Украина никогаш нема да ја примат во ЕУ тоа треба сите да го знаете , лицемерната Европа нема да дозволи да прими во своите редови 45 милионска држава со значително руско влијание . Имавме портокалова револуција и дојде на власт Јушченко и Тимошенко , првиот сега никаде го нема а втората се удави во својата ароганција и корумпираност. Потоа пак дојде на власт Јанукович кој си продолжи со корупцијата како и впрочем сите претходни премиери. Но ова сега е сосема различно , сега имаме бунт и нелегитимна смена на власт која е поддржана од фашистички групи и која прва одлука и беше да го укине рускиот јазик , тоа е намерен потег за да се испровоцира Русија и да се глуми жртва во очите на лицемерните ЕУ и САД, Очигледно на Русија и здосадува ваквата пинг понг игра на смена на власт прозападна-проруска и си ги зема конците во свои раце. Украина не може да опстојува без Русија бидејќи е потполно економски зависна , цела индустрија е во источниот дел и таа е поврзана со рускиот и казахстанскиот пазар . Западот освен " демократија " и потпишување на договор за асоцијација со ЕУ кој никогаш нема да заврши со членство туку во заглавен лавиринт како нас и Турција нема што да понуди.