Прашање за Христијанството III

Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
52 А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.
Лука 2
Овде се кажува за растењето на малиот исус, напредувал во мудроста, на ова мислев кога прашував кога и во кој момент Исус ја одстигнал големината мудроста и совршенството на Бог?
На напредување се мисли на богоудниот живот што го водел на земјата а мудроста промислата на неговиот Татко Отецот за животот и целта на неговото постоење.Истото тоа Евангелие сведочи дека Христос е во Отецот и Отецот е во него а Бог е семоќен и сезнаен одсекогаш.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Јасно е кажано дека напредувал во мудрост во раст и во благодатта пред Бога и луѓето. Напшредување змначи да си се подобар во нешто, Исус бил мудар па после уште помудар па уште... растел бил мал па поголем па уште поголем......
Дали бог напредува во нешто? во било што?
дали бог бил посуров па напредувал, се развил во смирен, поопуштен, дали бог денес знае повеќе од колку пред пример 6000 години? дали бог е сега посилен од пред 2000 години?
 
Типично Протестанско размислување како сакаш нека ти биде.

Бог е ист и непроменлив и нема ни потреба да биде зошто е совршен.

дали бог бил посуров па напредувал, се развил во смирен, поопуштен, дали бог денес знае повеќе од колку пред пример 6000 години? дали бог е сега посилен од пред 2000 години?
Дали што и како не знам но само можеме да знаеме дека сегашниот завет е по спасоносен од тој од пред 2000 години.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Типично Протестанско размислување како сакаш нека ти биде.
Јас читам што пишува а ти толкуваш што требало да пишува.
Толку ли е аљкаво и површно напишано светото писмо да мора секој стих да се толкува и објаснува?
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Јас читам што пишува а ти толкуваш што требало да пишува.
Толку ли е аљкаво и површно напишано светото писмо да мора секој стих да се толкува и објаснува?
Да!
Ниту еден збор не е напишан туку така напразно туку секој збор и точка има своја цел и значење.

Затоа Секое спротивно мислење од ова си изнаоѓа контрадикции.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали ќе ја прифатите одлуката да бидете во рајот, знаејќи дека некој што ви е блозок и што го сакате треба да заврши во пеколот?
Хипотетичка ситуација. Значи вие одите во рајот, и дознавате дека ваш син, ќерка, мајка или било кој - некој што ви значи се, е во пеколот! Што ќе направите?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Наведената ситуација не е хипотетичка, туку е дел од личното и непосредно духовно па и душевно искуство од секој верник.
Работата е едноставна: ако тежнеам кон Христа, тоа значи дека се оддалечувам од овосветовните нешта, вклучувајќи ги тука и блиските, дури и родителите. И обратно; приврзаноста кон Светов, ме оддалечува од Христа.

Затоа Он и ќе рече:
„..Кој милува татко и мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене...„.(Матеј. 10.37).
 
Последно уредено:
Член од
26 април 2013
Мислења
558
Поени од реакции
114

„..Кој милува тако и мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене...„.(Матеј. 10.37).
незнам точно во која пророчка книга пишуваше и "ќе ги избрише сите солзи од нивните очи" taka da moe mislenje e deka rajot znaci i duseven raj, a toa e osloboduvanje od site tegobi od ovoj svet, veruvam na covek nema da mu e pobitno da e do rodnina mu odkolku do Bog..........
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Наведената ситуација не е хипотетичка, туку е дел од личното и непосредно духовно па и душевно искуство од секој верник.
Работата е едноставна: ако тежнеам кон Христа, тоа значи дека се оддалечувам од овосветовните нешта, вклучувајќи ги тука и блиските, дури и родителите. И обратно; приврзаноста кон Светов, ме оддалечува од Христа.

Затоа Он и ќе рече:
„..Кој милува татко и мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене...„.(Матеј. 10.37).
И како го поврзуваш ова со заповедта да го љубиш ближниот како себеси?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Дали ќе ја прифатите одлуката да бидете во рајот, знаејќи дека некој што ви е блозок и што го сакате треба да заврши во пеколот?
Хипотетичка ситуација. Значи вие одите во рајот, и дознавате дека ваш син, ќерка, мајка или било кој - некој што ви значи се, е во пеколот! Што ќе направите?
Не е речено залудно дека се е релативно,па тогаш и во овој случај што си го навел ако подлабоко размислиш ќе го увидиш тоа.Твојата приврзаност кон родителите престанува со својата полна сила тогаш кога ти ќе станеш родител.Истото е и кога твоите деца ќе станат родители тогаш престанува нивната приврзаност кон тебе како кон родител заштитник.Вториот начин истотака кога браќата и сестрите ќе си оформат свои семејства и тргнат на разни страни,тогаш настапува нивното одалечување заради обврските за разлика кога сите биле заедно под ист покрив.Што гледаат тогаш христијаните во Исус Христос,гледаат татко,брат некој близок кој за разлика од ближните никогаш не се менува ниту се одалечува,ниту ги остава сами.Сите социјални врски на земјата се минливи и менливи,се раѓаме сами,сами и заминуваме во гроб,единствената врска ја имаме само со нашиот Створител и Судија.Побитно е кога ќе се запрашаме каков е нашиот однос со Господ сега и како ќе излеземе пред Него кога ќе му даваме отчет,отколку каде ќе биде мојот брат,мајка,татко,сестра или најдобриот другар.Секој сам ќе си положи сметка.
 
Една работа е самиот да решиш дека ти е потребно да се оддалечиш од луѓето кои ти биле блиски, сосема друга тоа да биде во форма на свршен чин, каде ти немаш удел во носењето на одлука за тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И како го поврзуваш ова со заповедта да го љубиш ближниот како себеси?
Едноставно е: заборави (случајно, нели...) дека првата и најголема заповед е да Го возљубиме Бога со сета своја душа, со сето свое срце, со сета своја сила и со сиот свој разум, а дури отпосле да ви возљубиме и другите, како себе си.

Од претходна напишаното, произлегува следната хиерархиска поставеност на личносно-љубовните релации:
- прв Е Бог,
- па другите луѓе, почнувајќи од родителите па се‘ до нашите познајници
- и на крај, доаѓа „јас„.

На другите луѓе, иако може и да не веруваат, Бог не им ја укинува слободата на избор па можат да одберат и да не Го сакаат и со тој нивен избор, самите себе се исклучуваат од наведеното скалило, па „јас„ не е обврзан да ги сака „другите„, оти на прво место сеуште останува Бог.
 
Како може љубовта да ја распоредуваш хиерархиски, врз основа правила и упатства......? Како може да сакаш некого врз основа на заповед....?! Како може друг да ти каже кого, колку и на каков начин ќе сакаш?!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како може љубовта да ја распоредуваш хиерархиски, врз основа правила и упатства......? Како може да сакаш некого врз основа на заповед....?! Како може друг да ти каже кого, колку и на каков начин ќе сакаш?!
- Хиерархијата ја има зададено сам Бог.
- Сакањето не е заповед, туку фабрички вградена човекова потреба.
- Ако сакам, можам да садам, ако сакам, можам да не сакам. Имам слободна на избор и на одлучување. Последиците неизбежно паѓаат на мојот грб...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Мое следно глупаво прашање.
Во Библијата наведено е убаво дека вештерството (во кое по таа логика спаѓаат и луѓето кои демек ни ја кажуваат судбината т.е. ни гледаат во иднината, комуницираат со духови и сл.) е забрането!
Дали според вас тоа е грев?
Од една страна работат за да преживеат, а од друга кршат религиозна норма!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom