Гласањето да биде обврска и секое неоправдано неизлегување на гласачко место да се казнува во износ од една просечна плата. Шо е толку тешко во недела да прошеташ до месна заедница па ако не ти се гласа фрли незаокружено ливче во кутијата. Само со голема излезеност може да имаме реална воља на народ. Сега со 51% од 33% излезени - имаме изборни победи или пример од 10.000 гласачи на некое место, да излезат 3.300 и од нив 1.683 да гласаат за некого - ќе го изберат, 1.683 гласачи ќе одлучат во име на 10.000
Зато обавезно гласање, и казни за неизлегување, во Недела искапени избричени во нови алишта со невестите под мишки и на гласање
Интересна анализа, ако се стави во контекст на она што се случува на изборите во последниве години, може да се извлече интересен заклучок кому овој став му оди во прилог...
Кој може, и врз основа на што да принуди некој да гласа? И неизлегувањето на гласање е носење на одлука, но пред се право.
Од каде идејата за репресија врз оние кои не сакаат да гласаат, а што е уште потрагично се мнознство во однос на оние кои гласаат?
Ако ти се исклучително „мотивиран“ за гласање, тоа по ниту еден основ не значи дека и остантите треба да го делат истото мислење, напротив, на еден или друг начин секој во рамките на своите можности си оноси одлука пред се ДАЛИ ќе излезе да гласа, и ако веќе реши да гласа за кого...е сега партиската пропаганда очигледно не допира онака како што сака до „тврдо“ неопределините, кои станале аполитичини, па сега се обидува да изнајде начин да ги стави во контекст на агендата.
Што се однесува до излезноста, интересна интерпретација на бројките,33% се доволни од легален аспект изборите да бидат успешни. Дури и помалку од 51% од тие 33% вкупна излезност може да го дефинираат победникот ако се работи за парламентарни избори, а има дисипација на гласовите, ама тоа пак не значи дека останатите 77% од гласачите не учествувале во изборниот процес, напротив, одлучиле дека за нив нема соодветна понуда, и никој не ја заслужува нивната доверба односно глас. Значи се поставува прашањето зошто „побарувачката“ која постои, не пројавува интерес за „понудата“? Ако целта ти е легитимитетот на изборниот процес, тогаш посоодветна е тезата дека минималната, глеано од легален аспект излезност е резулатат на немањето на кредибилитет на политичката понуда кај гласачкото тело, т.е немаше легитимитет. Значи оние кои апстинираат од изборниот процес, не даваат легитимитет на понудениот избор, а тоа не ги прави индиферентни, или како некој недоквакани ги нарекуваат проста маса.
На кој начин пуштањето на неважечко ливче, а излегувањето на гласање е различно? Ако се работи за спречувањето на манипулации и сл, тогаш тоа нема баш никаква врска со правото на избор...