почеток. Имаше интересна дискусија на темата каде излегоа со бројките, уште тогаш беше очигледно дека се напумпани, така е секогаш, и не само кај нас. Едноставно нереални бројки. Кога ќе напишат нова инвестиција фабрика од 4000 вработени, додека се изгради, се стави во функција, па полн капацитет да постигне и дали воопшто некогаш ќе работи под истито со таа бројка...Pr-от си го прави своето.
Е сега и критиката треба да биде конструктивна, во спротивно е обично плукање, едно е да бараш политичка и морална одговорност, отчет за нешто, а друго е да обвиниш за измама, заговор за истата и уште полошо да обвиниш некој дека зел нешто што никогаш не било твое, како тие 3,6 милијарди. И јас точно не знам што се е/не е направено...само не знам што ако започенеше реализацијата на инвестициите, поради случувањата во Индија ќе се бараше да запрат? А на големо се пишува дека има, а во тие пари е и неизбежно да има доста политика навлезено. Тоа е циничниот дел на приказната.
за да се затвореше ова поглавие со несудениот инвеститор од Индија, оваа или било која влада или било кој наш бизнисмен кој го довел како инвеститор требаше да се извини до граѓаните (што не гледам дека е страшно) и да се затвори случајот.
Извинување, да се образложи состојбата со неговите фирми тука ако ги има, дали и ако асистирала државата на кој начин, дали се претрпени и какви штети, да се разбијат сомнежите и фамата околу сево ова, да бидеме начисто, тек потоа да се суди.
Дали, и ако е како, и колку е оштетена Република Македонија од страна на Сахара групацијата и Субрата Рој?
....................