Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас бев во октомври Прага-Дрезден,а и лани во Будимпешта.Во главно сум задоволен,освен што имаше некои измени во програмата а не беа најавени,како и дубарата што ни ја направија за во Прага.Во програмата стоеше традиционална чешка пивница,а уствари не однесоа во некоја затка,што е под земја,ни Т од традиционално,пуно со кинези и остали азијати,и пиво некое безвезе,шо врска си немаше со добро чешко пиво.И малку неорганизирано време,те ваму на брзинка ,таму на брзинка,немаше време за све.Али што знам,екскурзија како екскурзија,задоволенМе интересираат искуства на оние кои биле на екскурзија изминативе години со Балкан Нет
Минатата година бев со Колегиум и да треба повторно да бирам, би ги одбрала пак Колегиум.Дечки ај ако може мислења за Хисар и Колегиум,тука е дилемата дали со едните или другите? Некој да сподели искуства?![]()
Ме интересира автобусите какви им се?Дали се комотни?Иначе најверојатно ќе одиме некаде крајот на април 20-25 некаде.Минатата година бев со Колегиум и да треба повторно да бирам, би ги одбрала пак Колегиум.
Автобусите беа солидни, организацијата беше феноменална, водичите беа перфектни, полни со интересни факти, приказни за сите градови што ги посетивме и нормално журките беа супер.
Ако имаш поголема слобода во бирање на терминот, би ти препорачала да одиш во Мај, јас бев Април и беше прилично ладно, се додека не стигнавме во Шпанија.
Не очекувај некој огромен комодитет, пошто ипак станува збор за автобус,ама не беа тесни, ако можеш пред тргање зафати место доле, не на горниот кат, пошто таму се попросторни седиштата (двокатни им се автобусите). Во принцип се навикнуваш после 3тиот ден одприликаМе интересира автобусите какви им се?Дали се комотни?Иначе најверојатно ќе одиме некаде крајот на април 20-25 некаде.
Некој со искуство со Хисар Травел?
Баш за автобусите..И на нас ни кажаа дека имаат и двокати и единачни.Кои се поубави за патување?Дали се држат до програмата Хисар?Како се со журки и забави?Водичи од Србија?!Јас лани бев со Хисар, што те интересира поточно. Вака ок беа, се што побаравме добивме. Побаравме да нема двокатни и беа доста флексибилни за датумот кога да одиме. Водичите од Србија беа топ и со знаење и со однесување, додека нашите толку беа уфилмани и не спремни тоа страшно нешто.
Баш за автобусите..И на нас ни кажаа дека имаат и двокати и единачни.Кои се поубави за патување?Дали се држат до програмата Хисар?Како се со журки и забави?Водичи од Србија?!
И уште нешто,дали кога тргнавте вие од Скопје тргнаа и други тури од Хисар од балканот па после се сретнавте некаде или не?Фала иналче за инфотоНие си баравме да нема двокатни, бидејќи горе е ниско и било тесно. Е сега зависи и колку луѓе сте, дали им се исплати повеќе двокатен да пратат.
Се држат до програмата, ама не е премногу натрупана, има и време за шопинг и за шетање. Журки има секоја вечер кога се спие во хотел, па и кога не се спие во хотел. Според програмата после Прага имавме вечерно возење, но излезе дека до 2 саат сме во пивница па после тоа продолжуваме со турата. Исто и во Амстердам, една вечер се спиеше во хотел, а втората требаше да ни помине во патување. Бевме на журка па после си продолживме со патување.
Лани имаше двајца водичи од Србија, едниот работи во Хисар, а другиот беше дојден само за патувањава и после си се врати пак во Србија.
И уште нешто,дали кога тргнавте вие од Скопје тргнаа и други тури од Хисар од балканот па после се сретнавте некаде или не?Фала иналче за инфото![]()