Сонови, толкување на сонови

Член од
15 јули 2013
Мислења
23
Поени од реакции
16
Sto znaci da sonuvas da bides so bliska licnost koja e pocinata se vrakate od edno planinsko selo zaedno.Potoa odite na edno mesto(mestoto kade se slucia nesreka) i kako vremeto da se vratilo nazat i da znaes deka treba da i se sluci od koja treba da umre utre denta i plakas vo sonot no vo isto vreme kako vo glavata da slusas glas koj ti kazuva deka toa ne smees da go kazes oti taka treba da bide.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
кога леташ значи дека со леснотија се пробиваш низ животот и немаш некои поголеми проблеми или препреки...реката може да го сомболизира животниот тек, ама нормалниот животен тек, низ кој најголемиот дел минуваат со чамец(среќните)или пливајќи(оние помалку) .. а ти леташ... е сега нешто те влече надоле. .. чантата ти се твоите лични мисли и убедувања(не знам со што се поврзани) кои те спуштаат полека во (кон)нормалниот животен тек... можно е да имаш некои погрешни убедувања во врска со нешто или очекувања, кои полека те враќаат во нормалниот живот... значи се привршува една убава епизода(период) кој си го имала до сега... нема некое особено значење,само можеби трева да ги преиспташ своите ставови во врска со некои работи ... толку за сега ...
Тенкс метатрон а баш сакав да ми го истолкуваш и вториот сон. бтв две ноќи по ред сонувам змијарник и змии што ли тоа може да значи, но како што гледам сите бараат да им толкуваш сонови, фала ти и за толку поздрав(y)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Сонувам една особа,која не сме во добри односи...немам никакви комуникации со неа,а на сон ми доаѓа и цела растревожена и ми вика во куќава има некој...јас ја смирувам ја држам за раце,што во стварност во никој случај не може да се случи:(
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Шо значи да сањаш дека си оќелавил ?? :icon_lol:
ама не скроз, туку горе само, кругче, ка старине људи :icon_lol:
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Што значи да се возиш во кола и да си со другари/ки ?
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Ти возиш? Кој период од денот и дали личностите ти се блиски?
Па дур возам е ден кога ќе престанам е ноќ , личностите се блиски но не толку другарки како да ти кажам др :)
 
Член од
25 февруари 2014
Мислења
41
Поени од реакции
32
Повеќе пати сонувам дека сум во влез, сиви ѕидови и не е осветлено, но сепак ги гледам скалите и секогаш идам на горе...Дали знае некој што би можело да значи ова?
 
Член од
4 март 2014
Мислења
58
Поени од реакции
67
Повеќе пати сонувам дека сум во влез, сиви ѕидови и не е осветлено, но сепак ги гледам скалите и секогаш идам на горе...Дали знае некој што би можело да значи ова?
stom se kacuvas nagore znaci deka ce imas nekoj uspeh, toj ce bide tezok makotrpen ama na kraj ce se isplati :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.033
Поени од реакции
83.466
Ја сонуев завчера дека колата ми ја обиваат, буквално скоро пред мои очи и ми го зимаат новчаникот, кој сум го остаил унутра. Многу пцуев заради тоа што у новчаникот имав документи, а за парите не ми беше гајле. После се израдував затоа што ги најдов документите - сум ги остаил надвор од новчаник, на друго место, така да штетата беше само парите у новчаник (не беа многу).
Ноќеска ни ги обиле подрумите у зграда (ова више не е сон), а тоа ваљда било, како буквално пред мои очи, пошто кога и да ги обиле, гарант не сум спиел тоа време. Коа станав сабајле комшиите ми кажаа и ја не се исплашив, пошто неам нешто кој знае што у подрум, ама коа ми текна дека иам некои документи од работа таму, малце ми беше шубе (иако 100% бев сигурен дека нема ваљда да зимаат тешки регистри папки).
Резултатот беше, една плинска боца кај комшијата. Друго ништо, никој не пријави дека му нема. Кај мене не земале ништо, само катанецот го скршиле. Како и би земале, кога за да земеш било што од мојот подрум, прво треба едно пола саат да раздигнуваш и да вадиш, кутии, што празни, што полупразни. У мојот подрум стварите се стаени на куп без ред и коа ќе влезеш на врата - стоиш, нема даље идење, затоа што одма се судираш со ѕид од ставени разни ствари, личи многу на барикади на улици што ги праат - така нафрлани едно врз друго, испреплетени, со рабови и шипки што хаотично штрчат.
Денес, утре, никако да го средам подрумот, така да мораше да се деси ова некој ден - се обрукав пред луѓето, кои сигурно сеа ме оговараат негде у Чаир или Крушопек.

(а може и земале нешто, али тоа не можам никад да го дознам, а у суштина и све ми е за давање од тој подрум)
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Го сонував татко ми кој е починат, многу често го сонувам ама најчесто не ми зборел во сон. Ноќеска ми збореше како ако бил жив ќе го сменел животот и како немало да прави некои работи како што ги правел демек ќе бил подобар човек како да се извинувал за некои свои постапки. Јас сум плачела кога ми зборел. После тоа извадил пари и ми ги давал, и јас сум го прашала може ли да си купиме стан со тие пари и он се согласил. Во периодот сме во фаза на размислување дали да купиме или не, пошто ги немаме сите пари па треба да се доземе кредит ама некако сеуште се двоумиме. Што мислите, какво значење има сонот? @metatron
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
Го сонував татко ми кој е починат, многу често го сонувам ама најчесто не ми зборел во сон. Ноќеска ми збореше како ако бил жив ќе го сменел животот и како немало да прави некои работи како што ги правел демек ќе бил подобар човек како да се извинувал за некои свои постапки. Јас сум плачела кога ми зборел. После тоа извадил пари и ми ги давал, и јас сум го прашала може ли да си купиме стан со тие пари и он се согласил. Во периодот сме во фаза на размислување дали да купиме или не, пошто ги немаме сите пари па треба да се доземе кредит ама некако сеуште се двоумиме. Што мислите, какво значење има сонот? @metatron
... кога ќе умре човекот, неговата свест и душа продолжуваат да живеат во астралната димензија, таму живее се додека не му се распадне астралното тело а тоа е онолку време колку што спиел додека бил жив, негде околу една третина од животот... оттаму може да види и чуе се што се случува овде,ама не може да делува на настаните а и ние не можеме да го видиме ,освен кога спиеме зашто тогаш и ние сме во астралното тело и во истата димензија ... таму покојните го живеат животот од соништата, всушност го согледуваат и живеат животот онаков каков си фале задача да го живеат уште пред да дојдат на овој свет, и ги согледуваат сите грешки кои ги направиле додека биле живи, затоа постои голема доза на каење,болка и тешкотија,ама веќе е предоцна затоа што грешките не можат да ги поправат затоа што веќе немаат тело... тоа е она што татко ти го живее , тоа е она заради што се кае и што сака да го поправи .. тој е секогаш со вас,ве гледа и ве следи ,знае што барате,знае што ви треба,ама не може да ви помогне а ве сака и е привржан за вас(се надевам нема да плачеш додека го читаш ова а ако плачеш знај дека е само заради тоа што твојата душа ја открива сликата преку моите зборови,сликата која веќе ја знае ) значи затоа тој посакува да го смени животот и да не ги направи сите работи кои не ги направил како треба,ама веќе реков, не оди така... добро знаеш дека тоа е нематеријална димензија парите таму не вредат и не постојат,само неговата силна желба ти нуди слика која би ти помогнала или олеснила некои работи... солзите од твојот сон ти претставуват скора радост и поволни услови за остварување на некоја зацртана цел.. сигурно знаеш што е тоа, она што го барате ќе го добиете и сигурно ке донесете правилна одлука ,ви посакувам успех и среќа на патот што сте го избрале .. .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom