Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.375

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Кои се петте хороскопски знаци кои најлесно се вљубуваат?

Кога станува збор за љубовта и емоциите, најпрво ви текнува на емотивните Ракови, а на крај на оваа листа, по некое непишано правило, секогаш се наоѓаат егоцентричните Лавови. Но, реалноста е малку поразлична.

Листата на петте најлесно заљубливи хороскопски знаци е следнава:

Број 1: Стрелец - Можеби се спонтани и индивидуалци, но ги сакаат долгите врски кои ги подигнуваат до небо. За момент, сакаат да побегнат од реалноста и да отпатуваат на некоја романтична дестинација. Вечно сонуваат по личност која ќе ги заведе и ќе ги заинтересира до крајот на животот.

Број 2: Бик - Обожава долги врски, но сака да влегува во кавги за работите во кои е цврсто уверен. Романтичен е и грижлив. Сè ќе даде само за да го задржи вниманието на саканата личност. Сака забава и авантури, но подготвен е да се „жртвува“ за љубовта на својот живот.

Број 3: Водолија - Можеби се ексцентрични, но се почувствителни отколку што сите мислат. Под креативниот оклоп се кријат личности кои сакаат да бидат сакани, чувани и разгалени. Колку и да звучи контрадикторно, Водолиите сакаат мирна врска.

Број 4: Рак - Зачудувачки, но Ракот не е првиот на оваа листа. Сепак, одлично се бакнува, добро изгледа и е една од најгрижливите личности во хороскопскиот знак. Сексот е нивно емотивно поврзување, а доколку стигнете до тој чекор со некој Рак - нема назад.

Број 5: Лав - Уште еден знак кој се очекуваше да биде на 12-то место, под сите, но и Лавовите знаат безусловно да сакаат. Страстен знак кој ужива во освојувањето, шармирањето и заљубувањето, само ретко кога признава. Ако не сте подготвени за врска, во никој случај не си поигрувајте со срцето на Лавот, затоа што тоа е покревко од што мислите.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.502
Шут
Ако сте си направиле асоцијација со палјачо на кого луѓето треба да му се потсмеваат, грешка сте. Луѓето со знак Шут се едни од најважните. Вашата цел е да…си го живеете животот и да ширите радост! Да се занимавате со она што ви се допаѓа. Да не бидете робови на предрасудите и правилата. Да зрачите со позитивна енергија, да заразувате со насмевки. Да бидете среќни. Сигурно веќе сте почувствувале како секојдневните обврски како миење чинии на пример ве дразнат ужасно многу. Многу нормално. Не велиме дека треба да бидете неодговорни и мрзливи, но навистина би било добро да ги избегнувате досадните работи во животот. Бидејќи тоа ви влијае лошо на енергијата и психата. Како карактер сте многу чувствителни и жалостиви луѓе. Ве боли од туѓата несреќа и точно тоа ја оправдува вашата цел – да ги направите среќни. Во врската ако ви се случи да западнете во период кога ќе се чувствувате несреќни и тажни, тогаш веднаш оставете го партнерот. Имате потреба од човек кој постајано ќе ви изјавува љубов и ќе прави романтични изненадувања. Тоа ве исполнува со енергија.
Текстов ми е ептен неповрзан со насловот инаку ок е.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Секси хороскоп: Кој хороскопски знак ќе ви пружи најголемо задоволство во креветот?
Биковите се најдобри љубовници а зад петите им се Шкорпиите. Доколку сте во романтично расположение, тогаш подобро е д а се одлучите за Рак или Риба.

Овенот е знак на магнетска привлечност, полн со желба за контрола што значи дека многу убаво се бакнува. Сепак, понекогаш се себични во сексот, што не значи дека нема да имате врвно задоволство во креветот доколку се одлучите да се дружите со нив.

Биковите имаат репутација на најмажествен знак и најдобар љубовник, што поради енормното либидо, што поради големиот апетит за телесни уживања. Љубовта за него е храна во која максимално ужива, па затоа, доколку ви се укаже шанса, не треба да ја пропуштите.

Близнаците се интелигентни љубовници, мајстори на флертувањето кои брзо освојуваат со нивната досетливост. Во креветот се големи фантазери, што знаи дека со нив нема никогаш да ви биде досадно, но ако и тие го бараат истото од партнерот, тогаш треба да бидете сигурни дека сте му дораснати пред да се впуштите во каква било авантура.

Раковите се најосетлив и најемотивен знак заедно со Рибите, па така кај нив поминува нежен допир и емоционална поврзаност. Во креветот се многу добри љубовници.

Лавот е преполн со самодоверба во сите аспекти од животот, па така и во креветот каде секогаш ќе ја преземе иницијативата и ќе направи се само да ве убеди дека такво нешто се уште не сте доживеале. Љубовниот однос со лавот е нешто навистина посебно што треба да се испроба.

Девиците се полни со внимание, па ако ви требаат рефлектори и обожаватели, тогаш освојте еден припадник на овој знак. Тие изгледаат мирно, но во креветот се претвараат во сензуални љубовници кои ќе направат сé за да се чувствувате божествено.

Вагите се одлични љубовници и сакаат да им пружат максимално задоволство на партнерите –романтична и сентиментална душа која сака да ги исполнува своите фантазии, но и на партнерот. Флертот и експериментирањето во креветот им се неопходни.

Шкорпиите се спремни на сé за да ги задоволат своите сексуални апетити, така што од овој знак можете да очекувате сé, од лудо водење љубов, до искористување и манипулација. Сепак нивната хипнотичка привлечност им овозможува сето тоа да го направат и да поминат без гребнатинки, како физички, така и емоционални.

Стрелецот е секогаш отворен за експериментирање, авантуристички настроен знак кој во својата основа е по малку детинест, без разлика на годините, па така тие се идеални за кратка и забавна авантура.

Јарецот мора многу да се заљуби за физичката интимност да му биде потполна, па така од него можете да очекувате верен и стабилен партнер, кој не е наклонет кон експериментирање.

Водолиите обожаваат тела, физичка љубов и чудни, непредвидени ситуации, а кога тоа ќе го искомбинирате со вродената бунтовничка природа, кога ќе бидете свои, оригинални и непретенциозни, тогаш ви следува луда забава.

Рибите ќе ви пружат задоволство во неверојатни количини, бидејќи сакаат да задоволуваат и обожаваат да имаат среќни луѓе околу себе.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
АСТРО РАЗОТКРИВАЊЕ: КАКВИ ЉУБОВНИЦИ СЕ МАЖИТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

За нас вагите :rolleyes:

Тој е освојувач, огромен заводник и неверојатно шармантен. Експерт во флертување и заведување. Него ретко кој може да му каже не! Ужива долго во предиграта и за него сексот е најубавото нешто во кое тој целосно ужива. Тој е сензитивен и романтичен и потребно му е разбирање, љубов и пријателство.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Јас мислам дека вагите не се ни шармантни, ни романтични, ни заводници...онака ептен за никаде се, најтапа знак заедно со близнаците. :sneaky:
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
По омразен знак од близнаци ако има, еве... :place:

А златни сме уствари, али лоша пропаганада :notworthy:
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас мислам дека вагите не се ни шармантни, ни романтични, ни заводници...онака ептен за никаде се, најтапа знак заедно со близнаците. :sneaky:
Твоето искуство очигледно било лошо :D
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
По омразен знак од близнаци ако има, еве... :place:

А златни сме уствари, али лоша пропаганада :notworthy:
Ги буцкам Скај и Плавоока бе па и ти, приметив дека се осетливи на критики кон нивните хороскопски знаци. :P
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Ги буцкам Скај и Плавоока бе па и ти, приметив дека се осетливи на критики кон нивните хороскопски знаци. :P

Абе заборавив да ставам вакво :P на крај. Вака постов стварно тужен ми искочи
:D
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
БЛИЗНАЦИ
Главни озборувачи, издаици и лицемери. Мислењето им се менува на секои 10-15 минути (велат дека и Јуда е роден во овој знак). Луѓе со стотина лица. Постојано нешто глумат, тие се „нарциси“ со многу плиткок поглед на животот. Ако повлечете една линија ќе забележите дека вие всушност сте на многу ниско место во нивниот список на приоритети. Секогаш има нешто што е поважно од вас. Ако сте во врска со Близнаци, единствената вистина е дека сте изневерени, а најлошото е тоа што овие луѓе изневеруваат повеќе личности истовремено. Добро е тоа што сите тие личности имаат ист третман како и вие. Накратко,имате работа со личност која никогаш и никако неможе да ви овозможи квалитет,а тоа што не ви овозможува ништо не значи дека не очекува од вас да му бидете секогаш при рака и да му ги исполнувате сите желби.

