И/му пративте порака - не реплицира (кој е следен чекор?)

  • Креатор на темата Креатор на темата Amateur
  • Време на започнување Време на започнување
Колку што е незрело и глупо да не се одговори на смс од удварачки карактер,
тродупло е понезрело и поглупо одговорот од култура или со пријателска конотација
кај другиот да резултира со ''in relationship'' статус на фејсбук и мисловно проектирање на денот на венчавкта.

Кој се има изгорено, знае. И ќе реагира како во случајот горе.
 
...Некој собрал храброст да ти пише порака, а ти ни да не се потрудиш да вратиш најпристојно.

Не е битен концептот, начинот и дали ќе е културен/а во пораката или не. Може и дрска и безобразна да е по содржина пораката ама према мене е битно да реплицира на недвосмислен и чист начин.
А не да остави некого да виси со воздух.
 
Напиши и една порака: Пристојно е да се врати на порака, не за друго се чувствувам како идиот без потреба.

И на ова ако не ти врати, најди ја во град и трасни и го мобилниот од глава. Крава :D
 
Си пратил порака и не ти одговиле, што значи тоа? какви теми се отвоараат не ми се верува, не е дека се работи за неискусни корисници, него се работи за неспособност за основна прецепција - користење на логика.
 
Не е што значи тоа, туку следен чекор. Мислам дека знае секој што значи да не ти вратат на „удварачка“ порака.

А и ако нема нови досадно е.
 
Станува збор за непочит и некултура.
Некој собрал храброст да ти пише порака, а ти ни да не се потрудиш да вратиш најпристојно. Е за тоа се работи. Јас ги отпишувам таквите луѓе, затоа што сметам дека си играат играчки и дека навистина покажуваат непочитување и желба да бидат молени и да бидат центар на внимание, a не заслужуваат да го добијат. Барем јас таквите одма ги отпишувам.

Не се согласувам, ако јас зборам со некого, и во дискусијата одлучам да почнам да зборувам на тема за која можеби тој/таа се осеќа непријатно, дали неговото прескокнување на одредени прашања, т.е. одговори треба да се смета за непочитување и некултура?

За мене нема никаква разлика од порака, и разговор во живо кога се работи за прашања за кои можеби едната страна се осеќа непријатно, за мене избегнување на одговор значи не.

Не е што значи тоа, туку следен чекор..

Следен чекор е прoдолжуавање понатака :)
 
Последно уредено:
Значи дефинитивно кога беше маршалот жив поубаво било
Му праќаш него честитка за роденден и долг живот на 25 мај и добиваш одговор на 27 мај.(со негов потпис се разбира)
А ова сега на што личи пратил а нема повратно(абе сега не смееш ни за лична карта да ја пуштиш сама внатре да се слика -разбра)
ние порано си праќавме нишани на љубената трак босилек по некој земљак кога ќе оди за село и со душа го чекавме да се врати,
а се враќаше секогаш со повратокот,парче пушеница завиткано во хартија од вреќа,троа ореви а понекогаш богами и плетени чорапи. па потоа си праќавме писма,натаму-наваму и никогаш ова не се десило да нема повраток,си знаеш кога свири трубата на поштарот,
трчаш на сред село,а обично е тоа кај селската чешма или бунар и го чекаш повратокот,а некогаш веднаш и го праќаш одговорот.
а и се испраќавме и дочекувавме пред и по возеви,црни долги со црвена петокрака напред,па и тие секогаш се враќаа , такво беше времето,поштено каде си застанал да испратиш-таму чекаш повраток,а тоа СМС,тоа беа испружените раце и вербата во живот.
Чка Анчо,го чекам денот коа ќе не бркаат нас жените .... они прв чекор да фатат .... ние да седиме ..... барем од удобна позиција да сме .... но не е така .... ние валканата работа ,прв позив,ти плати ,ти отвори ..... на крај бунар :D
 
Следен чекор е предолжуавање понатака :)

Ајде ајде млади се, можат до три пати да се обидат :)
Озбилно, не треба да се откажува некој на прва пречка. Али втората е веќе напињање. И биди паметен најди го одговорот. Ако сме ние да речеме во ситуацијата примач втората смс би ни била напињање и класично досаѓање. А ако сме испраќачи толку сме изигнорирани, што би посакале во следната порака се да си кажеме што ни лежи на срце. Али тоа е тој игнор што сите не изместува од место.

Патем оној што ја примил пораката секако дека мисли на неа како што рече Николо.
 
па добро,и одбивање и викање НЕ е нормална работа .... праша и продолжи ... како бизнис е .... си одговарате ,ок одлично .... не ок ..... продолжи и така , џабе не се вика додека не си ја најдеш личноста што ти одговара ... и брат ми беше ваков ист пљукнат .... додека не изгори од првiot пат и не сфати , сега со 4тата е ,а самоооо 19 години ..... јас , ќе дојде eden den :D
 
Јас кога поставив вакво прашање пола и повеке ме направија како сум желна за внимание, немам други приоритети во животот и на крај дека сум здодевна со пишувањето на пораки. Е сега некои овде се отворија како им било глупаво кога некој не им реплицира на нешто. Сега гледате како е? И овде ке напишам. Сите што глумат како им е сеедно и дека ке продолжат понатаму кога некој нема да им врати на порака не го мислат навистина тоа, всушност не се чувствуваат така... Ги копка прашањето: Зошто не ми врати на пораката, да не погрешив нешто?
Така да луге не се исмејувајте на тугите проблеми зошто постои веројатност истото да ве снајде...

Инаку...после втората и третата порака мораш да прекинеш да не бидеш нападен. Тоа јас го научив.. Ако си му потребен некому ке ти врати на првата порака... Ако немал/а кредит ке се снајде... ако не знае да напише ке праша некој и тако то иде.
Ајде да не филозофирам па да не ме нападнат повторно.:pipi:
 
И пишав дека сакам да ја сретнам уште еднаш ( или за последен пат ) пред една недела и уште ми нема вратено т.е ја има видено пораката во 5 часот сабајле и до ден денес чекам да ми реплицира ! :)

и како што одминува време ја губам желбата ...
 
За да видиш дали нешто има, стави слика со некоја женска (по можност другарка) и тагни ја нејзе на фб.
Со љубомора веднаш ќе упали, ако не упали одиш на друга
 
Јас кога поставив вакво прашање пола и повеке ме направија како сум желна за внимание, немам други приоритети во животот и на крај дека сум здодевна со пишувањето на пораки. Е сега некои овде се отворија како им било глупаво кога некој не им реплицира на нешто. Сега гледате како е? И овде ке напишам. Сите што глумат како им е сеедно и дека ке продолжат понатаму кога некој нема да им врати на порака не го мислат навистина тоа, всушност не се чувствуваат така... Ги копка прашањето: Зошто не ми врати на пораката, да не погрешив нешто?
Така да луге не се исмејувајте на тугите проблеми зошто постои веројатност истото да ве снајде...

Точно е дека не е сеедно, но не е точно дека треба да се праќаат повторно и упорно пораки, кога веќе е јасен одговорот, никој не ви го оспорува правото да се осеќате навредени, разочарани, суетата да ви е повредена, тука збориме за тоа што треба да се направи потоа.

За мене правиот избор е да се продолжи понатака, верувам дека тој избор треба да е важечки за сите. И за крај, ако некој на форум бара помош за лични приватни проблеми - поготово кога се работи за врски, мислам дека од старт прави грешка, никогаш нема да добиеш точен одговор, нити некој те знае тебе, нити ја знае другата страна, тука цела дискусија завршува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom