Прво и основно од каде ја изваде бројката од 3,6 милијарди долари?Како можеш да напишеш такво нешто не сфаќам? На кој начин Сахара групацијата му ги одзеде тие пари на Република Македонија?
Тоа што делегација наша била во Индија, што беа и тие тука а патем дојде на нивна сметка и Тони Блер, патишта дневници и престои колку чини? 3,6 милијарди долари? Измени на закони и дополнувања е тековна работа на собранието, тие закони беа со назнака дека се за Субрата Рој, исто како што се законите со европско знаменце? Еве и по твојата претпоставка дека е така, тоа колку не чини?
И секој проект има презентација, зголемената медиумската покриеност е дел од политичката пропаганда, што има тука чудно?
Вистинското прашање е, дали, и ако е како, и колку е оштетена Република Македонија од страна на Сахара групацијата?
Сакале или не ние имаме врска со Сахара групацијата, ама во еден несупешен проект, секој инвеститор тука доага поради бизнис интереси, а не алтруистички побуди, односно не само тука. Е сега како реалативизираш со меатафората, да не може да поверува некој, во ред, не му купиле play station, а детето изгледа е сеуште мало, па не го интересира дека оној кој му ветил дека ќе му купи има причина зошто тоа не го прави, или тоа не е важно?
Прашањето е дали тоа е намерно направено? Просто не ми се верува, едноставно се изјалови работата...ама пак не знам од каде се јави комплексот на ниска вредност, директно од Субрата Рој?
Точно дека се спомнува Македонија во ист контекст со Сахара групација и Субрата Рој, ама се споменуваат и други земји, еве и Тони Блер, ама не во својство на изамници и криминалци, туку едноставно како нереализрани инвестиции и тоа е тоа, ниту први ниту последни.
Точно не е секогаш се во парите, и некои работи не се ставаат на кантар, само не знам како изјаловена инвестиција, се обидуваш да ја претставиш како некој вид на против државна борба, предавство и слично?
“Во операцијата да ги релизира проектите Рој го купи хотелот Славија, а паралелно Владата измени неколку закони се со цел да му обезбеди логистича подршка.“
“Со новиот закон за индустриски зелени зони кој е пред усвојување во Парламентот, отворена е можноста Владата да основа ваква зона во општина Охрид и да му ја понуди на Субрата Рој атрактивната локација на брегот на Охридското езеро, во близина на изворите на Дрим на Свети Наум, за само едно евро за метар квадратен. Од друга страна, ако не може според законот за индустриски зелени зони, оној за експропријација чии измени се усвоија пред половина година, случајно или не, предвидува дека основ за одземање на имот е токму изградба на индустриска зона“
ФАКТ
Државниот врв преговараше, договараше инвестиции со компанија која веќе во тоа време имаше пресуда од врховен суд (повисоко од тоа нема) и по која пресуда тој е осуден дека со измама, финанси9ски малверзаци оштетил околу 30 милиони луѓе во вредност од околу 4 милијарди долари. Тој судски процес траеше 3-4 години наназад можеше да го следи преку вести, интернет... било кој го интересираше. Не беше тајна.
Во односи меѓу луѓе и компании постоои нешто што се нарекува одговорност, ако некој најави инвестиции од 3,6 милијарди, па и елаборира каде се и колку ќе оди (џумајлија, споменик, туристички комплекс, дојран...) па и јавно ги покаже проектите, најави вработувања, прилив на пари, туристи, изградба на инфраструктура.... треба и да одговара и морално а и материјално за неуспехот нарочно ако тој неуспех можеше да се види многу пред да дојде до ветувањата.
Случајно не провериле дек постои судска пресуда каде стои и Субрата и Сахара дека се виновни за финансиски малверзации и треба да исплатат милијарди ??
Случајно не знаеле дека врховен суд е највисок правосуден орган на една држава?
Сега сите се прават наивни, дека не занеле, немале тие ништо со тоа, ништо владата нема со некој си Субрата и Сахара, секое незгодно прашање - ги упатуваат ојте прашајте ги индијците, мислиш заборавени се сликите на премиер, министри, црвени теписи, леб и сол на аеродроми, гушкања, проекции на проекти..... Таков министер може да биде и Лазе Слонот шо имаше играчница кај Стефо долу в дуќанот.... Ако упали - наше е ако не - шо го матиш тој си е крив.
Пропагирањето на Субрата ојде многу повеќе од некоја “најава на инвестиции“ како што ти сакаш да ја прикажеш. Се покажаа проекти се направија пресметки се доделија земјишта се изменија закони, се оформија фирми, излезе државниот врв и застана до Субрата да покаже дека се заедно со него. Тоа не беа некои најави во рани фази на разговори, па можеби.. како тој мексиканецо шо дојде, касна пастрмка во охрид си ојде и појќе не го видовме. Тој Мексиканецо беше “најава“ Субрата беше веќе нешто што ни се прикажа како реалност, како неминовно, сигурно.
Сега да видеме следен кој ќе дојде тука да се слика и ветува “милијарди“, а до тогаш - странска инвестивција (реална) ќе бидат погони за кабли , дршки за ретровизори, ластичиња за тегли.... на вработени со 8000 денари плата, а нас нашите ќе не рекламираат како земја каде работниците не треба ногу да ги плаќате ни почитувате им правата а инвеститорите ќе се ослободуваат од давачки.
Тажно бе во европа сме, не сме во малезија, сепак имаме историја и култура, не сме племе кое пред 20 години прв пат видело струја.
Ти си мал и не памтиш други времиња, кога навистина работеа фабрики, а нашите производи одеа за германија, Италија, кога бевме ценети и почитувани. Сега, шом некој бизнисмен дојде кај нас - одма уше на аеродром ми е сумњив и се прашувам да не дојде со лажен пасош....