Vo veles vo trafikata na Jose, neznam dali si od veles i dali ja znaes trafikata, gi ima prvite broevi od pozarnite kade sto e Pozarnata proizvedena vo kazahstan i eden od helikopterite, sega go najdov i sajtot, po 14 evra se helikopterite da gi poracas preku net, a pozarnite 9 evra
neznam kako im izleguva matematikata da gi prodavaat po sto denari.[DOUBLEPOST=1394925115][/DOUBLEPOST]
http://kolekcijavatrogasnihmasina.com/kolekcija/
eve ovoj broj prviov go imaat a sega na sekoj dve nedeli ke gi nosele i drugite modeli. po red
Вчера во Тинекс го најдов ЗИЛ-от и си земав, иако веќе го имав лани купено во Бугарија.
Убаво е што конечно и кај нас се појави нешто вакво, иако мене лично оваа серија 'пожарникарски возила' многу не ме интересира, но добро е да почнат од нешто и искрено се надевам, под услов ако ова се продава, дека еден ден можеби ќе дојде и онаа новинска серија на 'Легендарни аутомобили', која оди во другите бивши ЈУ-републики.
За 99 денари овој модел е џабе, меѓутоа, можеби некои знаат, а некои не, кај овие серии првиот број е секогаш по промотивна цена и е или дупло или трипати поевтин од наредните броеви. Тоа значи дека веќе од следниот број, кој излага следната недела, цената ќе биде 199 или 299 денари.
Во Бугарија, ЗИЛ-от исто така беше бр.1 и чинеше 3 лева (96 денари), но веќе следните броеви беа по 10 лева (320 денари).
За мене искрено и 300 денари е пристојна цена, бидејќи се тоа модели кои се доста поквалитетни од Burago или Mondomotors во 1:43.
Она што не ми се допаѓа е што моделите се во различити размери, како 1:57, 1:64, 1:43 итн., не се сите на пример во 1:43.
Но најважно од се е што конечно дочекавме и кај нас да се појави некое од овие новински изданија на модели.