G
garthok
Гостин
Па ако имаш волку коса и си баш ваков што ќе ти е трансплантација, на сите нормални им е ваква на кец/двојка.Океј , можда некои ќе ме сметаат за луд али јас решив да се борам со косопадот до крајни граници. Пред 2 часа контактирав со доктор Рахал во Канада , моментално број 1 доктор за трансплантација на коса во светот заедно со Бисанга во Белгија. Му пратив слики од мојата коса и случајот ми е документиран , и здравје од Јуни одам да возам камион низ Америката да соберам пари. Некаде Октомври - Ноември треба да биде операцијата. Се одлучив за ФУЕ процедура бидејки сум млад и несакам никакви лузни на главата , и докторот ми кажа дека со 1500-1600 графти ќе имам "full head of hair", бидејки сум сеуште во почетен стадиум. Денес за прв пат во животот се истрижав кратко , и буквално доживеав шок во првите 10 минути , но потоа дури и почна да ми се свиѓа и шо е најбитно обликот на главата ми е фантастичен , барем мене ептен ми се свиѓа и во најлошо сценарио да не успее трансплантацијата ( што шансите за тоа се 0.0001 % ) ќе личам на Виктор Валдез.Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот.
Пропециа не ми е на репертоарот , со хормони не планирам да си играм.
Иначе за сите заинтересирани еве како изгледа трансформација на Рахал со 2200 графти , апсолутно фантастично. Извршена е на човек кој има 42 години.
Иначе еве колку кратко се истрижав денес, буквално кога го гледам Валдез како да се гледам самиот себе.
![]()
Ми препорачаа да користам Миноксидил 5 % , така да од утре го порачувам и стартува мојата борба со косопадот.
Пропециа не ми е на репертоарот , со хормони не планирам да си играм.
а за saw palmetovo друже си нашол нешто лошо вака ?
А во врска со видеово па ми изглеа ептен фантастично и иновативно ова со трансплантацијата али којзнае колку ке те кошта плус некако големо чело ми изглеа дека има типот пак или ке треба да му се доправи уште една тура изглеа.