Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    748
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Проблемот беше Јанукович... Во Украина имаше вистинско незадоволство кај обичниот народ од неговото владеење. Едноставно "бандеровците" подучени од европските ментори по демоНкратија "добро" изиграа и успејаа мирните протести да ги израдикализираат и да предизвикаат непоправлива штета и губење човечки животи.
Јанукович направи грешка со тоа што си дозволи да преговара со фашисти и пробуваше да се договори околу поделба на власта а не сакаше да распише предвремени избори.

Сега тие грдите фаци од НеУеу свршаваат... Си вратија за понижувањето кое го доживејаа кога ги зафркна Јанукович..
Но не верувам дека било кој од соседите на Украина е среќен со ваквата состојба.. Бандеровците имаат убиено десетици илјади Полјаци и иако украинските радикални националисти сакаат да глумат дека можат да бидат некаков пандан на Полска многу брзо нивната игра која ја играат под палката на европските фашисти ќе стане провидна.

Во моментов Русија има огромен интерес да се бори за целовитоста на Украина.. Да имаш свое население во друга држава воопшто не е без значење. Засега Путин се држи добро и не реагира емотивно на ситуацијата во Крим.
Следниот чекор кој треба да го преземат Русите, за да се оневозможи консолидацијата и зацврстувањето на про-западниот фашизоиден режим во Украина, е да иницираат средба на Советот за безбедност на ООН (со можност за распоредување меѓународни трупи на Крим) и постепено да го повратат своето природно влијание во Украина во следниот период, кој ќе биде многу тежок за држават без разлика кој ќе биде на власт и какви договори ќе потпишува.
Проблемот мислам дека беше ставот на Јаникович дека Украина не сака да започне преговори за влез во ЕУ.

Ти да изнесеш народ на улица и да му кажеш, тепај, убивај полицајци или народ за мои и политички цели, неоди баш нели. Ако имаат независно судство, треба и Кличко и тие што се моментално или излезени или се во притвор да им се изрече затворска казна.
Но не ми е јасно како од парламентарно мнозинство, министри и огромна народна подршка, оддеднаш пропадна!?
Мислам дека до некаде се сложуваме. Само јас мислам дека целта на Америте е да направат свои воени бази, како што направија на Косово и Метохија и БиХ.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Ruskata armija pristigna vo Jalta.

В јалту приехали вооруженные россијские военные (ВИДЕО)

http://glavcom.ua/news/188108.html
Русите имаат база таму и договор да го користи ако не се лажам до 2047 година.
што и да се случи со украина руските бази ќе останат таму барем уште 20 години

Украина и Русија во борбена готовност заради Крим
Украинските сили за безбедност беа ставени во режим на готовност во четвртокот , а Русија објави дека ќе ги штити правата на своите сонародници и ќе реагира " бескомпромисно " на секое нивно прекршување .

http://www.trud.bg/Article.asp?ArticleId=3439362
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Amerikanskiot minister za odbrana Chuck Hagel povtorno ja predupreduva Rusija da ne intervenira. bara da se pocituva suverenitetot na Ukraina.

“We expect other nations to respect Ukraine’s sovereignty and avoid provocative action,” Mr. Hagel said after the ministers met at NATO headquarters here. “That’s why I’m closely watching Russia’s military exercises along the Ukrainian border, which they just announced yesterday.”

http://www.nytimes.com/2014/02/28/world/europe/hagel-warns-russia-not-to-intervene-in-ukraine.html?_r=0
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Одеднаш целиот фокус се фрли на КРим , мириса на барут , многу лесно падна Украина ...
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Изгледа дека отиде Крим во Русија, ќе има некаков референдум но тоа е формалност, а и глупо би било да не ја искористат ситуацијата Русите.
Прашање е дали ќе пружат Украинците некаков отпор, евентуално Кримските Татари ако нешто се организираат, но тоа не го менува исходот, а ако се обидат Украинците да преземат нешто ќе изгубат многу повеќе од Крим кој што е сега засега доведен во прашање.
А и така се во хаос и без пари.

