Не знам дали си забележал, ама Фаранг не е дел од Комити ниту го застапува ставот на групата. А за овие негови ставови за цената на картите, како што гледаш не добива зелено светлено ниту од еден член на Комити, ниту пак од некој фан на Вардар
Ете и јас не ги подржувам неговите мислења околу цените на картите.
Фаранг друже не знам дали колку време сиво Австралија ама изгледа слабо ја следиш финансиската состојба во Македонија

Како прво за Вардар во глобала (да речеме 80% од фановите) навиваат луѓе кои не се баш во најдобра финансиска состојба. Знаеш што зналчат 1000 денари да ги дадеш за некој натпревар?

Јас го следам Вардар во неколку фронта и годишно којзнае колку пари фрлам за карта и колку време губам за да одам до стадион и сала, па ни во лудило не би дал 1000 денари за некоја утакмица.
Секоја цена над 300 денари за мене е лудило, па макар и финале на ЛШ да се игра.
И тоа 300 за секторите М, 200 за блоковите Б и 150 за Комити. Во иднина ќе се инсистира Комити да го добиваат делот под помалиот семафор, позади едниот гол.
Такви цени како што споменуваш ти би биле огромно непочитување за фановите на Вардар.
Немаме ние толку фанови кои сакаат да бидат видени (а баш тие се спремни и 10000 да дадат, пошто ги ИМААТ), кои доаѓаат со некоја различна причина во сала (пола сала на мечевите на Металург се женски, така да ќе да не се баш од спортски причини дојдени), а во ракомет реално Вардар нема повеќе од 3000 фанови и тоа за ЛШ мечеви. За домашно првенство и СЕХА да не правиме муабет...
Фудбал е друга работа, мада и таму реномето е одамна изгубено.
Сега повеќе е во мода да се плука по Вардар отколку да се навива за Вардар. Во Скопје ќе ти најдам повеќе луѓе што го мрзат Вардар отколку што го сакаат, а камоли 500 000 да навивале за Вардар

Пола графити на Комити се ишкртани од Македонци

Разликата со другите екипи е што оние кои навиваат за Вардар стварно се целосно посветени на тимот и се трудат да уживаат во Македонскиот спорт (колкку и да е тоа смешно со оглед на состојбата во фудбалот), тие се душата на тимот и да бидеме реални да не постои Вардар следењето на Мак спротот ќе опадне за 80%