Имам работено во банке еден период и мање више банкарските закони и прописи се универзални. Секоја банка или штедилница МОРА на крајот на работниот ден да прати извештај во народна банка (или централна банка или било како се вика национална банка) со извештај за дневното работење, колку имало уплата, колку исплата, менувачки работи, трансакции, од земја во земја се разликуваат начините на чување кеш ние моравме секој ден на крај на работно време да однесеме во трезорот во тогашен СОК поголемиот дел од парите, а еден помал дел за дневно работење колку што законски е предвидено - седеше во сеф на банка.
За еден суд валидни се доказите, а тоа во овој случај се изводи од банкарски трансакции. На жими мајка и “каса прими“ потпишани од истата фирма која и е обинета - нема да и се верува доколку не е потврдено со доказ од некоја банка. Да ги нема таквите прописи - ќе настане светска монетарна анархија каде секој како сака ќе префрла пари исплаќа пари со сомнително потекло, нелегални пари... најголемите криминални трансакции ќе се извршуваат со кеш еве ти пари еве ти потврда дека сум ти дал а ти примил и сега оди куп и си куќа од 10 милиони долари.
Се рабои за милијарди долари кои СЕБИ ги фати како нелегално патуваат, а замисли колку нема фатено или колку се случија во минатото. Со такви нелегални работи трпи државата, губи на даноци, на провизии. Во случај на Сахара, ќе треба да дадат цврст и несоболив доказ за легалност на пари на трансакции. Неоспорно е и сигурно дека парите не смееа да ги исплаќаат кеш Јасно стои во прописите дека пари на инвеститори мораат да се исплаќаат или на сметка или со банкарски чек. Тука нема враќање. Останува да се види и извор на парите, ако не можат да докажат од каде им се , тешко нив, ќе им запленат се што имаат во таа вредност, ќе им удрат забрани, и затворски казни. Сахара стои на стаклени нозе.