Да беа паметни како што не се ќе го почитуваа договорот кој што го потпишаа и ќе имаше преоден период до избори. Вака ситуацијата излезе од контрола, глупо е ако мислеле дека руските Украинци ќе ги исклучат од изборниот процес.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.346
Поени од реакции
6.032
Одеднаш целиот фокус се фрли на КРим , мириса на барут , многу лесно падна Украина ...
Завршија Олимписките игри во Сочи. Револуцијата беше подбуцната и темпирана баш тоа време. Е сега се чека реакцијата на Русија. Во секој случај, Украинскиот обичен народ, е најоштетен во случајов. Крим ќе им биде вечито немирна територија (нормално, ако остане во истиве граници, и ќе се отвари уште едно жариште во светов, каде долг период нема да има мир) или ќе следува уште едно сценарио како Осетија и Абхазија. Ако има референдум уште однапред се знае неговиот исход. Дали ќе има војна, или ќе остане само на звечкањето со оружје зависи само од Украина, и од постапката после референдумот.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Хипотетички ако се постави ситуацијата,Русија уште еднаш по кој знае кој пат во својата историја повторно го пушти низ вода ОНОЈ ЗА КОГО СЕ КОЛНЕШЕ дека ќе го брани.. односно го пушти низ вода Јанукович,како што го пушти Гадафи,Милошевиќ и многу други.Но овде има интересна ситуација,Украина која се сврте кон Русија сега ем изебана ем рацепена ќе биде ОД ИСТАВА ОВАА РУСИЈА.. иронично.. ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ,ЌЕ ВЕ ПОДДРЖИМЕ.. после.. ДАЈТЕ ВАМУ ТЕРИТОРИЈА... хехехехе... ГОЛЕМИНАТА НА РУСИЈААА... :LOL:
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Изгледа дека отиде Крим во Русија, ќе има некаков референдум но тоа е формалност, а и глупо би било да не ја искористат ситуацијата Русите.
Прашање е дали ќе пружат Украинците некаков отпор, евентуално Кримските Татари ако нешто се организираат, но тоа не го менува исходот, а ако се обидат Украинците да преземат нешто ќе изгубат многу повеќе од Крим кој што е сега засега доведен во прашање.
А и така се во хаос и без пари.

Да беа паметни како што не се ќе го почитуваа договорот кој што го потпишаа и ќе имаше преоден период до избори. Вака ситуацијата излезе од контрола, глупо е ако мислеле дека руските Украинци ќе ги исклучат од изборниот процес.
Да се задоволи само со Крим??? И да дозволи на останатата огромна територија на Украина непречено да се расшетуваат НАТО и ЕУ дебили и да поставуваат свои инсталации?? Тоа ќе биде вистински пораз за Русија.
Путин мора и секако ќе направи се што е во негова моќ со меки методи да ја направи пирова победата на десните во Украина.. Неговата цел е да го задржи своето влијание и да има свои луѓе во Киев, не во Крим.
Крим секако е руски.[DOUBLEPOST=1393527227][/DOUBLEPOST]Русија секако ќе го заштити Јанукович и руските интереси во Украина. А зошто пак Русија би ја делела, тоа е игра на Западот. Само ним им одговара поделбата на Украина. Русија никогаш не побарала враќање на територијата која за волја на вистината си е нивна.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.346
Поени од реакции
6.032
Хипотетички ако се постави ситуацијата,Русија уште еднаш по кој знае кој пат во својата историја повторно го пушти низ вода ОНОЈ ЗА КОГО СЕ КОЛНЕШЕ дека ќе го брани..
И Русите си тераат свој интерес, како тоа што го прави Западот.Русите во политиката со Украина згрешија што го поддржаа Јанукович. Погрешен човек, корумпиран, и тоа им беше повод на пијавиците да го срушат (нормално, подбуцнати од страна), инаку и Русија си го гледа својот интерес. Тие си се виновни што го преценија Јанукович, и што мислеа дека ја има ситуацијата под контрола, што се испостави сосем спротивно, а нив им беа рацете врзани поради Сочи.

Борбата е за власт,пари и моќ, а на никој не му е гајле ниту му е важно дали ќе му се подобри животот на Украинецот, дали ќе живеат подобро или ќе продолжи периодот на стагнација.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Да се задоволи само со Крим??? И да дозволи на останатата огромна територија на Украина непречено да се расшетуваат НАТО и ЕУ дебили и да поставуваат свои инсталации?? Тоа ќе биде вистински пораз за Русија.
Путин мора и секако ќе направи се што е во негова моќ со меки методи да ја направи пирова победата на десните во Украина.. Неговата цел е да го задржи своето влијание и да има свои луѓе во Киев, не во Крим.
Крим секако е руски.
Крим има автономија но не е Руски. Потезите што се влечат го навестуваат токму тоа, Крим да стане дел од Руската федерација. Ова засега ми изгледа многу веројатно.

Дали ќе одат понатаму е прашање на одлука, ако се распадне државата трајно ќе биде изгубен западниот дел, за евентуално Украина пак да заврши цела во Руската свера не би требало да дозволат поделба и да не дозволат да падне крв. За што ќе се одлучат ќе видиме, сите карти се отворени.
Единствен адут кој што го сега го имаат Украинците е транзитот на Руски гас, но и тоа ќе го немаат кога ќе се изгради јужниот поток. Затоа и мислам дека нема да се оди до крај.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
И Русите си тераат свој интерес, како тоа што го прави Западот.Русите во политиката со Украина згрешија што го поддржаа Јанукович. Погрешен човек, корумпиран, и тоа им беше повод на пијавиците да го срушат (нормално, подбуцнати од страна), инаку и Русија си го гледа својот интерес. Тие си се виновни што го преценија Јанукович, и што мислеа дека ја има ситуацијата под контрола, што се испостави сосем спротивно, а нив им беа рацете врзани поради Сочи.

Борбата е за власт,пари и моќ, а на никој не му е гајле ниту му е важно дали ќе му се подобри животот на Украинецот, дали ќе живеат подобро или ќе продолжи периодот на стагнација.
Се сложувам,ова е точно но ова не е оправдување.Стави се во позиција на некој украинец(значи украинец чист не русин) што гласал и го поддржувал Јанукович,и сега украинецов вика ,,Глеј,јас за него гласав а дојде ред неговите да ми ја распарчуваат земјата''.Точно се е интерес,ама Русија тоа го прави многу ПЕДЕРСКИ.Они дозволија Косово и да се отцепи и да стане држава без проблем,да,и памтиш што рече Путин во првите денови во војната со Грузија на Америка и западот ? КОГА ВИЕ МОЖЕТЕ ДА ПОДДРЖИТЕ СЕПАРАТИСТИЧКА ДРЖАВА МОЖЕМЕ И НИЕ,НИЕ ГО НАПРАВИВМЕ ИСТОТО ШТО ВИЕ СО КОСОВО,И ВИЕ ВОЕНО ГО ОТЦЕПИВТЕ КОСОВО,И НИЕ АБХАЗИЈА И ОСЕТИЈА ВОЕНО ГИ ОТЦЕПИВМЕ.. да резумирам,Русија ги пушти сите низ вода за да има алиби она да се шири територијално... дај ми пример каде што Америка поддржувала некој нејзин сојузник,за на крај да му рече ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВЛАГАМЕ СО ВОЈСКА ДА ВИ ОТЦЕПИМЕ ДЕЛ... има таков пример ? мислам дека не..
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Да се задоволи само со Крим??? И да дозволи на останатата огромна територија на Украина непречено да се расшетуваат НАТО и ЕУ дебили и да поставуваат свои инсталации?? Тоа ќе биде вистински пораз за Русија.
Путин мора и секако ќе направи се што е во негова моќ со меки методи да ја направи пирова победата на десните во Украина.. Неговата цел е да го задржи своето влијание и да има свои луѓе во Киев, не во Крим.
Крим секако е руски.
Искрено јас не верувам дека нешто повеќе ќе се деси, не за друго туку заради фактот што пред 10 години ја имавме истата ситуација, кога уште со Тимошенко почна да потишува договори (парите на Тимошенко се заслуга на монополот на Рускиот Гас, а нејзиниот сојузник Јушченко сведочеше против неа во судењето).

Европа многу тешко дека ќе може да ја опраи економски Украина, пошто прво и основно тие 15-20 милијарди евра што и требаат на Украина се само за да се избегне банкрот, за да заживее скромно но компатибилно со западните нормативи растурената, според проценките, на Украинска економија и е потребен boost 70-80 милијарди евра, имајќи во предвид дека Индустријата на оваа држава е градена спрема Советскиот Сојуз (слично како и нашата индустрија спрема СФРЈ). Имајќи во предвид дека во Украина последните две децении се менуваат исклучително корумпирани режими кои не мрднаа со прст да ја зајакнат економијата, тогаш можеме да заклучиме дека Украина може само да и биде товар на ЕУ и како што во првата деценија од 21 век, Германија цврсто се спротивстви на интегрирањето на Украина во тн. Евроатлански структури, и сега немојте да мислите дека ќе биде поинаку. Евентуално може да се случи, што пак не ми се верува, некоја воена база на САД.

Мислам дека Русија ја гледа оваа ситуација и стои на страна за да не ствара непотребна Русофобија, но и подлабока диференцијација меѓу Украинскиот народ, слично како и за Портокаловата Револуција. Поделена Украина или Украина без Крим во краен случај не и одговара на Русија, зошто во една Украина без Крим на Русија многу се помали шансите Русија да има посериозно влијание. И си мислам доколку Украина не испровоцира конфликт во Крим, Русија нема да реагира.

Иначе за враќање на Руското влијание во Украина, не е потребна никаква непромислена реакција од Москва. Проблемот претставувааат неонацистите, кои ми се чини се намерно фингирани да го растат гневот на Русите и проруски ориентираните Украинци за да предизвикаат конфликт во кој ќе влезе и Русија. Само со таков конфликт, Русија ќе ја изгуби Украина на долго време.

Дали грешам ќе покаже времето.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.346
Поени од реакции
6.032
дај ми пример каде што Америка поддржувала некој нејзин сојузник,за на крај да му рече ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВЛАГАМЕ СО ВОЈСКА ДА ВИ ОТЦЕПИМЕ ДЕЛ... има таков пример ? мислам дека не..
Има многу примери. И самите оние што го поддржуваа Јанукович, знаеја дека Крим никогаш нема да биде дел од Украина.

Еве ти еден пример за тоа дека политиката што ја водат големите е чист интерес, ништо повеќе:

1 месец пред „револуцијата“ во Либија, Гадафи во Вашингтон беше пречекан со највисоки почести. За 1 месец стана најцрн диктатор кој мора да падни. Зошто? Зошто им ги побара парите од нафтата :).

Сојузник на Русија беше Јанукович. Овие го турнаа насилно Јанукович, и како што гледам расположението е антируско. Што мислиш, што би било различно ако наместо Русите беа Американците?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom