Sung choi Bao – превод на ова иде нешто ко прекрасна марула – Македонска верзија
Јадењето има повеќе верзии, некој од оригиналните состојки ги нема во МКД па еве мала адаптрација, fusion food кинески рецепт на мак начин... Се прави за 20тина мин...
Состојки-
Марула
2 лукчиња
500 грама мелено месо
2 исецкани кромидчиња
2-3 лути/благи пиперки
250 грама зеленчук
30 грама соја сос
1 кафено лажиче шекер
1 кафено лажиче кечап
1. На марулата и ги кинете лисјата и поединечно ги миете/покиснувате во ладна (по можност со мраз вода) и потоа ги ставате во фрижидер за да станат по крцкави. (Овој чекор не мора да се прави ама вака е поубаво).
2. Во поголема тава го запржувате ситно исецканото лукче (ако имате гумбур додајте и тоа одприлика исто ко лукчето, ова вреди додава на вкусот, ама не е морално) за 30тина секунди пред да го додадете меленото месо (ваш избор што е, јас го сакам со свинско или пилешко, вегетеријанците може и со печурки). Со дрвена лажица разбивајте го месото да не се грутчи. Мешајте така 5-6 минути дур месото не смени боја и почне да станува кафеаво.
Додајте исецкано кромитче (по можност младо) и лути пиперчиња и уште барем еден исецкан зеленчук (исецкајте се ситно). Оргиналниот рецепт е со морски костен (water chestnut) мегутоа добро оди со зрна пченка, сварен грав, бабура, печурки... За тие што сакаат нешто различно и ќе го конзумираат ова со пиво додајте кикирики. Ова се меша со месото 3-4 минути.
Во една поголема чаша измешај сос до соја 30мл (чашка од ракија), мало лажиче шекер и мало лажиче кечап. Да знам, звучи чудно ама имајте на ум дека кинезите ги мешаат сите вкусови за да дојдат до баланс така да trust me. Додајте во тавата и мешајте уште 1 мин (не повеќе, ова треба да е кусо).
Полнете ги лисјата и јадете дур е топло...