РАК
Посесивни лудаци, се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ на тон кој нив им одговара, го менуваат расположението како што ќе им падне на памет и секогаш имаат потреба да му досадуваат на некој. Ако ги обвините дека лажат, готови сте, ќе плачат и ќе се жалат со години. Ракот ја менува својата личност од крајност во крајност. Еден ден е вашиот најголем непријател и садист, а веќе следниот ден е истиот оној „стар“ и мек како памук. Ако сакате покрај себе да имате темпирана бомба која на неколку дена ќе ви експлодира во лице, само напред. И совет, зачленете се во ловно друштво, бидејќи кога тогаш ќе ви затреба пушка.

СТРЕЛЕЦ
Коцкари и расипикуќи кои уживаат да им солат памет на другите. Немојте ни случајно да влегувате во брак со Стрелец: иако е уверен дека ве сака, тоа „лудило“ ќе му помине за еден месец, освен ако не сте доволно богати да го задржите. Забавно е нив да ги фаќате во лаги, бидејќи имаат толку смешни оправдувања, што ретко на некој ќе му текнат такви глупости. Жално е да ги гледате како одат низ животот. Упорно одбиваат да сфатата дека нивниот систем на вредности е наивен и несоодветен, па затоа на крајот секогаш страдаат. Неможат да се пофалат со упорност и дисциплина, а најлошо се снаоѓаат со парите. Едноставно, немаат чувство за материјалните вредности. Тие чувства најчесто се извитоперени и умираат во беда иако целио живот трагаат по некакво богатство и престиж.

ЈАРЕЦ
Припадниците на овој знак се вистински робовладетели, веруваат во судбина, а зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да бидете со нив цел живот и да го делите брачниот кревет но никогаш нема да знаете што всушност тие навистина мислат. Своите чувства неможат да ги искажат со зборови , па така често зборот „те сакам“ го заменуваат со некоја „сочна“ псовка. Би го дале и животот за добар статус во друштвото. Големи кукавици се и бегаат од проблемите , оставање во моментите кога најмногу ви се потребни е нивна специјалност, тоа го прават цел живот. Јарците се фригидни и неспособни да ги покажат чувствата. Премногу е спор и мрачен и не е некој со кој ќе можете да ја вкусите среќата во животот, затоа бегајте понастрана од искомплексираните кукавици.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543

ВАГА
Вагите се нарцисоидни и шизофренични, огледалото им е најдобар пријател, нестабилни се и потребна им е цела недела за да се одлучат дали сакаат да нарачаат „Кока Кола“ или „Пепси“. Толку се мрзеливи што е вистинско чудо што стануваат од кревет. Знаат да Ве сакаат само доколку сте финансиски добро „потковани“ или ако имате угледна положба.Зборот пријател не постои за нив.Колку и да бидете искрени и добри со нив , тие никогаш нема да ви возвратат со иста мера. Внимателно ве слушаат, но никогаш нема да ви се „отворат“ до крај. Помили им се илјада убави лаги отколку една болна вистина, затоа и може да им се додели медал за најдобро лажење. Тие лажат секогаш кога ќе им се пружи можност за тоа, се лажат дури и самите себе.

@.Sky. еве и за вагите, сепак мислам дека не би било праведно да бидат изоставени. За близнаците веќе си стаил. (y)
Ви викам ја, најтапа знаци се.
 
Можеби...во некој друг свет :D[DOUBLEPOST=1393799296][/DOUBLEPOST]@Мачорка

Што НЕ треба да му кажете на секој хороскопски знак?

Близнаци – „Заќути малку“

Близнаците сакаат комуникација и живи луѓе. Ако им кажете малку да се смират и да заќутат, прво ќе се изнервираат, а потоа пак ќе си продолжат по свое.

Да не речеш после дека не сум пишал за ваги. Но признај ве нервира некој да ви рече ај намали малку со моабетот... :icon_mrgr: П.С имам таква другарка која е близнак, дефинитивно тоа е ноќна мора да и кажеш ај малку намали со моабетот... и тогаш следува едно бурно реагирање како тоа ја прекинуваш во моабет :pos:

Што друго ве нервира вас:

Близнаците не трпат арогантни луѓе, како и песимистички личности со ограничени ставови и луѓе кои немаат смисла за хумор. Не сакаат кога некој ги прекинува или кога се наоѓаат во ситуација во која мораат да ќутат.

Вага – „Ај намали ја малку музиката“

Вагите уживаат да ги слушаат своите омилени песни гласно и да пливаат во својот свет. Да им кажете да ја намалат музиката е толку разочарувачки за нив

Додатно...

Стрелец – „Колку ми е тежок животов“

Ако се жалите постојано, нема да ги освоите Стрелците. Немаат многу живци за неосновани жалби и ако така продолжите никогаш нема да постигнете блискост.

Јарец – „Позајми ми малку пари“

Јарците се навистина добри луѓе и спремни се финансиски да им помогнат на оние на кои навистина им е потребно, но не и на другари-гребатори.

Водолија – „Нека исчисти некој друг“

Ако уживате во неред и неорганизираност тешко дека ќе се спријателите со Водолија. Тие секогаш внимаваат на чистотата и не сакаат друг да им се меша во тоа.

Риби – „Слушна ли што направил оној?“

Рибите мразат озборување. Не сакаат да бидат дел од такви разговори, а исто така не сакаат и тие самите да бидат жртва на озборување. Доколку ова го правите, тешко дека ќе ја стекнете нивната доверба.
 
Последно уредено:

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак

Нашиот хороскопски знак говори многу за тоа како ја изразуваме и чувствуваме љубовта, но и што сакаме под чаршафите. Без разлика дали сте во врска или сè уште трагате по љубовта, прочитајте кои се вашите најдобри квалитети кога станува збор за врските и романтиката.Пет причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак

Овен

1. Сексот со овенот никогаш нема да биде досаден и бидејќи се многу издржливи никогаш нема да трае кусо.

2. Овните никогаш не сакаат да ја држат лутината во себе, па кавгите брзо се решаваат и лесно се забораваат.

3. Тие ја сакаат спонтаноста и често ќе ве изненадуваат со подароци, љубовни писма и луди авантури.

4. Секогаш ќе можете да сметате дека ќе борат за вас.

5. Нема потреба да се плашите дека врската ќе ви стане монотона, бидејќи со нив сè е возбудливо и авантуристичко.

Бик

1. Биковите се најлојалните луѓе кои некогаш сте ги сретнале. Штом еднаш ви се посветат, нема никогаш да застранат.

2. Нивната сензуална природа ќе ви се исплати во спалната соба. Секогаш ќе се погрижат да бидете задоволени.

3. Ќе ве разгалуваат со екстравагантни вечери и добро вино.

4. Никогаш нема да има потреба да се прашувате кои му се намерите и мотивите, бидејќи секогаш се директни и отворени.

5. Кога сте под стрес, партнерот роден во знакот бик секогаш ќе биде тука да ви даде поддршка и да се грижи за вас.

Близнаци

1. Близнаците се генерално заинтересирани за многу теми, па со задоволство ќе сакаат да ги научат работите за кои вие се интересирате.

2. Нивната досетливост секогаш ќе ве засмева.

3. Нема да имате потреба да се грижите за недостаток од комуникација, бидејќи тие секогаш сакаат детално да ги разработуваат сите теми на муабет.

4. Тие се социјални типови кои на прво место сакаат да ви се пријатели, а на второ место партнери. Врската со нив ќе ви биде забавна и исполнета долги години.

5. Близнаците имаат способност да ве запалат со муабет, без притоа да сте блиску до спалната соба.

Рак

1. Раковите се луѓе кои сакаат да помагаат, па секогаш ќе се грижат за вас.

2. Тие ги разбираат длабоките емоции и не се плашат да ги покажат своите чувства.

3. Нивна омилена активност е гушкање со партнерот во домашна пријатна атмосфера.

4. Тие сакаат сексот да им биде страстен, да ги исполнува и да значи нешто.

5. Тие трошат многу време и енергија за да го направат нивниот дом удобен, па никогаш нема да сакате да си заминете од таму.

Лав

1. Нивната самодоверба и сила се секси.

2. Тие се топли и искрени и никогаш нема да престанат да ве бакнуваат, гушкаат и да ве галат.

3. Омилена работа на лавот е да биде заљубен и никогаш нема да ја сфати вашата врска здраво за готово.

4. Нивната енергична, страсна и креативна природа ги прави прекрасни љубовници.

5. Тие секогаш ќе бидат заштитнички настроени кон вас и секогаш ќе се борат за вас.

Девица

1. Девицата секогаш ќе ве поддржува и ќе биде тука за вас кога ќе ви биде потребна.

2. Тие ја ценат комуникацијата и се интересираат за многу работи, па никогаш нема да снемате теми за разговор.

3. Тие имаат мека, грижлива страна која се открива кога се во врска.

4. Секогаш се педантни и сакаат да изгледаат најдобро што можат.

5. Целат кон перфекција во сè во животот, а ова се однесува и на сексот.

Вага

1. По природа сакаат да ги задоволуваат луѓето, а со тоа и да го прават партнерот среќен.

2. Тие се шармантни и романтични. Без разлика колку време сте заедно, никогаш нема да престанат да флертуваат со вас.

3. За нив предиграта е многу важна и секогаш ќе се посветуваат партнерот да им биде целосно задоволен.

4. Тие се мирни и секогаш ќе се грижат да ги сведат кавгите на минимум.

5. Обожаваат секогаш да им е удобно и да бидат опкружени со убавина, па ќе се погрижат и вие да се чувствувате така.

Скорпија

1. Скорпиите се страсни и сензуални, па сексот со нив е длабоко преобразувачко искуство.

2. Тие не се плашат од интимата, туку напротив, имаат потреба од таква конекција. Вашата врска ќе созрева и расте постојано.

3. Тие врските ги сфаќаат многу сериозно. Во врските се посветуваат целосно.

4. Нивната мистериозна природа значи дека постојано ќе учите нешто ново за неа.

5. Тие се страсни за сè во животот од јадење до политика, особено за нивните љубовни врски.

Стрелец

1. Оптимистичкиот стрелец на секоја врска ѝ пристапува отворено и со најдобри намери.

2. Без разлика дали сте му личност за забава или личност со која сака да го помине остатокот од животот, тој секогаш ќе биде искрен.

3. Нивната независност значи дека дури и кога ќе бидете раздалечени, тие ќе бидат сигурни во вашата врска.

4. Бидејќи по природа се идеалисти, секогаш ќе го гледаат најдоброто во вас.

5. Секој секс со нив е нова енергична авантура.

Јарец

1. Јарецот цути кога е во значајна и сериозна врска.

2. Не морате да се грижите за љубопитните очи на вашиот јарец, бидејќи тие секогаш ќе бидат вперени кон вас.

3. Нивната практична природа ќе ја сведе драмата во врската до минимум.

4. Не се плашат да бидат самоуверени и да ја преземат контролата под чаршафите.

5. Без разлика дали поминувате низ тежок период во животот, на работа или едноставно сте преплашени од лош сон, секогаш можете да се потпрете на вашиот јарец, кој е тука да ви помогне.

Водолија

1. Доколку сте во врска со водолија, секогаш ќе се чувствувате дека таа е вашиот најдобар пријател.

2. Тие живеат во свет на идеи, па никогаш нема да ви снема теми за разговор.

3. Нивната љубов за праведност значи дека тие се залагаат за еднакво партнерство каде што обајцата сте среќни, исполнети и добро згрижени.

4. Доколку излегувате со водолија спремете се за бурен социјален живот. Тие имаат еден куп пријатели и ќе сакаат да ве вклучат во друштвото.

5. Нивната креативна природа значи дека ќе сакаат да пробуваат нови работи во кревет.

Риби

1. Тие се романтични и сексуални луѓе, а сексот со нив ќе ви биде ново невидено доживување.

2. Нивната интуитивна природа им дозволува да ги согледаат вашите потреби и брзо да забележат доколку нешто не е во ред.

3. Тие ќе ја изразуваат нивната љубов кон вас на еден прекрасен поетичен начин.

4. Не се плашат да се жртвуваат за врската, бидејќи ги ценат интимните поврзувања.

5. Тие копнеат за романса, па вашата врска постојано ќе биде слатка и полна со фантазија.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Најљубоморните жени според хороскопскиот знак

1. Овен

Момци , дури и пријателски разговор со друга жена може да стане причина вашата да ве „шутнат“ ! Дамите во знак Овен , во никој случај не би го проголтале фактот дека сте одвоиле внимание на друга жена . Супер љубоморни , но и незапирливи , ако ги зезнете . Најпретпазливи треба да бидете токму со овие жени.

2 . Бик
Ако некогаш ви се случи флерт, за ништо на светот не признавајте му на партнерот Бик . Прво, ќе ве „смачкаат“. А потоа ќе го „смачкаат“ и тој што се обидел да ви се приближи . Иако се доста паметни,сепак овие жени се проклето љубоморни .

3 . Близнаци

Иако Близнаците изгледаат љубоморни , сепак тука нешто друго е во прашање. Тие повеќе тежнеат кон тоа да ја знаат вистината . Ако односите ви се генерално искрени , нема да имате проблем со нејзината љубомора. Но , ако често криете и залажуват, тоа сигурно ќе иницира театрални сцени.

4 . Рак
Жените со хороскопски знак Рак , обично не изгледаат љубоморни . Внатрешно , сепак, во нив беснеат урагани , доколку погледнете по друга жена, кажете мил збор за неа или , не дај Боже , спиете со неа . Партнерот може и да не ве напушти , но , верувајте , ќе плаќате за оваа грешка цел живот !

5 . Лав
Ако се заљуби , жената Лав сака со сета своја страст и душа. Затоа е и доста љубоморна (иако често не го признава тоа ) . И ако го додадеме фактот дека да го изневериш овој знак е директно играње со оган , ситуацијата станува експлозивна .

6 . Девица
Интересно кај Девицата е дека таа не е љубоморна до моментот додека не и дадете повод за тоа. Од тој момент па натаму , ќе ви води сметка за секој чекор.Бидете претпазливи. Таа освен што е горда – знае да биде и злобна!

7 . Вага
Дури и да е љубоморна , тоа нема да ви го каже. Ќе се обиде веднаш да си „стави во глава“ дека вие сте човечко суштество и соодветно имате право да разговарате со секакви луѓе . Но сепак ! Да знаете дека внатрешно воопшто не и е удобно. А може и да си измисли повод да ве казни за некоја ваша постапка која ја повредила .

8 . Шкорпија

По природа овие жени ги мразат до с’ржта на коските вашите поранешни пријателки. А камо ли пак потенцијалните такви пријателки? Нејзиното си е нејзино и никој нема право ни да помислува на тоа. Ние барем ве советуваме никогаш да не давате повод за љубомора на жена Шкорпија .

10 . Стрелец
Овие девојки се премногу милостиви за да допуштат мажот , кој го сакаат , да ги изневери. Но, во моментот , во кој ги игнорирате нив заради што и да е друго , веднаш ќе се налутат .

11 . Водолија
Таа има многу слободоумно размислување и за неа граници не постојат. А камо ли ” окови ” . Таа самата сака да биде почитувана и да не биде подложна на љубоморни сцени, па токму затоа истото го практикува и самата.

12 . Риби

Тука работите се малку лични. Оваа дама е романтична , бара љубов како во бајките и ако нејзиниот принц се „затреска“ во некоја дворска дама , тоа директно ја убива одвнатре. Затоа е и постојано во потрага за знаци кои би и укажале на неверство.

13. Јарец
Таа да љубомори ? Оваа неверојатна , неповторлива и незаменлива личност? Повеќе ти си оној кој треба да љубомори . Сепак, не си мисли дека ако ја направиш на будала пред луѓето , ќе се извлечеш
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.174
Поени од реакции
13.787

пак си утнал работа со овците :) жими мајка не сум љубоморна! :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom