Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Јас работам во финансии во една компанија, значи мора да има траг дури и за парите што се дадени на рака како што се брани циганов. Значи дали ќе се појават во банкарска трансакција или пак на крајот во билансот на фирмата небитно.

Вината за ова срање се знае каде е, кај овие нашите популисти што има продаваат мед и млеко на сиромашните и мора да се каже слабо едуцирани граѓани. Уште пред да го донесат се знаеше за тужбата ама што велеа тие дека не ги интересира што се случува во Индија нешто слично како што нашиот невиден експер и министер Ставре кога изјави дека светската криза нема да се почувствува во Македонија


Не го признаваат билансот тука. Бараат стрикно банкарска транзакција а истовремено признаваат кеш уплата.
 
:pos:

Неможам да поверувам што ни се дешава. Во дувло не претворија, дувло!

Некаде прочитав дека објектот си се гради ко ништо да не е :D. Некој од СК да потврди дали уште се гради на плоштад?
 
Си ме насмеал поштено со откачалки, зборов :pos:

Дај линк за грчкиот „инвеститор“ да прочитам.

Фаранг друже, јасно е. Ниски даноци-лопови на врата. Лопови еден куп ни се собраа, заедно со нашите класични олигарси журка на балкан.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=AD29EE69FB0A90499A165797DAB10D81

http://alsat.mk/index.php/vesti/od_zemjata/6789-уапсен-грчкиот-инвеститор-кондоминас.html

http://www.dw.de/грција-по-кондомин...a=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
 
Индијците го избањаа Субрата со мастило и му викаа дека е апаш
1924743_10152066882638580_457921126_n.jpg
 
Кој е тој бесрамник што сака да му го "оцрни" угледот на Субрата РоОоОоОоЈ?

 
Субрата Рој и двајца директори ина Сахара остануваат во затвор додека не кажат на кој начи ќе ги вратат милијардите долари


India's Supreme Court has ordered the continuing detention of businessman Subrata Roy and asked his firm to come up with a plan to repay its investors.

On Tuesday, Mr Roy apologized to the court saying his reasons for not appearing before the judges last Wednesday "were genuine".
He said Sahara would sell its assets and pay back the investors and asked the judges to give him more time.
But the court rejected his proposal saying "we are not interested in selling the properties, you have been telling us for the last two years, it is your headache, you should have done it".
 
Тој има пари пари пари... Сите да не купи сосе партали.
 
Не се замарајте НЕМА НИКОГАШ да ги врати. Со тие пари работи човекот. Пола Лондон го држи.
 
Не се замарајте НЕМА НИКОГАШ да ги врати. Со тие пари работи човекот. Пола Лондон го држи.
Ќе продаи пола лондон, ќе врати парите шо му пресуди судот а кусурот ќе го инвестира во Македонија
 
КВИЗ ЗА СУБРАТА РОЈ

скратена верзија
3. Дали знаете зошто Рој, кој често е опишуван како милијардер, магазинот „Форбс“ никогаш не го стави на листата на најбогатите Индијци, иако вредноста на неговата компанија „Сахара“ е проценета на 11 милијарди долари?

4. Дали знаете зошто полицијата на државата Утар Прадеш го транспортираше Субрата Рој на сослушувањето во Њу Делхи во конвој од 6-7 полициски џипови, иако се работеше за растојание од 540 километри?

6. Дали знаете дека „Сахара груп“, и покрај сето нејзино богатство, никогаш од основањето на компанија пред 34 години не поделила дивиденда, иако вели дека има стотина милиони мали инвеститори и дека тоа го пишува на нејзината веб-страница?

10. Дали знаете зошто беше набрзина прекината прес-конференцијата во Боливуд, каде што неколку познати индиски актери го фалеа Субрата и неговата компанија за „патриотизам, филантропија и патронат врз уметноста“?

15. Дали верувате во тврдењата на Субрата Рој дека неговата компанија минатата година го исплатила долгот од 4 милијарди долари кон инвеститорите, иако нема никакви банкарски докази за таква трансакција.

16. Дали во една држава може да се исплаќаат толку големи пари, наводно, во кеш, а да нема никаква пишана трага?

19. Дали сте чуле дека компанијата на Субрата Рој, „Сахара“, веќе сакаше да инвестира на уште едно место заштитено од УНЕСКО (како што е Охридско Езеро) – големото устие во Бенгалски Залив, наречено Сандарбанс, кое е повеќе од половина во Индија, а другиот дел во Бангладеш?

20. Дали знаете дека Сандербанс (големо колку половина Македонија) е заштитено од УНЕСКО поради исклучителната флора и фауна – таму се најголемите светски шуми на тропското дрво мангров (чии корења се главно над почвата), таму е најгусто населен бенгалскиот тигар, таму има исклучителни видови на крокодили и најретки дрва?

21. Дали знаете дека компанијата на Субрата Рој, „Сахара “, сакаше во Сандарбанс да изгради градови на вода, кои ќе бидат светска класа во туризмот и во кои требаше да има хотели, барови, казина, хелиодром, вештачки острови на подрачјето кое е толку подложно на поплави поради циклоните и дека тој проект е привремено запрен?

26. Дали вие би влегле во приватен бизнис со Субрата Рој и бу му ги дале на располагање вашите имоти за да инвестира во нив ако знаете дека во неговата земја го судат за измама, дека му се замрзнати сите сметки и дека има забрана за патување надвор од Индија?

27. Дали би се запрашале што значи тоа кога за уште двајца луѓе поврзани со реконфигурацијата на главниот скопски плоштад се води криминална истрага во нивните земји поради измама и корупција – Кондоминас (кој треба да гради хотел и градска куќа во Скопје) и сопственикот на леарницата „Јеремиќ“ од Белград, кој излеа половина од скулптурите во проектот „Скопје 2014“?
 
Вo сиромашни земји како нашата е најлесно да бидеш олигарх. Давај леб на голем дел од население и имаш отворен пат да менуваш политики. Тоа го знае и бате Субрата. Затоа му е толку пријатно тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom