Патриотски разговори

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Темава ја отворам за разговари за македонски национални прашања, изнесување на површина национални проблеми со посочување на причините и предлагање на решенија. Ништо не е идеално на овој свет, но се работи за достигнување одржливо ниво. Мислам дека форумот е добра алатка која може да даде придонес низ разговори за расчистување мислења кои ќе се пренесат пошироко. Што значи придонес кон подобро ниво.

Вовед
Според одредени бројки и статистики кои се однесуваат на делови од животот на македонскиот народ ние доживуваме тотален национален пораз. Дали потезите на актуелната Влада на РМ ќе сменат нешто? Дали и каква е стратегијата на оние кои се сегашни лидери и стратези на оваа земја? Некоја стратегија би требало да имаат. Дали се мисли да се остават болните национални прашања, да се премолчуваат или избегнуваат, но да се работи на економскиот опстој и развој на земјава. Па подоцна со нешто подобра материјална сила да се пристапи кон националните проблеми кои засега се со тенденција да водат кон општа македонска катастрофа. Дали е стратегија да се одолее, да се претурка некако низ овие времиња. Па одделни национални спорови ќе се решат со тоа што самата историска сцена ќе ги отстрани. Ова второво би го нарекол византиската стратегија на долг опстој. Ајде да веруваме дека е така, но влева сомнеж зошто изостанува теренската помош на македонското родољубие. Нашите македонски организации во соседните држави не добиваат никаква помош. Македонските борци од другата страна на државната граница, не добиваат никаква почит од чиновниците во македонските министерства. Имаме живи борци, кои со години лежеле во затвор за македонската кауза, овде никој не ги ни знае, власта, медиумите не ги ни споменале. Сегашната власт троши милиони на изминат патриотизам додека го игнорира живиот патриотизам. Изгледа, се додека самиот не замре. Некои од нашите организации во соседството се држат на конец и чудо е како издржаа досега. Ама вака без помош не може вечно да издржат. Исто така и внатрешно. Ниедна македонска родољубна организација во Македонија не само што не добива помош туку се потиснувани уште во зачетокот. Оние кои влезат во партиска служба ќе потраат, ама ништо суштински нема да сторат бидејќи и онака ако нешто требало да биде сторено веќе ќе било (многу полесно) сторено и претходно преку моќта на партијата на која и се подредени.
Како безбедносните служби во соседните, но посебно во империјалните држави му го чуваат грбот на своите родољуби, а овде оние кои покажале свесност за работа за доброто на националната заедница се ставени на потценување и општ потсмев.
Ако бранителите на државата, како оние воените (2001), така и сегашните мирнодопските, не добиваат позначајна државна поддршка, тогаш значи раководителите на државата не се заинтересирани државата да биде бранета за да опстои. Можеби негуваат луда идеја дека сами можат се што е типично за технократско владеење. Успешна ефикасна, ама сепак води во пропаст, затоа што не се поправа кога греши. Не дозволува никој да им укаже на грешките.
Ова како и други однесувања ствара сомнеж во искреноста на надворешно прокламираните и нешто од прикажаните напори за преродба.

Кажете што да се прави?
Мнозинско е мислењето дека македонскиот народ е на пат кон исчезнување, но апсурдно нема соодветна акција. Ако возот оди кон провалија (или бродот кон брегот или слично) и сите гледаат како (возот, бродот) оди кон судар/несреќа во која масовно ќе се пострада, зошто никој ништо не превзема за себезаштита или да се спаси што може да се спаси. И кога победуваш никогаш не можеш да победиш со сто спрема нула, но и кога губиш никогаш нема да изгубиш со сто према нула. И кога си победил 60-40. Оние 40 паднале, си бил повреден, оштетен. Па колку ќе се превземе толку и ќе се постигне. Ако еден нешто прави, условно кажано ќе спаси уште еден. Ако 5мина се приклучат и нешто прават, условно ќе спасат други 5. Ако пропаѓаме барем да не пропаднеме тотално. Да оставиме можност некоја идна генерација да може нешто да стори. Дали кренавме раце од Македонија како територија и народ? Можеби христијански погледнато овој свет и неговото постоење не е само за себе суштински битно, но е битна должноста. Кој не ја исполни ќе замине како губитник.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
IMETO NE GO DAVAME!!! MAKEDONIJA E BIBLISKA ZEMJA, NELI PRVATA ZENA HRISTIJANKA BESE MAKEDONKA NASA ANTICKA. GOSPOD KOGA KE SLEZI NA ZEMJATA PAK, MAKEDONIJA PRVA KE JA SPASI!

Е, сега сериозно. Почнувајќи од себеси а и од се што ме опкружува, можам да заклучам дека на младите ич не им чуе за патриотизам. Никој не се замара со мајка Македонија и тоа дали ќе постоиме уште 1000 години како нација освен некои забегани ултра националистичко-патријархални батки и женски кои ги има 3 на 10 000. Секој гледа да си замине одовде и да си тера живот каде сака и како сака, бидејќи ако остане овде единствен избор за просперитет му е партија. Кажи ми кое интелигентно створење, академски образовано сака да зависи од партија и да чека државна цицка? Само тој што не сака да напредува и да се самонадградува. Е тие, таквите се единствените преостанати патриоти во нашава држава. Македонија како мисловна именка се почитува од скоро сите, пошто сепак овде си роден и тука ти е татковината, ама благодарение на сите наши досегашни влади, ретко кој навистина во практиката е патриот во срце и во душа. Утре да пукне војна со било кого, само будалите ќе војуваат, секој ќе сака да си го спаси газот, пошто сите видовме дека не вреди да умреш од патриотизам. Држава која те стега во обрач од сите страни, те гуши со даноци и казни и се однесува со тебе единствено како виме од крава од кое ќе молзи пари, а за возврат не сака да даде ништо, не заслужува да се грижиш за неа, да ја сакаш и да ја почитуваш. Мојот, а верувам и на 90% од младите, сон, е да фатиме џаде што поскоро и да си ја оставиме нашата Македонија да се дави во кодоши, потрчковци и егоисти.

Заклучок - за мерките кои можат да се превземат, на темава единствено можеш да си правиш муабет со цитро, лион, валволин, битушанец и сите слични на нив.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.220
Поени од реакции
108.042
Провалијата не е спорна, но прашањето е како да излеземе од неа додека не не втерала в гроб?
Едино да дојде некој ко Хитлер и да замисли дека сме Евреи, другачие не знам како би излегле.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.138
Поени од реакции
21.053
IДржава која те стега во обрач од сите страни, те гуши со даноци и казни и се однесува со тебе единствено како виме од крава од кое ќе молзи пари, а за возврат не сака да даде ништо, не заслужува да се грижиш за неа, да ја сакаш и да ја почитуваш. Мојот, а верувам и на 90% од младите, сон, е да фатиме џаде што поскоро и да си ја оставиме нашата Македонија да се дави во кодоши, потрчковци и егоисти.
Ваквите и слични мислења ме натераа да си го поставам прашањето: што е државата? или која е таа држава?
Да, се сложувам целосно со твоето мислење дека државата(=власта) е едно чудовиште, машина која само зема, а не дава.
Ама, државата е само апстрактен поим. Она што ние го викаме 'држава' во зборовите 'државата зема, државата краде', тоа се уствари само група на поединци, група на луѓе, кои уствари се исти како нас, од крв и месо. Значи, таму каде што се тие, утре може да биде било кој. И на крајот излегува дека државата сме ние, сите ние сме еднакви, ама заради икс причини некои имаат повеќе, други помалку. Сепак, на сцена се генерациите кои ја создадоа оваа држава и за сите државни и национални постапки, грешки и успеси се одговорни сите граѓани на оваа држава, на овој или на оној начин.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Основен смисол и цел на секое политичко здружување, па и на Република Македонија, е запазување на природните и незастаривите права на човекот. Тие права се: Слободата, сопственоста, сигурноста и спротивставувањето на угнетувањето
Дали е некоја држава успешна или не, се проценува по тоа дали обезбедила запазување на човековите права.
Примерот со зонско, топлификација, невработеноста, сиромаштијата и многу други работи, покажува дека кај нас државата не е успешна во извршување на своите задачи
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Провалијата не е спорна, но прашањето е како да излеземе од неа додека не не втерала в гроб?
Со инвестирање во младите генерации. Подобро и поквалитетно образование, да ги учиме критички да размислуваат уште од рана возраст, да им дадеме доза на независност, да им се даде на студентите бесплатни автобуси, скијање и ред други бенефиции кои пензионерите денес ги имаат. Мене лично многу ми сметаа оваа денешна пасивна младина. Немаат став и мислење за ништо, освен за како изгледаат, дали денес си го виделе симпатијата или излегле на кафе, пијачка со друштвото. Тие се тие кои треба да ги мрднат работите од мртва точка, а не да бидат партиски послушници. Ова можеме да го смениме само со менување на образовниот систем, да се направи систем кој ќе им дозволи младите генерации сами да учат да размислуваат со сопствената глава и да бидат способни вадат сопствени заклучоци од информациите кои ги воспримаат, а не да им се сервирани и соџвакани, а тие само да ги голтаат без прашање и размислување таквите ставови.




Иначе да ве предупредам. Темава е супер, има потенцијал да се развие ептен квалитетна дискусија. Затоа ВЕ МОЛАМ, без мешање на политика.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Провалијата не е спорна, но прашањето е како да излеземе од неа додека не не втерала в гроб?
Со коренита промена на системот и воспоствување на нов поправеден опшествен систем што ќе биде еднаков за сите нас. Моментално македонскиот народ и воопшто македонските граѓани немаат капацитет и ресурси да сторат такво нешто. Како да се воскресне оваа држава ако немаме младина, а младината е мотор и носител на сите опшествени и национални промени. Со финансиска стимулација на пензионерите од страна на државата и бркање надвор од земјата на младиот прогресивен кадар нема излез од провалијата. И нема да има во наредните 30 години.
 
Последно уредено од модератор:
Ф

Флеш

Гостин
Аххххх,одиме пак со лекција зш Македонците се поделени моментално .... пак и пак и пак и пак и пак и пак и пак и пак .... а и искрено нормално е зш има Македонци се помалку,па и низ цела Европа е и Западот е нормална работа ова веќе .... нема поента да се троши разговор зошто ... се знае зошто ... Модерно време ,моментални сфаќања .... Гледате како е и разбирате ... назад на топикот поделеност меѓу Македонците ....

Поделбата на Македонците би рекол трае од почетокот на 19 век и текот на настаните на Балканот .... имавме соединување преку ВМРО и против Отоманската Империја и распаѓање после поделбата на Македонија ..... Отоманската Империја слабее толку брзо за многу малку време и се повлекува без борба и покрај модернизација и утур бутур меѓународни инструктори на војската .... се создава вакуум простор на моќ ..... секој користи моментална шанса за грабање на што поголема територија .... кој го ферма Македонецот ... Македонското Прашање како главна причина за Прва Светска Војна , поделба со помош на пропаганда и асимилирање на Македонецот сегде и секаде каде што се наоѓа на таа територија под која е окупирана од било кој окупатор .... Македонецот наивен демек дека ќе помогне да се врати Македонија , оди да се бори од страна на окупаторот и не е свесен со помош на пропаганда .... настануваат Грчки Македонци,Бугарски Македонци,Српски Македонци .... поделба на Македонската кауза и свест која си трае до ден денешен ... Тие што останаа цврсти во себе и свесни кој се и што се но и секако со сплет на околности избегал од војните се враќа полека "Изгубената" свест на Македонецот .... искрено и треба и нормално ми е да има документарци на МТв или било кој канал во Македонија ... Повеќето Македонци сеуште се сметаат Југословени и извинете на ова , кур ги боли за Македонија и која е Македонија , но тоа е реалноста .... учиме историја од туѓи извори , учиме само селектирана сопствена историја во моменталните учебници наместо за реалната историја која искрено е далеку поголема отколку што сте свесни .... се сметам јас дека сум Антички Македонец ,сум дел од тој народ .... дошле дел од Словените кои наметнале своја култура и живот тука ..... но кога ќе видите и генетски тест на обичен просечен Македонец , он има само 10 % Словенско потекло .... има 40 проценти Антички Македонец,20 проценти Теутонски (Германски племиња),не и ни чудно ,Саси и така натаму племиња во Северисточна Македонија , поготово од Среден век кој ја населуваат поготово Келти цел среден Балкан ,Унгарија,цела Србија и сосема мал дел од Македонија .... :D има уште да мелам но доста е :D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Кај си бе пријателе, одамна се немаме видено, што правиш?
- Гинам за Македонија.

Патриотски разговор.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
IMETO NE GO DAVAME!!! MAKEDONIJA E BIBLISKA ZEMJA, NELI PRVATA ZENA HRISTIJANKA BESE MAKEDONKA NASA ANTICKA. GOSPOD KOGA KE SLEZI NA ZEMJATA PAK, MAKEDONIJA PRVA KE JA SPASI!

Е, сега сериозно. Почнувајќи од себеси а и од се што ме опкружува, можам да заклучам дека на младите ич не им чуе за патриотизам.
Дефокусираноста на младите во основа не е проблем кој ме загрижува. Младината е најлекомислениот дел од масата кој и вообичаено оди во насоките кои им се даваат. Лесно и ги менува. Затоа младината е најзлоупотребуваниот дел затоа што ем е лекомислен ем е влијателен. Главната маса на учесниците во разни (контра)револуции, војни, бунтови, се луѓе на возраст од 17 до 25 години. Ме загрижува затнатоста на целиот постоечки систем. Како да го одзатнеме за да дадеме здрава и правилна алтернатива и за младината и за останатите. Партииве го затнаа сето патриотско делување. Алтернатива е или да прифатиме да бидеме владеани но и изменети по нивна волја или да си одиме од овде.

Никој не се замара со мајка Македонија и тоа дали ќе постоиме уште 1000 години како нација
Не верувам, Сите велат дека не се замараат, а и да сакаат не може да не се замараат.
освен некои забегани ултра националистичко-патријархални батки и женски кои ги има 3 на 10 000.
Кажи ми барем еден ултранационалист кој го познаваш? Ако е 3 на 10 000 би било одлично.

Секој гледа да си замине одовде и да си тера живот каде сака и како сака, бидејќи ако остане овде единствен избор за просперитет му е партија.
Никаде не се дава слобода да живееш каде сакаш и како што сакаш. Секаде за првото ќе добиеш услови со второто.

Кажи ми кое интелигентно створење, академски образовано сака да зависи од партија и да чека државна цицка?
Кое навистина интелегентно створење ќе рече дека примитивизмот е посилен и ќе ја предаде интелегенцијата пред него? Мислам дека сме масовно спинувани за несамодоверба пред силата на тупите.

Само тој што не сака да напредува и да се самонадградува. Е тие, таквите се единствените преостанати патриоти во нашава држава. Македонија како мисловна именка се почитува од скоро сите, пошто сепак овде си роден и тука ти е татковината, ама благодарение на сите наши досегашни влади, ретко кој навистина во практиката е патриот во срце и во душа. Утре да пукне војна со било кого, само будалите ќе војуваат, секој ќе сака да си го спаси газот, пошто сите видовме дека не вреди да умреш од патриотизам. Држава која те стега во обрач од сите страни, те гуши со даноци и казни и се однесува со тебе единствено како виме од крава од кое ќе молзи пари, а за возврат не сака да даде ништо, не заслужува да се грижиш за неа, да ја сакаш и да ја почитуваш. Мојот, а верувам и на 90% од младите, сон, е да фатиме џаде што поскоро и да си ја оставиме нашата Македонија да се дави во кодоши, потрчковци и егоисти.
А што ќе правиш ако не ја браниш. Кога ќе ти ја палат куќата, што ќе правиш. Кога ќе пукаат на твојата фамилија, ќе мораш да се браниш заедно со другите.

Заклучок - за мерките кои можат да се превземат, на темава единствено можеш да си правиш муабет со цитро, лион, валволин, битушанец и сите слични на нив.
Ќе видиме. Затоа ја отворив темава да осетиме што и како се размислува.[DOUBLEPOST=1393766433][/DOUBLEPOST]
Едино да дојде некој ко Хитлер и да замисли дека сме Евреи, другачие не знам како би излегле.
Сите луѓе знаат дека ќе умрат. Некои малку подобро го освестуваат тој факт, гледаат како околу млади луѓе се разболуваат и умираат и тоа им помага да припазат што прават. Други иако го знаат тој факт малку го освестуваат па со постапките го забрзуваат. Кога се случи, кога ќе ги плесне реалноста, одеднаш се било поинаку. Одеднаш сфаќаат дека завршена е приказната.
Освестете се дека страдањата болат и дека блиску сме до крајот на приказната. Волкот ја изел дополу козата, а таа мисли уште дека сонува.
 
Последно уредено:

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Основен смисол и цел на секое политичко здружување, па и на Република Македонија, е запазување на природните и незастаривите права на човекот. Тие права се: Слободата, сопственоста, сигурноста и спротивставувањето на угнетувањето
Дали е некоја држава успешна или не, се проценува по тоа дали обезбедила запазување на човековите права.
Примерот со зонско, топлификација, невработеноста, сиромаштијата и многу други работи, покажува дека кај нас државата не е успешна во извршување на своите задачи
Честито Како успеа само Топлификација за јас сместиш во ист разговор со патриотизам навистина ти се чудам.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Ваквите и слични мислења ме натераа да си го поставам прашањето: што е државата? или која е таа држава?
Да, се сложувам целосно со твоето мислење дека државата(=власта) е едно чудовиште, машина која само зема, а не дава.
Ама, државата е само апстрактен поим. Она што ние го викаме 'држава' во зборовите 'државата зема, државата краде', тоа се уствари само група на поединци, група на луѓе, кои уствари се исти како нас, од крв и месо. Значи, таму каде што се тие, утре може да биде било кој. И на крајот излегува дека државата сме ние, сите ние сме еднакви, ама заради икс причини некои имаат повеќе, други помалку. Сепак, на сцена се генерациите кои ја создадоа оваа држава и за сите државни и национални постапки, грешки и успеси се одговорни сите граѓани на оваа држава, на овој или на оној начин.
Мислам дека ни е потребна поголема самодоверба. Тупите се многу силни затоа што тој не сфаќа. Тој е решително уверен во неговата заблуда и ништо не може да го преубеди. Во тоа е неговата сила. Каде се најдат во гледиштата туп со туп се сојузува и ствара систем. Паметниот повеќе се сомнева и преиспитува па отстапува пред непоколебливата решителност на оној кој не сфаќа. Така паметните како индивидуалци потпаѓаат под системот на тупите. На обичниот и работен народ и покрај сите факти дека се оди во пропаст не им се верува дека овие до толку можат да бидат глупи. Дека нивниот систем да е толку деструктивен што не уништува сите нас до сопствено самоуништување.

Какви се неправди и навреди ни се случија овде во Македонија и пак луѓето не веруваат во она што им се случи/случува. Како да најдеме решение да го отрезниме човекот кој и кога гледа дека едно по едно му одземаат се, тој се однесува како на друг да му се случува. Како тие загуби дека ќе му се вратат или дека одземањето само од себе ќе запре.

За тоа не ни се доволни паметни, треба да изведеме барем 1% на такви суперпаметни и Македонци кои во своите глави излегле од менталниот систем на тупите.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
А што е тоа патриотизам?

Дали е тоа да се чукаш во гради кога ќе се спомнат имињата Александар, Самоил и Гоце? Дали е тоа да се вика „Грци - педери“, „Бугари - татари“, „Срби на врби“ или „за Шип та ри гасни комори“ еднаш неделно? Дали е тоа наследно? Колку црвени знамиња треба да имаш за да се наречеш патриот? Колку кила месо треба да изедеш на празник за бидеш вистински родољуб? Колку долари треба да се дадат за Македонија независна и обединета да ја видеме?

Жалното е што просечниот македонски патриот ги бара одговорите на овие прашања и мисли дека допринесува за својот народ и држава кога ќе ги најде. Уште пожално е што секој очекува некаква инстантна лична корист од своите постапки на патриотизам.

Погрешната претстава за родољубието е она што ги одвраќа младите од истото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom