Нормално. Ако не научиш од сопствените грешки од што треба да научиш?
После Тат цел систем во НБРМ се смени, да не требаше да оставиме така да се движат работите за и следен апаш да земе штедни влогови на илјадници граѓани?
Уствари на владата не и беше работа да отвара фабрики, ама сигурно се сеќавам дека и беше да овозможи услови за добра економска клима. Ако владата домашните компании и граѓани не ги заштити од интернационални мафијаши, кој треба да ги заштити? Плус за вакви инвестиции мора да испитаат апсолутно се околу инвеститорот.
Еве ви еден пример од реалноста. И со име ќе наведам, бидејќи неможам да поднесам некој да ми прави филмови, а несакам во инвестициски бум да ви го уништувам владиниот филм.
Фирмава ја најавија на сите телевизии како инвеститор во Штип индустриска зона:
14.10.2013, 15:36
Хрватски Кумал ќе инвестира во Македонија
Хрватската компанија Кумал ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.
Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади метри квадратни и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.
Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.
- За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра, изјави Лалиќ.
Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање.
Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.
- Она што е важно е дека само два месеца по отворањето на зоната во Штип имаме нова компанија која ќе ја реализира својата инвестиција. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри. Со завршување на проектот се очекува во првата половина на мај да се започне со градба и шест месеци оттогаш, односно ова време идната година производствениот капацитет да биде завршен, истакна Мизо.
Во моментот хрватската компанија е во фаза на подготовка на проектната документација потребна за изградба на погонот во Штип.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=EE3A4497EA5AE949BDBAE3575B657A86
Оваа фирма постои во Скопје под името Кумал Ск:
http://www.ujp.gov.mk/mk/prebaruvanje_pravni_lica/prikazi?edb=MK4030001425464
Од моја страна е тужена уште во јуни 2011 година. Заедно со мене ја тужеа уште 100тина Македонски компании за ненаплатени побарувања. Сите до еден случај се заглавени во ценетото судство. Пресуда добивме на 20ти Февруари 2014 година. Наплата нема. Аш се префрлиле во „новата инвестиција“ во Штип. Кумал досега не олесни Македонските компании за неколку милиони евра со работење од само две/ три години до 2011. Сега треба да олесни и други наши компании за да ни дојде паметот дека треба да се проверат инвеститорите?
Ајде во првиот бран да не видат кој лопов влегол на пазарот, али во 2013 година да незнаат кои се Кумал и да им доделат бенефиции за во индустриска зона е во најмала рака смешно. Зошто не сме заштитени од државата? Зошто она продава вакви бајки со инвеститори на кои само ретардирани и членови на партија веруваат. Никад свое сте немале, никогаш не сте ги виделе одблиску инвеститорите. Лесно е на туѓи маки да се смеете и да изигравате „влада“ драги мои. Кога вашите пари ќе ви ги земат, тогаш зборете за нешто што знаете. Вака изгледате за оние кои добро го познаваат македонскиот бизнис и средина како шушумиги.
Затоа да не се повторуваат вакви глупости, веднаш треба да се спречат „криминалците“. За Субрата не ни мора да истражуваат, друг истражил.
Треба ние да истражуваме „инвеститори“? Срамота.[DOUBLEPOST=1393522850][/DOUBLEPOST]
И Минчо има донирано за Македонија. Незнам колку години спорт финансира, на сите главни манифестации е финансиер главен, за хуманитарни акции има издвоено незнам колку илјади евра овие години. Исто така и за школи, за болници донира Железара, за пошумување и слично.
Апсолутно иста ситуација имаме, само едниот е Индија со повеќе пари од нашиот македонски милионер. И Минчо си ја сака државата, таман работа да не ја сака Македонија. 20 години грдна пара направи