Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Како да го научиш...? Едноставно, не му давај уште од сега да јаде од рака. Остај го прво да истражи, да погладува малце, па да види што-како му е ставено во кафезот. Убаво е тоа што одма ти јаде од рака, ама може навика да му стане и во иднина само од тебе ќе бара да јаде
Прво на тоа ми текна, така и ќе направам. Само ми беше страв да не гладува затоа пробав, ама нема разгалување повеќе. :D
 
Златикевичиус да не не е исчезнат папагалот, да не е во стомакот на женката? :D
Можно е. :pos:
Не, сериозно. Тука беше цело време, се до денот кога требаше да ги внесеме внатре, во кафез, зошто почна да застудува, есента. Дали избегал додека некој им менувал храна и вода, или што поточно се случило, не знам. Знам само дека кога ги преместувавме, само женката ја најдовме. Мислевме прво дека се пикнал во некое дупче и умрел, ама не бе - цел влегов внатре, го пребарав секое ќоше, го немаше. Сега зелениов се надевам дека ќе успее да ја задоволи. :D
 
@Zlatikevichius колега колкава ти е волиерата кај што ги чуваш летно време? Колку папагали чуваш во нејзе? Може некоја слика од волиерата?
Тоа е всушност поткровје на фурна изградена во двор. Димензии не би знаел да ти кажам, не сум дома викендов за да измерам, дури во понеделник можам да ти кажам. А инаку - само 2 тигрици имам чувано таму. Пролетва планирам пак да ги префрлам.
 
Овој мојов ко сто години да живеј овде, се опушти и почна да газдарува. :D Најде и јадење и вода, галје нема сега. Срцка е, го засакав секундарно. :)))
 
Овој мојов ко сто години да живеј овде, се опушти и почна да газдарува. :D Најде и јадење и вода, галје нема сега. Срцка е, го засакав секундарно. :)))
Штом брзо се прилагодува на новиот дом, за некој ден можеш да го пуштиш да полета, само да знаеш дека обожаваат дрвенарија :D

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Moze nekoj da mi kaze zaso moive tigrici grizat hartija
 
Moze nekoj da mi kaze zaso moive tigrici grizat hartija

Дека сите папагали гризат хартија... и не само хартија, туку гризат и по ѕидовите, дрвени предмети низ куќата ако најдат... накратко кажано, се што ќе им се најде на пат, и им изгледа примамливо, го гризат. Затоа повеќе внимание на нив треба да се обрнува
 
Лоол,требаше на времето да ја видиш фацата на мојот татко кога ги заборави чековите на маса,а имав розе колинс.Тие немаат клунови туку клешта цвицанга:vozbud:
 
Дека сите папагали гризат хартија... и не само хартија, туку гризат и по ѕидовите, дрвени предмети низ куќата ако најдат... накратко кажано, се што ќе им се најде на пат, и им изгледа примамливо, го гризат. Затоа повеќе внимание на нив треба да се обрнува
epa zaso togas nejkat da probaat jajce ili jabolko ili nekoj vitamini(n)(n)(n)
 
epa zaso togas nejkat da probaat jajce ili jabolko ili nekoj vitamini(n)(n)(n)

Добро де, тебе кога ќе ти направат боранија дома, јадеш? Исто и папагалите, тоа што не ги привлекува или не им се свиѓа не го јадат
 
имам две тигрици (машко и женско) пред две недели им ставив куќарка ,ама никако да почне да влегува женкава во неа и ја имам ставено и порано имаше влезено два-три пати и сега не сака да влегува.... некој поискусен во врска со парење на папагали ако може да ми даде совет како да ги спарам....
 
Не е толку едноставно, стави куќарка и завршена работа. Има многу фактори кои влијаат како на пример температурата во просторијата, влажноста на воздухот, исхраната на самите папагали итн итн

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
 
Не е толку едноставно, стави куќарка и завршена работа. Има многу фактори кои влијаат како на пример температурата во просторијата, влажноста на воздухот, исхраната на самите папагали итн итн

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
Знам... ги чувам во топла просторија,им давам разни витамини и минерали,овошје,просо и.т.н. ми кажаа дека женкава била спремна за парење а не сака да влезе у куќарката... и имаат доволен простор кафезот им е голем
 
Добро е тоа што си им појачал исхраната, можеш да им даваш и варено јајце. Во просторијата кај што се наоѓаат не треба да има френфекција на луѓе.. Ако сите предуслови ти се ок, само чекај, биди трпелив. Поздрав
 
Не е толку едноставно, стави куќарка и завршена работа. Има многу фактори кои влијаат како на пример температурата во просторијата, влажноста на воздухот, исхраната на самите папагали итн итн

Sent from my SM-T210 using Tapatalk
a moze da ni kazes nekoj od tie faktori uslovi itn
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom