Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Повторно се пренесуваат само информации за плукање... Не е никаде избеган во болница е. Мајка му е 92 год и е пред умирање. Се знае каде е 24/7. Сите информации и недвижнина е предадена на СЕБИ уште пред неколку месеци.
и да е ова точно ... и да имаат нешто против него ... решени се да му земат пари ... значи ако му земат пари, тој ќе нема за овде да вложи ... или не, ќе извади од под перница за кај нас да вложи ...
 
Државата го пречекуваше како да е премиер или претседник, дур беше во МК државната телевизија пренесуваше секој негов чекор, научивме и кој е и фамилијата му и на која страна од креветот спие и кога станува сабајле и која му е омилена боја, со народни носии, леб и сол гушкања бакнувања средби со министри премиер.... и сега “ако не отвори бизнис ником ништо шо има врска државата со тоа“ Па куп пари потрошивме на пречеци, ни влеваа надежи за јахти и светски туристички центар охрид, 20.000 крави и казина и коцкарници во дојран. Имиџ на влада и политиката се градеше кај народот на таа прикаска, ако успее - ние сме заслужни, ако не успее - то не е одговорност на државата, тоа нема врска со власта.....
навикнат е народот да рани 120 и кусур пратеници,премиери,министри,комисии,претседатели итн,секој ден одат од буџетот приближно толку пари колку за еден пречек на субрата

Македонија ништо не губеше од случајот,овај преварантот да вложеше порано пари овде капиталот ќе останеше на оние кои им борџи,главно ќе влезеше добра пара во државава...........
 
Издаден е налог за апсење на Субрата Рој.
NEW DELHI/MUMBAI: In more trouble for Sahara chief Subrata Roy, the Supreme Court on Wednesday ordered his arrest following his failure to appear before it in a contempt case arising out of non refund of Rs 20,000 crore to investors by two of his companies.

"We issue non-bailable warrants of arrest qua Subrata Roy Sahara, alleged contemnor. He shall be arrested and produced before this Court on March 04, 2014 at 2pm," a bench comprising justices KS Radhakriahnan and JS Khehar said.

ПС
А инаку за тешка болест на мајкаму документ издаде Sahara Hospital

ПС - Станува збор за најмодерната болница во Азија после надвор од Јапонија и Сингапур. Ти да си на негово место кај ќе ја дадеш мајка ти на лечење. Иначе моментално таму има и наши 10тина македонски лекари на специјализација благодарение на Рој.
 
Јас да сум на негово место ќе работев легално и по закон и немаше да користам болна мајка за изговор да не се појавам на суд.
 
Јако друже :D

Во македонски превод му доаѓа како да го браниш Минчо на железара. Или Штерјо.

Мацко а он сам како приватно лице ќе функционира во МКД? Нема да му требаат договори со други фирми, да речеме струја, вода, транспорт, телефон, откуп, набавка, продажба? Или сам со 5000 крави ќе си функционира, сам со себе.

Леа овој има донирано до сега на пола милјарда за разни хуманитарни цели во индија. За фамилии на загинати војници, за фамилии што ги загубија куќите во земјотрес пред некоја година, има градено водоводи, школи, болници и електана во ориса. Додај ги на тоа инвестициите во спортови во кој реално неможе да си ги врати парите ама го прави за промоција на државата. Глупо е да го споредуваш со Минчо трујачот. може не е светец ама пак си ја сака и се грижи за државата.[DOUBLEPOST=1393506312][/DOUBLEPOST]
Јас да сум на негово место ќе работев легално и по закон и немаше да користам болна мајка за изговор да не се појавам на суд.

Еве ти работиш легално и по законот и кажи дали си имаш заработено еден промил од она он што го направил? Супер си за јадење трици и заебанции на форумот ;)[DOUBLEPOST=1393506409][/DOUBLEPOST]
и да е ова точно ... и да имаат нешто против него ... решени се да му земат пари ... значи ако му земат пари, тој ќе нема за овде да вложи ... или не, ќе извади од под перница за кај нас да вложи ...

Станува збор за 10% од вредноста на фирмата АКО треба се да одново да плати. 20-30 милјона поткуп ова го решава без проблем.
 
Леа овој има донирано до сега на пола милјарда за разни хуманитарни цели во индија. За фамилии на загинати војници, за фамилии што ги загубија куќите во земјотрес пред некоја година, има градено водоводи, школи, болници и електана во ориса. Додај ги на тоа инвестициите во спортови во кој реално неможе да си ги врати парите ама го прави за промоција на државата. Глупо е да го споредуваш со Минчо трујачот. може не е светец ама пак си ја сака и се грижи за државата.[DOUBLEPOST=1393506312][/DOUBLEPOST]

Еве ти работиш легално и по законот и кажи дали си имаш заработено еден промил од она он што го направил? Супер си за јадење трици и заебанции на форумот ;)
И нарко картелите во колумбија заработуваат милијарди, исплаќаат во кеш а не преку банки...
не, немам заработено толку но не бев ни уапсен ни обвинет ни поминувано години под истраги и по судови ниту стравувано дали или колку ќе одробијам и приредувано такви стресови на семејство и блиските. . Имам куќа, кола, храна, платени сметко, хоби.... и слободен сум
 
Кога имаш се тоа што се замараш со Рој? Не се секирај за него има он да плати, едноставно неќе. Ако го присилат ќе си плати до тогаш и двата табора ќе ја тераат циганската.
 
Да е то само индијски проблем - и да го баталиме, али Субрата со компаниите Сахара дојде и овде, па бара земјишта, па езера..... зато сакам да се дискутира за него и да се види кој и што е всушност Субрата и Сахара. Јас живеам овде, децата мои, приатели и блиски, сакам да знам кој и зошто ни ја крои судбината тука.
 
Ни охрид ни земјата може со себе во индија да ја однесе. Ако инвестира во ќар сме. Сега за сега се што купил си платил некаков депозит или го платил целосно. Не гледам што е проблемот. На крај крајева владата треба да си има асални договори ако веќе дава некакви попусти ама треба и да го помогне, бар да му даде точни информации.
 
Ова тема е отворена пред година дена, тогаш ти велеше дека ситуацијата со субрата е нормална појава во индија, таму се такви правила на игра дека ќе видиме брзо се то ќе се заташка ќе се фрли некој долар ваму таму.... Година дена потоа имаме блокирани сметки на компаниите, запленет имот уште неколку обвиненија (една од нив и за затајување на данок) и издфаден налог за апсење на Субрата.
И ти се уште се надеваш на “светла будуќност“
Ај наброј шо се е исполнето од ветеното во Љубаништа комплекси за висок туризам и марина за јахти, Дојран казина и коцкарници и 20.000 крави. Инфраструктура, елаборати, мислења на стручни лица, пресметки, проценки.......
 
Врз основа на искуството со Сведмилк ќе носиме одлуки за други компании?
Нормално. Ако не научиш од сопствените грешки од што треба да научиш?
После Тат цел систем во НБРМ се смени, да не требаше да оставиме така да се движат работите за и следен апаш да земе штедни влогови на илјадници граѓани?
Уствари на владата не и беше работа да отвара фабрики, ама сигурно се сеќавам дека и беше да овозможи услови за добра економска клима. Ако владата домашните компании и граѓани не ги заштити од интернационални мафијаши, кој треба да ги заштити? Плус за вакви инвестиции мора да испитаат апсолутно се околу инвеститорот.

Еве ви еден пример од реалноста. И со име ќе наведам, бидејќи неможам да поднесам некој да ми прави филмови, а несакам во инвестициски бум да ви го уништувам владиниот филм.

Фирмава ја најавија на сите телевизии како инвеститор во Штип индустриска зона:
14.10.2013, 15:36
Хрватски Кумал ќе инвестира во Македонија

0CC86B0C230A4F4D9122104A71B23F92.jpg

Хрватската компанија Кумал ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.

Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади метри квадратни и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.

Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.

- За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра, изјави Лалиќ.

Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.

- Она што е важно е дека само два месеца по отворањето на зоната во Штип имаме нова компанија која ќе ја реализира својата инвестиција. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри. Со завршување на проектот се очекува во првата половина на мај да се започне со градба и шест месеци оттогаш, односно ова време идната година производствениот капацитет да биде завршен, истакна Мизо.

Во моментот хрватската компанија е во фаза на подготовка на проектната документација потребна за изградба на погонот во Штип.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=EE3A4497EA5AE949BDBAE3575B657A86

Оваа фирма постои во Скопје под името Кумал Ск:
http://www.ujp.gov.mk/mk/prebaruvanje_pravni_lica/prikazi?edb=MK4030001425464

Од моја страна е тужена уште во јуни 2011 година. Заедно со мене ја тужеа уште 100тина Македонски компании за ненаплатени побарувања. Сите до еден случај се заглавени во ценетото судство. Пресуда добивме на 20ти Февруари 2014 година. Наплата нема. Аш се префрлиле во „новата инвестиција“ во Штип. Кумал досега не олесни Македонските компании за неколку милиони евра со работење од само две/ три години до 2011. Сега треба да олесни и други наши компании за да ни дојде паметот дека треба да се проверат инвеститорите?

Ајде во првиот бран да не видат кој лопов влегол на пазарот, али во 2013 година да незнаат кои се Кумал и да им доделат бенефиции за во индустриска зона е во најмала рака смешно. Зошто не сме заштитени од државата? Зошто она продава вакви бајки со инвеститори на кои само ретардирани и членови на партија веруваат. Никад свое сте немале, никогаш не сте ги виделе одблиску инвеститорите. Лесно е на туѓи маки да се смеете и да изигравате „влада“ драги мои. Кога вашите пари ќе ви ги земат, тогаш зборете за нешто што знаете. Вака изгледате за оние кои добро го познаваат македонскиот бизнис и средина како шушумиги.

Затоа да не се повторуваат вакви глупости, веднаш треба да се спречат „криминалците“. За Субрата не ни мора да истражуваат, друг истражил.
Треба ние да истражуваме „инвеститори“? Срамота.[DOUBLEPOST=1393522850][/DOUBLEPOST]
Леа овој има донирано до сега на пола милјарда за разни хуманитарни цели во индија. За фамилии на загинати војници, за фамилии што ги загубија куќите во земјотрес пред некоја година, има градено водоводи, школи, болници и електана во ориса. Додај ги на тоа инвестициите во спортови во кој реално неможе да си ги врати парите ама го прави за промоција на државата. Глупо е да го споредуваш со Минчо трујачот. може не е светец ама пак си ја сака и се грижи за државата.

И Минчо има донирано за Македонија. Незнам колку години спорт финансира, на сите главни манифестации е финансиер главен, за хуманитарни акции има издвоено незнам колку илјади евра овие години. Исто така и за школи, за болници донира Железара, за пошумување и слично.

Апсолутно иста ситуација имаме, само едниот е Индија со повеќе пари од нашиот македонски милионер. И Минчо си ја сака државата, таман работа да не ја сака Македонија. 20 години грдна пара направи :)
 
Последно уредено:
A team of Lucknow police on Thursday raided the house ofSahara chief Subrata Roy to execute the Supreme Court’s non-bailable arrest warrant against him but failed to find him. Roy, meanwhile, was reported to have approached the Supreme Court seeking cancellation of the warrant and undertaking to appear before it on March 4.

Roy’s lawyers had on Wednesday told the Supreme Court he was by the side of his ailing mother, holding her hands. A medical certificate from Sahara Hospital was also produced. Asked if the police had searched Sahara Hospital, Ajit Singh Chauhan, the local station house officer who led the police team, said Roy was not present there, either.

Полицијата го бара, не е ни во својата куќа, не е ни во болницата каде по зборовите на адвокатот “ги држел рацете на болната мајка“
 
Ова е навистина забавно да се чита кога кршите копја,Лет 3 против Фаранг,коа ќе се убаци и Леандра ... :)
 
Нормално. Ако не научиш од сопствените грешки од што треба да научиш?
После Тат цел систем во НБРМ се смени, да не требаше да оставиме така да се движат работите за и следен апаш да земе штедни влогови на илјадници граѓани?
Уствари на владата не и беше работа да отвара фабрики, ама сигурно се сеќавам дека и беше да овозможи услови за добра економска клима. Ако владата домашните компании и граѓани не ги заштити од интернационални мафијаши, кој треба да ги заштити? Плус за вакви инвестиции мора да испитаат апсолутно се околу инвеститорот.

Еве ви еден пример од реалноста. И со име ќе наведам, бидејќи неможам да поднесам некој да ми прави филмови, а несакам во инвестициски бум да ви го уништувам владиниот филм.

Фирмава ја најавија на сите телевизии како инвеститор во Штип индустриска зона:
14.10.2013, 15:36
Хрватски Кумал ќе инвестира во Македонија

0CC86B0C230A4F4D9122104A71B23F92.jpg

Хрватската компанија Кумал ќе гради погон за производство на термоизолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.

Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади метри квадратни и планирано е неговата изградба да почне во пролет идната година.

Директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски изјави дека донеле одлука за инвестирање во Македонија поради поволната местоположба на државата и оптималните услови што им биле понудени за инвестирање.

- За донесување на една ваква одлука пресудни беа повеќе фактори како што се близината со Бугарија, Косово и Србија кои за нас се интересни за извоз, како и добрите услови што ни беа понудени како работната сила и даноците кои се регулирани на начин што на нас ни одговара. Затоа се одлучивме за оваа инвестиција која е во висина од седум милиони евра, изјави Лалиќ.

Таа и се заблагодари на Владата за тоа што им понудила најповолни услови за инвестирање.

Според директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо, важно е тоа што само два месеца по официјалното отворање на ТИРЗ во Штип веќе има интерес од нова компанија да инвестира.

- Она што е важно е дека само два месеца по отворањето на зоната во Штип имаме нова компанија која ќе ја реализира својата инвестиција. Погонот ќе се протега на површина од 25 илјади квадратни метри. Со завршување на проектот се очекува во првата половина на мај да се започне со градба и шест месеци оттогаш, односно ова време идната година производствениот капацитет да биде завршен, истакна Мизо.

Во моментот хрватската компанија е во фаза на подготовка на проектната документација потребна за изградба на погонот во Штип.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=EE3A4497EA5AE949BDBAE3575B657A86

Оваа фирма постои во Скопје под името Кумал Ск:
http://www.ujp.gov.mk/mk/prebaruvanje_pravni_lica/prikazi?edb=MK4030001425464

Од моја страна е тужена уште во јуни 2011 година. Заедно со мене ја тужеа уште 100тина Македонски компании за ненаплатени побарувања. Сите до еден случај се заглавени во ценетото судство. Пресуда добивме на 20ти Февруари 2014 година. Наплата нема. Аш се префрлиле во „новата инвестиција“ во Штип. Кумал досега не олесни Македонските компании за неколку милиони евра со работење од само две/ три години до 2011. Сега треба да олесни и други наши компании за да ни дојде паметот дека треба да се проверат инвеститорите?

Ајде во првиот бран да не видат кој лопов влегол на пазарот, али во 2013 година да незнаат кои се Кумал и да им доделат бенефиции за во индустриска зона е во најмала рака смешно. Зошто не сме заштитени од државата? Зошто она продава вакви бајки со инвеститори на кои само ретардирани и членови на партија веруваат. Никад свое сте немале, никогаш не сте ги виделе одблиску инвеститорите. Лесно е на туѓи маки да се смеете и да изигравате „влада“ драги мои. Кога вашите пари ќе ви ги земат, тогаш зборете за нешто што знаете. Вака изгледате за оние кои добро го познаваат македонскиот бизнис и средина како шушумиги.

Затоа да не се повторуваат вакви глупости, веднаш треба да се спречат „криминалците“. За Субрата не ни мора да истражуваат, друг истражил.
Треба ние да истражуваме „инвеститори“? Срамота.[DOUBLEPOST=1393522850][/DOUBLEPOST]

И Минчо има донирано за Македонија. Незнам колку години спорт финансира, на сите главни манифестации е финансиер главен, за хуманитарни акции има издвоено незнам колку илјади евра овие години. Исто така и за школи, за болници донира Железара, за пошумување и слично.

Апсолутно иста ситуација имаме, само едниот е Индија со повеќе пари од нашиот македонски милионер. И Минчо си ја сака државата, таман работа да не ја сака Македонија. 20 години грдна пара направи :)

Смешно е да ги споредиш на минчо инвестициите со на рој. Едниот дал перници другиот изградил болници. Едниот финансира металруг со 2мил годишно другиот само на форс индија во Ф1 до сега има потрошено 200-300 мил долари, која е може и најдобра реклама на индија во светот. Едниот нема еден спортски објект изградено другиот ги има реновирано сите стадиони за крикет во во индија кога започна ИПЛ (нешто како НБА или еве да кажеме бундес лигата само за крикет - спорт бр 1 таму). Минчо го труе скопје а овој има изградено водоводна мрежа поголема од таа на македонија и ред други работи... Нашите милјонери градат црквичиња овој гради електрани и прочистни станици за вода па сега ти види... Даллеку од тоа дека е чист ко и нашите ама пак не е исто.

58619.jpg

M_Id_418891_MCA.jpg

Kochi-cricket-stadium.jpg

images

images
[DOUBLEPOST=1393545337][/DOUBLEPOST]
Ова тема е отворена пред година дена, тогаш ти велеше дека ситуацијата со субрата е нормална појава во индија, таму се такви правила на игра дека ќе видиме брзо се то ќе се заташка ќе се фрли некој долар ваму таму.... Година дена потоа имаме блокирани сметки на компаниите, запленет имот уште неколку обвиненија (една од нив и за затајување на данок) и издфаден налог за апсење на Субрата.
И ти се уште се надеваш на “светла будуќност“
Ај наброј шо се е исполнето од ветеното во Љубаништа комплекси за висок туризам и марина за јахти, Дојран казина и коцкарници и 20.000 крави. Инфраструктура, елаборати, мислења на стручни лица, пресметки, проценки.......

И пак истото ти го викам чекај :D Се ќе се реши на крај. Ова е само за колку рекет на крај да му земат и шоу за народот. Така е иначе пропаднал во земја милјардер :facepalm: Некој неќе да го уапси дур не видат дали ќе се поништи судската одлука.

Незнаев дека во Македонија толку брзо издаваат дозволи за комплекси поготово и на имотот на кој треба да се гради не е расчистена сопственоста. Она што го знаеме е дека купи хотел во Охрид каде се беше чисто. Се друго ќе фати време. Во македонија се убивме од гледање брзо изградени објекти од тој карактер... Ако не се лажам болницата во Кавадарци повеќе од 20 години ја градеа...
 
Последно уредено од модератор:
И пак истото ти го викам чекај :D Се ќе се реши на крај. Ова е само за колку рекет на крај да му земат и шоу за народот. Така е иначе пропаднал во земја милјардер :facepalm: Некој неќе да го уапси дур не видат дали ќе се поништи судската одлука.

ах бе чоек, полиција го бара со налог за апсење од врховен суд. Кој може да поништи одлука или пресуда на врховен суд. ВРХовен, значи над него нема друга власт, одлуки и закони на парламенти и влади може врховен суд да ги поништи.Не ја прајте работата комедија.[DOUBLEPOST=1393547432][/DOUBLEPOST]
Незнаев дека во Македонија толку брзо издаваат дозволи за комплекси поготово и на имотот на кој треба да се гради не е расчистена сопственоста. Она што го знаеме е дека купи хотел во Охрид каде се беше чисто. Се друго ќе фати време. Во македонија се убивме од гледање брзо изградени објекти од тој карактер... Ако не се лажам болницата во Кавадарци повеќе од 20 години ја градеа...
А како можеше на ТВ да излезе со готови планови како ќе изгледаат цели комплекси а не се расчистени имотните односи, нема мислење на министерство за кулура дека таму нема ништо значајно, нема елаборати од екологија..... Како може да вети 20.000 крави во предел кој по стандарди на земјоделие нема ни храна ни вода за толку грла добиток., арно шо не го однесоа Битола, сега ќе чекавме овде космодром да ни направи

Инаку на почеток на фебруар во Индија е објавено дека во Македонија Сахара ќе инвестира околу 24.000 crore рупии или ако правилно пресметав околу 3,8 МИЛИЈАРДИ долари!
(ако грешам нека ме исправат, 10 милиони рупии се 1 crore значи 24.000х10.000.000 би биле 240.000.000.000 рупии или по курс долар - рупија 0,01612 то иди 3,86 милијарди долари
The 'International Business: Macedonia (Europe)' business is expected to see an investment of Rs. 13,922 crore in dairy project and Rs. 9,600 crore in hospitality project.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom