Bojan Van Buuren
Колектор
- Член од
- 11 април 2008
- Мислења
- 8.394
- Поени од реакции
- 12.058
Па гасот не се користи само за греење и готвење. И индустријата го користи гасот. Ако Русите го прекинат гасот, фабриките ќе мораат да бараат други извори на енергија што ќе им ги зголеми трошоците, а со тоа ќе се зголемат и цените на производите. У една таква ситуација руските производи ќе бидат покинкурентни и не верувам дека држави како нашава што се надвор од еу ќе забрануваат увоз на руски производи зошто на другите така им дошло. Башка што можат русите да го преорентираат производството на исток (да на краток рок ќе има загуби, ама добро долгорочно решение).Сега-засега не, но ако се случи најлошото сценарио и те како ќе претрпат тешки економски последици.И Европа ќе трпи, ама не толку како Русија зошто Европјаните се главниот купувач на Русите а згора на тоа грејната сезона помина, сега следуваат шест топли месеци, Русите немаат со што толку да вршат притисок во моментов.Јас веќе напишав, Привременава Влада направи свои грешки и ќе платат за тоа, со сигурно поголема автономија за Крим, но Путин ако се осмели на создавање нова држава (што лично не ми се верува) ќе биде многу лошо, претерано лошо и ова дефинитивно ќе значи и Нова Студена Војна.А Украинците со или без источниот и јужниот дел сигурно дека ќе влезат за многу брзо време во НАТО (во случај на можно лошо сценарио) и згора на тоа радикалните струи кои се против Русите во Украина ќе добијат на подршка од народот а и НАТО ќе им заигра на Русите пред двор, така да Русите ќе бидат големи губитници ако се случи можното лошо сценарио.Во секој случај и без случување на најлошото НАТО ќе заигра пред дворот на Русија што значи Русија вака самата ќе си го доведе непријателот пред порти зошто и Русите направија грешка.
За воена интервенција нема да има во никој случај од Западот, но санкции ќе има а Обама реално гледано не е воено лице како Путин па да покажува „заби“ и е слаб водич, се знае и зошто беше тој избран од народот: поради економијата.Во секој случај лошо е ова и за Македонија, кај сме утепани уште толку ќе нè дотепа ова.
Друга работа е што Кина ја финансира америка преку обврзници...